Рамос: Ќе се борам до смрт за победа против Реал Мадрид - Канал 5

Рамос: Ќе се борам до смрт за победа против Реал Мадрид

Повторената ждрепка во Лигата на шампионите ги спои Реал Мадрид и Пари Сен Жермен во првата нокаут рунда од натпреварувањето.

Рамос: Ќе се борам до смрт за победа против Реал Мадрид

Тоа значи дека долгогодишниот капитен на тој шпански клуб Серхио Рамос се враќа во Мадрид. Тој тврди дека не го радува тоа, туку дека ќе го даде максимумот против поранешниот клуб.

„Прво го извлековме Манчестер Јунајтед, повеќе сакав да остане така, но враќањето на Сантијаго Бернабеу е причина за среќа. Не успеав да се поздравам со навивачите поради коронавирусот. Судбината знае да се пошегува “, изјавил Рамос, кој за мадридскиот клуб играше од 2005 година до крајот на минатата сезона.

„Сега сум во ПСЖ и мојата работа е да го бранам. Тоа е клуб кој се коцкаше кога ме зеде и ќе се борам за него до смрт“, додаде тој.

Поради повреди и опоравување, Рамос оваа сезона одиграл само еден натпревар за парискиот клуб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова анкета пред француските претседателски избори: Во водство крајната десница

Франција следната пролет ќе избере нов претседател. Првиот круг од претседателските избори е закажан за 18 април 2027 година, а вториот круг ќе се одржи на 2 мај 2027 година. 

Нова анкета пред француските претседателски избори: Во водство крајната десница

Актуелниот претседател Емануел Макрон не може повторно да се кандидира откако отслужи два последователни мандата. Меѓу клучните кандидати кои веќе ја објавија својата намера да влезат во трката се Марин Ле Пен, лидерка на крајно десничарското „Национално обединување“; Жан-Лик Меланшон, лидер на крајно левичарското движење „Непокорна Франција“; и Едуар Филип, поранешниот премиер на Макрон.

Најновите анкети покажуваат дека Ле Пен е во водство, додека Меланшон би завршил на второто место во повеќето од испитаните сценарија. Резултатите укажуваат на растечка поделеност меѓу француските гласачи додека ерата на Макрон се ближи кон крајот.

Според анкетата на „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена меѓу 8 и 10 септември, Ле Пен би освоила меѓу 33 и 36 отсто од гласовите во првиот круг. Меланшон би се пласирал во вториот круг во најмалку три од петте испитани сценарија.

Според истата анкета, Ле Пен убедливо би го победила во вториот круг. Поранешниот премиер на Макрон, Едуар Филип, е единствениот кандидат од десниот центар кој се пласира пред Меланшон во едно од испитаните сценарија, додека во друго тие се израмнети. Сите други кандидати од десниот центар би завршиле зад Меланшон во секое сценарио.

Вториот и последен последователен мандат на Макрон се ближи кон крајот. „Ројтерс“ забележува дека тој зад себе остава ослабен политички центар и трома економија, што создава повеќе простор за партиите од крајната левица и крајната десница, како што се LFI на Меланшон и „Националниот собир“ на Марин Ле Пен. Меланшон досега трипати се кандидирал за претседател – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг.

Во мај оваа година, тој потврди дека ќе се кандидира по четврти пат во 2027 година. И Ле Пен учествувала на последните три претседателски избори. Таа стигна до вториот круг во 2017 и 2022 година, но во двата наврати беше поразена од Макрон. Во јули, таа потврди дека повторно ќе се кандидира во 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска на презентацијата на новиот болид на MES Racing: Македонските студенти покажуваат дека имаат знаење за големата инженерска сцена

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини присуствуваше на официјалната презентација на новиот болид на MES Racing, македонскиот Formula Student тим составен од млади инженери и студенти.

Божиновска на презентацијата на новиот болид на MES Racing: Македонските студенти покажуваат дека имаат знаење за големата инженерска сцена

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини присуствуваше на официјалната презентација на новиот болид на MES Racing, македонскиот Formula Student тим составен од млади инженери и студенти кои во текот на изминатата година посветено работеа на неговиот развој.

На настанот, кој се одржа во амфитеатарот на Машинскиот факултет во Скопје, тимот ги претстави резултатите од изминатата сезона, процесот на работа и новиот болид, по што следуваше и негово демонстративно возење.

За министерката Божиновска, ваквите проекти се најдобар пример дека Македонија има млади луѓе со знаење, амбиција и капацитет да создаваат сложени инженерски решенија и да се натпреваруваат на меѓународната сцена.

„Македонија има иднина. А нејзината иднина се младите. Денес видовме што се случува кога знаењето, идеите, храброста и истрајноста ќе добијат поддршка. Овој болид не е само технички производ – тој е резултат на знаење, тимска работа, посветеност и многу часови вложен труд на овие млади луѓе“, истакна министерката Божиновска.

Таа посочи дека инвестицијата во младите инженери, науката, техничкото знаење и иновациите е инвестиција во македонската економија и индустрија, затоа што токму вакви кадри се потребни за создавање современа, конкурентна и технолошки напредна економија.

„Како институции мораме да бидеме поддршка за младите кои создаваат. Нашата задача е да им помогнеме нивното знаење и идеи да добијат можност да се развиваат и да станат дел од реалниот индустриски и економски развој. Не смееме да дозволиме талентот да остане само потенцијал – треба да создадеме услови тој да се претвори во резултат“, порача Божиновска.

Особено значење има фактот што на проектот работат студенти од различни области, кои низ практична работа ги применуваат своите знаења од инженерството, машинството, електротехниката и други дисциплини, функционирајќи како вистински инженерски тим.

По презентацијата, министерката Божиновска доби благодарница од тимот MES Racing за досегашната поддршка.

„Јас, пак, им благодарам ним – затоа што покажуваат дека младите не се само иднината на Македонија. Тие се нејзиниот сегашен потенцијал. Продолжете да создавате, продолжете да поместувате граници. Македонија има потреба од вас“, порача министерката.

MES Racing е првиот и единствен македонски Formula Student тим, а преку своето учество на меѓународни натпревари ги претставува Македонија, македонското студентско инженерство и потенцијалот на младите инженери.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на поддршката на младите, науката, иновациите и инженерските иницијативи, како важен дел од создавањето нови знаења, современи технологии и кадри кои ќе ја движат македонската економија напред.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова ескалација во близина на Ормускиот Теснец – има загинати!-Погоден ирански трговски брод!

Ирански трговски брод бил погоден рано утринава во близина на островот Кешм, во близина на Ормускиот Теснец, во нападот загина едно лице, а тројца се повредени, објавија иранските државни медиуми.

 Нова ескалација во близина на Ормускиот Теснец – има загинати!-Погоден ирански трговски брод!

Британската агенција за поморски трговски операции (UKMTO) соопшти дека бродот бил погоден од проектил додека минувал низ Ормускиот Теснец, без да наведе дополнителни детали. Засега нема соопштение од американската војска, која претходно ги блокираше иранските пристаништа и ги напаѓаше бродовите што пловеа под иранско знаме.

Нападот врз иранскиот брод се случува во време кога продолжуваат тензиите околу овој воден пат, кој се сметаше за меѓународен пред САД и Израел да започнат војна против Иран на 28 февруари оваа година.

Иран објави дека министрите за надворешни работи на земјите од регионот денес ќе се состанат за да разговараат за напорите на Иран и Оман – земја што се наоѓа на спротивната страна од Ормускиот Теснец – во управувањето со поморскиот сообраќај што се одвива низ него.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер