Рама: Се надевам исходот од дебатата ќе биде позитивен, во спротивно ќе бараме одвојување од МК - Канал 5

Рама: Се надевам исходот од дебатата ќе биде позитивен, во спротивно ќе бараме одвојување од МК

Премиерот Еди Рама предупреди дека доколку не се отворат преговорите за Албанија, следниот ден ќе се бара „одвојување од македонско-бугарското прашање“.

Рама: Се надевам исходот од дебатата ќе биде позитивен, во спротивно ќе бараме одвојување од МК

-Се надевам дека резултатот од дебатата во Парламентот на Македонија ќе биде позитивен. Ако е така, Конференцијата дефинитивно ќе биде свикана наскоро. Доколку не биде позитивен, веднаш следниот ден ќе продолжиме да бараме одвојување на Албанија од бугарско-македонското досие. Дефинитивно сме убедени дека Албанија треба да ги отвори преговорите оваа година без дискусија. Сега да го почекаме крајот на оваа маратонска дебата што се очекува да се одржи во парламентот на РМ, рече Рама на заедничката прес-конференција во Валона со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Оливер Вархеји.

Посакувам, додаде тој, парламентот на Македонија да го „отвори патот за предлогот на Франција и двете земји да влеземе во преговори“.

-Но, ова, како што вели и еврокомесарот, не е нешто што го одлучуваме ние, туку суверениот парламент на Македонија. Сакам уште еднаш да истакнам дека му благодарам на комесарот за почитувањето на интеграцијата и финансискиот аспект на Балканот. Нема само патишта туку и железници. Ќе побараме поддршка за новото пристаниште Драч. Побаравме поддршка од инвестицискиот пакет на НАТО, рече тој

Во понеделникот координаторот на пратеничката група на албанската владејачка Социјалистичка партија и генерален партиски секретар, Таулант Бала, изјави дека Првата меѓувладина конференција со Албанија „ а се надева и со Македонија“, ќе се одржи следната недела 19-20 јули, што, како што оцени е добра вест. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лос Анџелес Клиперс му врачи отказ на Богдан Богдановиќ!

НБА тимот Лос Анџелес Клиперс го отпуштија Богдан Богдановиќ, кој сега е официјално слободен агент. 

Лос Анџелес Клиперс му врачи отказ на Богдан Богдановиќ!

Тие одлучија да ја активираат тимската опција за центарот Брук Лопез во вредност од 9.200.000 долари, потврдувајќи ја намерата на франшизата да го задржи.

Според американскиот инсајдер Џек Фишер, клубот нема да ги користи опциите во договорите на Никола Батум и Богдан Богдановиќ, кои стануваат слободни агенти.

ЛА Клиперс имаа опција да активираат уште една година од договорот на српскиот кошаркар и да го задржат, но одлучија да не ја искористат.

Станува збор за тимска опција вредна 16 милиони долари за следната сезона, која клубот не ја активираше, па Богдановиќ отсега ќе има статус на слободен агент.

Французинот Никола Батум имаше опција вредна 5,9 милиони долари. Иако беше стандарден и корисен дел од ротацијата, Клиперси се одлучија за финансиска флексибилност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес во БиХ

Земјотрес со магнитуда од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово, 30 јуни, во 6:18 часот во близина на Зеница, Босна и Херцеговина.

Земјотрес во БиХ

Според податоците на EMSC, епицентарот бил на 11 км од Зеница, на длабочина од седум километри.

Ова се класифицира како плиток земјотрес, кој, и покрај помалата магнитуда, може да се почувствува на пошироко подрачје.

Сè уште нема информации за материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џа Морант трејдуван во Портланд

Една од најголемите размени летово во НБА е официјализирана.

Џа Морант трејдуван во Портланд

Џа Морант повеќе не е член на Мемфис Гризлис, туку ќе ја продолжи својата кариера во Портланд Треил Блејзерс.

Во спротивна насока, заминуваат Џерами Грант и Крис Мареј, со што завршува седумгодишната ера на Морант во Мемфис.

Морант беше избран како втор избор на НБА драфтот во 2019 година и брзо се етаблираше како еден од најатрактивните бекови во лигата. Тој ја освои наградата за дебитант на годината во својата прва сезона, додека две години подоцна беше прогласен за играч со најголем напредок. Многумина го гледаа како идното лице на НБА, но следеа бројни проблеми.

Сериозни повреди, вклучувајќи ја и најновата поради која играше само 20 натпревари минатата сезона, го забавија неговиот развој. Покрај тоа, неколку инциденти надвор од теренот резултираа со суспензии и му го нарушија односот со раководството на Мемфис.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер