Расел Бренд обвинет за пет сексуални прекршоци, судењето почна - Канал 5

Расел Бренд обвинет за пет сексуални прекршоци, судењето почна

Комичарот и глумец Расел Бренд е ослободен со кауција на краткото рочиште во Судот на Вестминстер. 

Расел Бренд обвинет за пет сексуални прекршоци, судењето почна

Откако минатиот месец беше обвинет за пет казнени дела од сексуална природа, денеска на британскиот актер му беше дозволено да остане на слобода до следното рочиште, закажано за 30 мај во лондонскиот Висок кривичен суд.

Обвиненијата против него беа прочитани, но Бренд (49) го искористи правото на молчење. Тој проговори само за да го потврди своето име и датумот на раѓање. Притоа, глумецот е обвинет за сексуален напад, силување, присилен орален секс, непристојно допирање... Обвинението за силување се однесува на наводен случај од 1999 година, а принудниот орален секс наводно се случил во јули 2004 година.

YouTube video

Бренд се појави во Судот во црна кошула и фармерки, со лицето делумно прекриено со очила за Сонце. Рочиштето заврши по вкупно 12 минути.

Глумецот, кој има три деца со својата сопруга Лора, веќе ги отфрли наводите за вклученост во „неконсензуални врски“. Во неодамнешно видео објавено на „Икс“, тој рече:

- Никогаш не сум бил силувач. Никогаш не сум бил вклучен во нешто што не е добиено со согласност... Со нетрпение ја очекувам можноста да ја бранам својата невиност на суд.

Комичарот, кој важи за британска ѕвезда, во своите видеа се заблагодарува за можноста да се брани од сите тие обвинувања на Суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија падна две места на новата ФИФА листа

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија по ремито на пораз на последните две пријателски средби забележа пад на листата на ФИФА на најдобри светски селекции. 

Македонија падна две места на новата ФИФА листа

По ремито со Босна и Херцеговина во Сараево и високиот пораз на гостувањето кај Турција, македонската фудбалска репрезентација направи пад за две места на најновата ФИФА листа. Македонија сега се најде на 69. место на светската ранг-листа на најдобри фудбалски репрезентации so 1369.16 поени.

Пред нас се најдоа Зеленортските острови, како и Обединетите Арапски Емирати, а и Босна и Хрецеговина напредуваше до 64. место.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: ЕУ, Кошта и Вајц го потврдија СДСМ, сите лаги на Мицкоски се разобличени

Од највисоко европско ниво пристигнаа јасни и недвосмислени потврди за сето она што СДСМ го говори со месеци наназад – сите лаги на Мицкоски се разобличени.

СДСМ: ЕУ, Кошта и Вајц го потврдија СДСМ, сите лаги на Мицкоски се разобличени

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, јасно порача дека уставните измени се единствениот услов за формално отворање на преговорите со Европската Унија.

Лагите со кои Мицкоски ги манипулираше граѓаните се потопени.

Во исто време, Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои извештајот на Томас Вајц за Македонија, во кој се констатира недоволен напредок во реформите, особено во владеењето на правото, правосудството и борбата против корупцијата.

Ова е директна потврда дека Владата на Мицкоски не спроведува реформи.

Наместо независни институции, сведочиме на политички притисоци врз правосудството, јавно мешање во работата на обвинителството и обиди за партиска контрола врз институциите.

Извештајот на Вајц дополнително предупредува и на странско непријателско влијание и кампањи за дезинформации кои ја поткопуваат демократијата.

Тоа е уште една потврда за она на што СДСМ предупредува со месеци – дека антиевропските наративи, дезинформациите и евроскептицизмот не се случајни, туку дел од организирана кампања по примерот на Вучиќ и сестринската партија на ВМРО-СНС.

Додека Мицкоски и неговата пропагандна машинерија шират стравови и лаги за наводно загрозување на идентитетот, јазикот и културата, вистинската цел е да се задржи државата во изолација и да се спречи европската интеграција.

Лажниот патриотизам служи само како параван за неспособноста, корупцијата и отсуството на реформи. Наместо напредок кон Европа, Македонија е заглавена со кримимална група на власт.

Денес е кристално јасно: со Христијан Мицкоски и ВМРО нема Европа, нема реформи и нема подобар животен стандард.

Дури и во последниот заеднички документ (position paper) на владите на Берлин и на Париз се Копенхашките критериуми. Значи без реформи и исполнување на единствениот услов за внесување на малцинствата во уставот нема продолжување на преговорите со ЕУ. Уште една потврда на тоа што го говори СДСМ.

Затоа, реформи сега. Европа сега.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Пожарот предизвикал огромна штета на најголемиот и најновиот американски носач на авиони

Видеата открија сè: Делови целосно уништени ....

Видео: Пожарот предизвикал огромна штета на најголемиот и најновиот американски носач на авиони

Ексклузивни снимки добиени од CNN покажуваат обемна штета на најголемиот и најновиот американски носач на авиони, USS Gerald R. Ford, откако избувнал пожар на бродот.

Според извори, инцидентот се случил поради дефект на системот за гаснење пожар на бродот, објавува CNN. Кога во март избувна пожар на најголемиот воен брод во светот, среде воените операции против Иран, американската морнарица ја увери јавноста со кратко соопштение.

Таа тврдеше дека пожарот бил брзо „локализиран“, дека двајца морнари биле згрижени за „повреди кои не се опасни по живот“ и дека масивниот носач на авиони останал „целосно оперативен“.

Сепак, нови видео снимки до кои дојде Си-Ен-Ен откриваат дека драмата во Црвеното Море била многу поопасна, а штетата многу поголема отколку што Пентагон сакал да признае.

Снимките од внатрешноста на бродот покажуваат дека кабините каде што спиеле морнарите биле целосно уништени.

Од креветот останале само изгорените, извиткани метални решетки под таванот, кој буквално бил проголтан од елементот на оган. Од таванот висат оголени жици, а подовите на спалните соби се покриени со купишта пепел.

YouTube video

„Сериозно мислев дека ќе го изгубиме бродот“, изјави за Си-Ен-Ен еден морнар од „УСС Џералд Р. Форд“, опишувајќи го пеколот низ кој поминале додека се бореле со пожарот.

„Во таква ситуација имате само два избора - борете се или умрете“. За да биде уште полошо, вградениот систем за автоматско гаснење пожар воопшто не работел, па морнарите морале френетично да импровизираат сами за да спасат животи и да спречат потонување, потврди за Си-Ен-Ен висок американски функционер запознаен со инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер