Раониќ не го мина второто коло на УС Опен - Канал 5

Раониќ не го мина второто коло на УС Опен

Петтиот носител на тенискиот Грен слем во Њујорк, Милош Раониќ од Канада ги заврши своите настапите веќе во 2.коло, откако синоќа загуби од Рајан Харисон (САД) со 3-1 во сетови.

Раониќ не го мина второто коло на УС Опен
За разлика од Раониќ, пласман во следната фаза од фаворитите обезбедија првиот носител Новак Ѓоковиќ и четвртиот носител Рафаел Надал.

Србинот во 3.коло се пласира без борба, бидејќи неговиот противник Јиржи Весели (Чешка) се повлече од турнирот поради повреда на левата рака.

Немаше тешка задача ниту Надал кој со максимални 3-0 (6:0, 7:5 и 6:1) го победи Андреас Сепи од Италија.

Изненадување се случи и на женскиот дел од турнирот. Елиминирана е третата носителка Гарбине Мугуруза (Шпанија), која загуби од Летонката Анастасија Севастова со 2-0 во сетови. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 15 возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници. 

Лишени од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 15 возеле без возачка дозвола, од кои двајца малолетници

Пет лица во Гостивар, од кои еден е малолетник, а еден учествувал во претходна сообраќајна незгода, четири лица во Скопје, две лица во Кичево од кои еден малолетник и по едно лице во тетовско, Кривогаштани, Прилеп и Битола. Под дејство на алкохол возело едно лице во Делчево. Додека пак, по едно лице во Кичево и Кавадарци возеле со забрана за управување на моторно возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлогот на разрешување и избор на членовите на Владата е пристигнат во Собранието

Предлогот за разрешување и избор на членовите на Владата е пристигнат во Собранието. 

Предлогот на разрешување и избор на членовите на Владата е пристигнат во Собранието

Седницата е закажана за понеделник 13 јули, со почеток од 11 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Во тек е тампонирањето на новиот кружен тек на Северен Булевар

​Градежните работи на новиот кружен тек на Северен Булевар напредуваат според предвидената динамика, а со секој нов чекор проектот се приближува до својата завршница.

Јанчев: Во тек е тампонирањето на новиот кружен тек на Северен Булевар

Со завршувањето на кружниот тек ќе се создадат подобри услови за одвивање на сообраќајот, ќе се намалат застојите и ќе се овозможи побезбедно и поефикасно движење за сите учесници во сообраќајот.

Продолжуваме посветено да реализираме проекти што носат трајни придобивки за граѓаните, стои во објавата на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер