Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ - Канал 5

Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ

Според најновиот извештај на Европската комисија за трговијата со земјоделско-прехранбени производи во ЕУ, извозот во јануари годинава се зголемил за четири отсто на годишно ниво, споредено со истиот месец лани. 

Раст на извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ

Извозот на земјоделско-прехранбени производи од ЕУ во јануари 2025 достигна 19 милијарди евра, а увозот изнесуваше 16 милијарди евра, што резултираше со намалување на трговскиот суфицит во овој сектор на три милијарди, како резултат на раст на увозните трошоци.

Според најновиот извештај на Европската комисија за трговијата со земјоделско-прехранбени производи во ЕУ, извозот во јануари годинава се зголемил за четири отсто на годишно ниво, споредено со истиот месец лани.

Главен извозен пазар на земјоделско-прехранбените производи од ЕУ и натаму е Велика Британија, каде вредноста на пласираните стоки бележи годишен раст од четири проценти. По, Велика Британија, следува Швајцарија, каде европскиот извоз пораснал за 16 отсто, пред се поради зголемениот пласман на производи од какао.

Од друга страна, најголем пад бележи извозот во Кина и тоа за 13 отсто, главно поради драстичното намалување на продажбата на европските житни култури на кинескиот пазар.

Најголем раст се бележи во вредноста на извозот на кафе, чај, какао и зачини и тоа за 396 милиони евра или за 55 отсто. Ваквиот раст во периодот јануари 2024-2025 во најголема мерка се должи на повисоките цени на какаото и кафето на светските берзи. Вредноста на извозот на кондиторски производи и чоколада пораснал за 150 милиони евра или 18 отсто, а на млекото и млечни производи за 119 милиони евра или осум проценти.

Најголемо намалување на извозот има кај житните култури и тоа за 466 милиони евра или за 37 отсто , главно поради помалите извезени количества на пченица и пченка од ЕУ. Извозот на маслодајни семиња и протеински култури бележи намалување за 52 милиони евра или за 22 проценти, а на растителните масла за 40 милиони евра, односно за 17 отсто. И во овој случај падот на извозната вредност се должи на намалените количества на нивниот извоз.

Кога станува збор пак за увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ во јануари годинава, тој се зголеми за седум отсто на месечно и за 19 проценти на годишно ниво.

Најголем раст на вредноста бележи увозот на годишно ниво од Брегот на Слоновата Коска за 438 милиони евра или 77 отсто и од Гана за 233 милиони евра, што преставуваа зголемување за дури 153 проценти.

Од друга страна, најголем пад се бележи кај увозот од Бразил и тоа за 140 милиони евра или за 10 отсто и од Украина за 125 милиони евра или за девет проценти. Намалената вредноста на увозот од двете земји главно се должи на помалите количества на увезени маслодајни растенија и житни култури.

Најголем раст се бележи во вредноста на увозот на кафе, какао и зачини во ЕУ и тоа за 1,4 милијарди евра или 66 отсто, по што следуваат овошјето и јаткасти плодови. Ваквиот раст главно се должи на растот на нивните цени на глобални ниво, а не на зголемување на нивната побарувачка.

Пад на вредноста на увозот во ЕУ има кај маслодајните растенија, протеинските култури и шеќерот, како поради намалените увезени количества, така и поради нивните пониски цени./МИА

ФФМ го започна процесот за измена на Статутот

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во соработка со УЕФА и ФИФА, денеска во Скопје го започна најавениот процес на промена на Статутот на Федерацијата.

ФФМ го започна процесот за измена на Статутот

Формирани се работни групи составени од претставници на ФФМ, УЕФА и ФИФА, кои веќе активно работат на изработка на првичната драфт верзија на новиот Статут. Мариана Трандафир - специјалист за управување со национални асоцијации, Енио Боволента - правен советник за статутарни и регулаторни прашања и Денис Бастари - менаџер на програмата „HatTrick“ се претставници на УЕФА, додека Емили Дом - раководител на активности поврзани со управување на национални асоцијации е преставник на ФИФА.

Процесот се води согласно домашната законска рамка и регулативите на меѓународните фудбалски тела, со цел да се создаде модерен и функционален акт што ќе ја унапреди внатрешната организација и функционирањето на Федерацијата.

-„Верувам дека конечно Фудбалската федерација на Македонија ќе направи исчекор напред и ќе започне со процесот на измена на Статутот. Овој процес е едно од нашите последни ветувања и искрено, се надевам дека на почетокот на 2026 година ќе имаме нов, усвоен статут, изготвен согласно реалните можности во нашата држава.

Наша цел е да изградиме вистински фудбал, вистинска фудбалска организација и заедница на локално ниво. Согласно тоа, новиот статут ќе биде завршен чекор во овој процес и ќе биде усогласен со стандардите на ФИФА и УЕФА. Искрено ја цениме вашата поддршка и се надеваме дека нашата соработка во оваа насока ќе биде успешна. Конечно, по повеќе од 15 години, ќе добиеме целосно нов статут, со нова организациска структура и современа систематизација на ФФМ.“, истакна Масар Омерагиќ - претседател на Фудбалската федерација на Македонија:

Со овој процес започнува ново, суштинско поглавје за Фудбалската федерација на Македонија, кое треба да обезбеди поголема отчетност, ефикасност и вклученост на сите засегнати страни во фудбалската заедница. Очекуваме инклузивна и продуктивна работа на сите учесници и донесување на документи кои ќе го осигураат долгорочниот развој на македонскиот фудбал.

ЕУ се договори со Израел за проширување на испораките на хуманитарна помош во Газа

Европската Унија постигна договор со Израел за проширување на испораката на хуманитарна помош во Газа, објави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

ЕУ се договори со Израел за проширување на испораките на хуманитарна помош во Газа

Калас напиша на „X“ дека ќе бидат отворени повеќе влезови во Газа и дека ќе влезат повеќе камиони со помош и храна.

Таа додаде дека очекува Израел да ги спроведе сите договорени мерки, кои треба да стапат во сила „во наредните денови“.

Беше договорено дека ќе се поправи виталната инфраструктура и дека хуманитарните работници ќе бидат заштитени. Се предвидува дека патиштата преку кои се доставува помош од Јордан и Египет, исто така, ќе бидат повторно отворени, а прехранбените производи ќе се дистрибуираат преку пекари и народни кујни низ целиот Појас Газа, се вели во текстот.

Испораката на гориво до хуманитарните организации ќе продолжи, „до оперативно ниво“.

Во наредните денови, Калас треба да им достави на земјите-членки на ЕУ список на можни мерки што треба да се преземат по одлуката за преиспитување на Договорот за асоцијација меѓу Израел и ЕУ.

Во извештајот на Европската комисија до министрите за надворешни работи од крајот на јуни се оценува дека Израел го прекршил Член 2 од договорот - за почитување на човековите права.

Затоа, некои земји од ЕУ побараа барем делумно суспендирање на Договорот за асоцијација со Израел, иако неколку земји се спротивставија на ова.

Во Битола ќе бидат ангажирани 30 невработени лица, идни пожарникари

Општина Битола објави повик за ангажирање на 30 невработени лица кои ќе бидат вклучени во работтата на Територијалната против пожарна единица.

Во Битола ќе бидат ангажирани 30 невработени лица, идни пожарникари

Од секторот за односи со јавност соопштија дека ангажманот е во функција на заштитата и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво, односно пошумување.

Работното ангажирање на невработените лица ќе биде реализирано за период од најмногу пет месеци, а кандидатите кои ќе бидат избрани ќе добиваат месечен надоместок од 24.000 денари со вклученоосигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа.

притисни ентер