Распродадени билетите за баражот за ЕП 2020, Македонија – Косово

Влезниците за арената „Тодор Проески“ за полуфиналниот бараж од фудбалската Лига на нации меѓу Македонија и Косово се распродадени, официјално информираше Фудбалската федерација на Македонија.

На 26 март нашиот национален тим пред полни трибини на арената во Скопје ќе го нагости составот на Косово во полуфиналниот бараж за пласман на ЕП 2020. Секако доколку актуелната ситуација со коронавирусот тоа го дозволи, натпреварот да се игра со публика.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска порача дека  се следи  состојбата, но ако лично тој се прашува натпреварот Македонија – Косово треба да се игра без публика.

„Сите спортски натпревари, вклучително и Македонија-Косово, според мене треба да се играат без публика. Да бидеме внимателни, очекуваме на меѓународни натпревари да има гости од странство,“ – изјави денеска на прес конференција министерот за здравство на Макеодонија, Венко Филипче.

Билетите за натпреварот Македонија - Косово можеа да се купат само поединачно со валидна лична карта или пасош.

притисни ентер