Напаѓачот во Краков е полски државјанин, луѓето се собраа околу него- уби 6 минувачи и рани 15 (ВИДЕО)
2Напаѓачот во Краков е полски државјанин, луѓето се собраа околу него- уби 6 минувачи и рани 15 (ВИДЕО)
БалканРама: Однесувањето на Курти не води до целта, пристапот на Приштина му помага на БелградВо интервју за Еј-Би-Си Њуз Рама изјави дека пристапот на Приштина и помага на Србија, бидејќи, според него, Србија станува жртва во очите на целата меѓународна заедница и на косовските пријатели и партнери, пренесува Косово онлајн.Премиерот на Албанија Еди Рама, во врска со обвинувањата на косовската Влада кон специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, рече дека тоа се работи кои „оставаат без зборови“ и кои предизвикуваат поголема штета, наместо да ја подобрат ситуацијата, наведувајќи дека патот што го избра Албин Курти не е патот до целта. Во интервју за Еј-Би-Си Њуз Рама изјави дека пристапот на Приштина и помага на Србија, бидејќи, според него, Србија станува жртва во очите на целата меѓународна заедница и на косовските пријатели и партнери, пренесува Косово онлајн. - Реакцијата на премиерот Курти пред неколку дена беше без преседан. Не се сеќавам на сличен случај, висок претставник на Косово директно да го обвини претставникот на ЕУ и да каже дека испратил писмо со жалба до функционерите, (германскиот канцелар Олаф) Шолц и (францускиот претседател Емануел) Макрон. Тоа се работи што ве оставаат без зборови и дополнително го оштетуваат она што наводно се обидуваат да го поправат, бидејќи теориите на заговор за соработка што ја откривте меѓу Србија и специјалниот пратеник на ЕУ, не е нешто што е препорачливо да се направи, рече Рама. Тој потенцира дека не се сомнева во желбата на Курти да го направи најдоброто за Косово, но никогаш не се доволни големата желба и добрата волја, потребна е стратешка визија за да се постигне целта, која овде Рама не ја гледа. На изјавата дека е малку парадоксално тоа што Албанија претседава со Советот за безбедност, но е немоќна да влијае на Приштина, Рама одговара дека не сака да влијае на Приштина, бидејќи таму има Влада која произлегува од волјата на народот и која има одговорност да го води Косово и да го избере патот до целта. - Заклучокот е дека мислиме дека патот што го избраа не води до постигнување на таа цел, туку води до судир со САД и ЕУ. Ова е тажно, но верувам дека е привремено, рече Рама. За него, извесно е дека тоа не го носи посакуваниот резултат за Косово, а тоа е завршување на процесот на нормализација, а потоа и излез од „ќорсокакот на признавањето“, пред се меѓу земјите од ЕУ. - Тоа е и целта на француско-германскиот план и тоа требаше да биде најголемото можно достигнување, што ќе беше де факто признавање од Србија, без разлика дали Србија формално ќе го признае Косово или не. Косово би го добило своето место, би се ослободило од товарот на конфликтот во продолжувањето на евроинтегративниот процес. ЕУ инсистира на процесот на нормализација бидејќи сакаат да го интегрираат Косово во целата структура на меѓународната организација, и во самата Унија, што никогаш нема да се случи ако Косово не го реши овој проблем, потенцира Рама. На прашањето дали мисли дека Србија има корист од оваа ситуација, албанскиот премиер вели дека е жално што пристапот на Приштина и помага на Србија, а не на самото Косово, бидејќи ја прави жртва Србија во очите на целата меѓународна заедница. - Србија игра игра, бидејќи кратковидната политика на Приштина и дава можност за тоа, рече Рама. На прашањето дали разговарал за независноста на Косово со украинскиот претседател Володомир Зеленски, тој одговори дека „патот до конечното признавање на Косово минува низ Приштина“. - Несомнено, разговаравме за тоа со претседателот Зеленски и за тоа во секое време разговараме со секој лидер кој претставува земја што не го признала Косово, но од друга страна, ние сме многу јасни и убедени дека патот до конечното признавање на Косово не оди преку Украина или Гана, Нигерија, туку минува низ самата Приштина, која мора да се потруди до крај, да го искористи отворениот пат на голема можност создаден од француско-германскиот план, со поддршка на сојузниците. Приштина е таа што мора да разбере дека не го користи овај темел на пријателство, туку го поткопува со пристап што јас не го разбирам, рече Рама. Тој оцени и дека залудни се напорите на „Србија и Русија“ повторно да се отвори прашањето за Косово во Обединетите нации. Косово ја доби војната, вели тој, а Меѓународниот суд го потврди тоа. - Тоа се залудни, пропагандни напори, но не водат никаде. Косово ја доби војната, Косово доби потврда и од самиот Меѓународен суд и тоа е неповратно. Поентата е дека Косово не е способно да издејствува мир, да го претвори мирот во добро што треба да биде меѓународно потврдено и развиено во сите правци, потенцира Рама во интервјуто за Еј-Би-Си њуз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД нудат 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма Соединетите Американски Држави нудат награда до 20 милиони долари за информации за нуклеарната програма на Иран, вклучувајќи информации за научници, персонал, технологии, објекти и сродни организации.Стејт департментот, преку својата програма „Награди за правда“, ги повика сите што имаат информации да ги достават преку апликацијата Signal или безбедната телефонска линија Tor, велејќи дека би можеле да имаат право на парична награда и преместување, објави Fox News. „Владата на САД останува посветена на спротивставување на секој обид на Иран да развие програма за нуклеарно оружје“, се вели во соопштението на платформата за социјални медиуми X. Објавата доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп размислува за обновени воени напади врз Иран, додека Вашингтон и Техеран продолжуваат разговорите за нуклеарната програма на Иран. Трамп во петокот повтори дека на Иран никогаш нема да му биде дозволено да има нуклеарно оружје, а еден ден претходно се состана со својот тим за национална безбедност за да разговара за можноста за продолжување на нападите. „Дали сакаме да ги продолжиме нападите за да се осигураме дека нуклеарната програма на Иран ќе биде уништена и дека тоа никогаш повеќе нема да се случи? Подобро би сакал да избегнам уништување на остатокот од Иран, но можеби сè уште ќе можам да го направам тоа“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба. Централната команда на САД ги финализира подготовките за евентуално продолжување на големите воени операции во Иран, но сè уште не добила нова директива од Вашингтон, според американски функционер. Како што објави „Фокс њуз“, високи американски функционери изјавија дека младата месечина на 9 ноември, која носи малку или воопшто нема месечина, би можела да обезбеди поволни услови за воени операции.Тагови: нуклеарна програма Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРасел Бренд е сместен во озлогласен затвор- бил престрашен Британскиот актер и комичар Расел Бренд (51) се соочува со можност за долга затворска казна откако беше прогласен за виновен за силување на една жена и сексуален напад на три други.Неговиот случај предизвика бран реакции во Велика Британија, особено поради начинот на кој жртвите на сексуален напад се третираат на суд. По пресудата, се зголемуваат повиците за промени во законските правила што ги регулираат судењата за силување. Причина за ова беа некои од тврдењата изнесени за време на одбраната на Бренд, за кои шефот на лондонската метрополитенска полиција, Сер Марк Рол, рече дека се опасно блиску до обвинување на жртвата. Тој предупреди на широко распространетите предрасуди за тоа како треба да се однесува лице кое преживеало сексуален напад, нагласувајќи дека не постои универзален одговор на такво искуство. - Некои луѓе ќе се борат, некои ќе се замрзнат од страв. Некои веднаш ќе кажат некому што се случило, додека други ќе молчат со години. Нема еден начин да се одговори, рече Рол. Тој ја поддржа иницијативата на комесарката за права на жртвите, Клер Ваксман, која се залага судиите да имаат законска обврска да ги информираат поротниците за митовите и заблудите за силувањето и однесувањето на жртвите. Според нејзиниот предлог, ваквите предупредувања треба да бидат составен дел од секое судење за силување, а иницијативата би можела да биде вклучена во законот за судови и трибунали. Роле, исто така, очекува дека по пресудата на актерот, повеќе жени би можеле да бидат охрабрени да се јават доколку преживеале сексуално насилство. Расел Бренд е во озлогласен затвор Додека чека понатамошен развој на судскиот случај, Расел Бренд е во затворот Вандсворт, во југозападен Лондон, кој е познат по своите многу тешки услови. Поранешниот тенисер Борис Бекер претходно зборуваше за овој затвор, откако отслужи казна таму откако беше осуден за прикривање средства во вредност од околу 2,5 милиони фунти за да избегне плаќање долгови по прогласувањето банкрот. Потсетете се дека Бекер беше осуден на две и пол години затвор во 2022 година, а подоцна опиша колку тешко му било времето зад решетки. Тој рече дека бил опкружен со осуденици за најтешки кривични дела, вклучително и убијци, и дека еден затвореник дури му се заканил со смрт. - Вандсворт е навистина голем, многу валкан и исклучително опасен затвор. Има убијци, педофили, дилери на дрога, среќавате секакви луѓе. Сè се сведува на преживување. Кога ќе излезете од ќелијата, мора да се грижите за себе, бидејќи чуварите нема да го сторат тоа наместо вас - претходно рече Бекер. Поранешниот шампион на Вимблдон призна дека на почетокот се обидел да избегне контакт со очите со другите затвореници и да се држи настрана за да избегне проблеми. Жена во скандалот проговори на Би-Би-Си По пресудата на Бренд, се огласи и Џорџина Бејли, жената во центарот на скандалот Саксгејт во 2008 година. Во тоа време, Расел Бренд и водителот Џонатан Рос оставаа несоодветни и навредливи пораки на телефонската секретарка на нејзиниот дедо, актерот Ендру Сакс, познат по улогата во серијата „Фолти Тауерс“. Нивните пораки предизвикаа огромен јавен негод, што го натера Бренд да го напушти Би-Би-Си Радио 2, додека Рос беше суспендиран три месеци. Скандалот, исто така, доведе до промени во начинот на кој британскиот јавен сервис ја контролираше содржината на своите програми. Џорџина сега изјави дека верува оти правдата е задоволена по пресудата на Бренд. - Иако никогаш не ме силувал ниту нападнал, како што секогаш сум велела, не знаев што се случувало зад затворени врати меѓу него и жените што го обвинувале. Нивните сведоштва беа убедливи. Тој беше прогласен за виновен и сега сакам да ја исправи неправдата што ја направил - рече таа. Расел Бренд е татко на три деца, а за време на судењето, кое траеше речиси четири недели, поротата размислуваше околу осум часа пред да донесе одлука за неговата вина. Според британските медиуми, кратко пред да биде објавена пресудата, Бренд ѝ се обратил на својата сопруга Лаура Галагер со зборовите: „Лаура, те сакам“.Тагови: Расел Бренд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
ЕвропаНапаѓачот во Краков е полски државјанин, луѓето се собраа околу него- уби 6 минувачи и рани 15 (ВИДЕО)На социјалните мрежи се појави ново морничаво видео од масакрот во Краков, каде што неидентификуван вооружен човек убил шест лица и ранил уште 15 од автомобил во движење пред да биде неутрализиран од полицијата.На видеото се гледа вооружениот човек како лежи на земја кратко откако бил застрелан од полицијата, додека сѐ повеќе луѓе се собираат околу него. Се гледа и автомобилот од кој наводно отворил оган, а во кој полицијата пронашла голема количина оружје и муниција. Footage from the final scene of the Krakow, Poland shooting. The mass-shooter laying on the ground. You can somewhat get a look at the idiots face in this video https://t.co/g3TSp9cxzk — OpticNoir (@OpticNoir) November 7, 2026 На видеото се гледа и лицето на вооружениот човек, облечен во камуфлажа, како лежи на тротоарот. За потсетување, полицијата потврди дека вооружениот човек е полски државјанин, но неговиот идентитет сè уште не е објавен. Полските медиуми претходно објавија дека кај него е пронајдена автоматска пушка што ја користат локалните безбедносни служби. „Можам да потврдам дека сторителот е полски државјанин“, изјави за „Онет“ Катаржина Цисло, портпаролка на полицијата на Малополското војводство, давајќи нови детали за нападот што ја шокираше јавноста низ целата земја и низ цела Европа. „Мажот немал никакви документи со себе. Полицијата успеала да го утврди неговиот идентитет преку оперативна работа“, додаде таа. Strzelanina w Krakowie #kraków #krakow #strzelanina #rynek https://t.co/KSVCcuVgpH — mariiusz (@mariiusz251589) November 7, 2026 Онет неофицијално дознава дека напаѓачот од Краков има 24 години. Тој моментално е на операција откако бил застрелан од полицијата. Според полските портали, неговата состојба е критична. Претходно имаше одредена конфузија кога Одделот за полиција на градот Краков ѝ соопшти на Полската новинска агенција дека, според прелиминарните информации, во пукањето учествувале двајца сторители, од кои едниот бил ранет од истрел. Ранетиот полицаец критично повреден, претрпел три прострелни рани Меѓу ранетите има двајца полицајци, од кои едниот е во критична состојба откако претрпел три прострелни рани. Strzelanina w Krakowie #Krakow https://t.co/KEE4p2CKE4 — mirekm (@Sjuras17514) November 7, 2026 Нападот бил извршен од автомобил во движење, при што загинале 6 минувачи, а ранети се 15. Мотивот за нападот и идентитетот на сторителот не се прецизирани. Полските медиуми, исто така, објавија дека напаѓачот имал автоматска пушка од типот што го користат полските безбедносни служби.Тагови: краков минувачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28