Славјанка Петровска: Господине Славески, Вие ќе ја земете целата плата. На клиентите на Алта банка им остануваат 10.000 денари неделно од сопствените пари.
1Славјанка Петровска: Господине Славески, Вие ќе ја земете целата плата. На клиентите на Алта банка им остануваат 10.000 денари неделно од сопствените пари.
Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
2Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
СветРам Емануал: Трамп ги реализира заветните желби на СталинСо својата политика кон Украина, претседателот на САД, Доналд Трамп ги остварува соништата на советскиот диктатор Сталин, изјави Рам Емануел, поранешен американски амбасадор во Јапонија.„Да се подели НАТО и да се наруши атлантската алијанса ...Уште од времето на Русија под Јосиф Сталин, тоа беше единствената цел (на Москва), а американскиот претседател ја остварува таа заветната желба на Сталин, рече Емануел, пренесе изданието Хил. Според него, актуелната американска администрација ги остварува „сите цели на руската надворешна политика“, вклучително и со тоа што прифаќа билатерални преговори со Москва. Тој им порача на европските елидери да испратат свои преговарачи бидејќи на САД им треба „надзор од возрасни“. -Да бев европеец, ќе речев: ‘Одлично, одиме. Да седнеме на преговарачката маса’. Бидејќи тимот на Соединетите Држави има потреба од надзор од возрасни, истакна поранешниот американски дипломат./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАПрва титула за кошаркарите на Голден Стејт во WNBA Женскиот кошаркарски тим на „Голден Стејт“ ја освои шампионската титула во WNBA за првпат во својата историја, совладувајќи ја „Атланта“ со 68–63 на домашен терен во седмиот натпревар од финалната серија.Женскиот кошаркарски тим на „Голден Стејт“ ја освои шампионската титула во WNBA за првпат во својата историја, совладувајќи ја „Атланта“ со 68–63 на домашен терен во седмиот натпревар од финалната серија, со што обезбедија вкупна победа од 4–3 во серијата. Геби Вилијамс го предводеше „Голден Стејт“ до историскиот трофеј, постигнувајќи 30 поени. Тифани Хејс додаде 11, додека Вероника Бартон забележа 10 поени и 10 скока. Во редовите на „Атланта“, Џордин Канада беше најефикасна со 18 поени, а Алиша Греј придонесе со 16. На тој начин, „Голден Стејт“ го освои шампионскиот трофеј уште при својот прв настап во финалето, додека „Атланта“ не успеа да дојде до титулата, иако по четврти пат стигна до финалната серија. Најуспешните тимови во историјата на WNBA се „Минесота“, „Хјустон“ и „Сиетл“, од кои секој има освоено по четири шампионски титули.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСлавјанка Петровска: Господине Славески, Вие ќе ја земете целата плата. На клиентите на Алта банка им остануваат 10.000 денари неделно од сопствените пари.Господине Славески, Вие ќе ја земете целата плата. На клиентите на Алта банка им остануваат 10.000 денари неделно од сопствените пари.Кажете му го тоа на човек што утре треба да плати лекување. На родител што треба да плати кирија, сметки и да купи храна за децата. Како да ги одложат своите потреби додека Вие ја „следите состојбата“? А јавноста чека одговор: дали вчера некој повлекол два милиони евра, пред денешното ограничување? Кој ги повлекол? Дали веќе се знаело каква одлука се подготвува? Ако едни навреме ги извлекле милионите, а обичните луѓе останале со ограничен пристап до своите заштеди, мора да се испита дали некој бил предупреден, а граѓаните оставени да дознаат последни. Што проверила Управата за финансиско разузнавање? Какви сознанија имале АНБ и Агенцијата за разузнавање и кого известиле? Господине Славески, должите личен отчет за одобреното преземање, за надзорот и за тоа кога и зошто е воведено ограничувањето. Ако сте потфрлиле, поднесете оставка. На сите засегнати граѓани им порачувам: ќе ги поставам овие прашања и во Собранието и ќе барам конкретни одговори, особено како ќе ги покриете итните трошоци и до кога ќе трае ограничувањето. Вие сте ги заработиле тие пари. Не сте должни да ја плаќате цената на туѓи пропусти, додека прашањата за милионите остануваат неодговорени, објави на Фејсбу пратеничката на СДСМ, екс министерката на Славјанка ПетровскаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
СудбинаОгромна бела ајкула му се приближи на сурфер од зад грб, средбата снимена со дрон !Џоел Хендрикс сурфа 35 години,никогаш досега нема видено ајкула. Поради тоа, често се шегувал со својот син дека овие праисториски суштества можеби воопшто не постојат. Сепак, неодамна доживеа средба што нема наскоро да ја заборави. Додека сурфал во близина на Океано, на брегот на Калифорнија, му се приближила огромна голема бела ајкула и го испрскала со опашката. „Ајкулата само малку ме испрска“, се пошегува Хендрикс по средбата. Голема бела ајкула се појавила во близина на „Пир авенија“ (Pier Avenue), каде што во морето имало група сурфери. Средбата била снимена со дрон од страна на локалниот сурфер Дејвид Стајнер, кој редовно објавува снимки од ајкули на својот профил на Инстаграм, @caveman_476. Хендрикс изјави дека најпрво забележал дрон што летал на околу триесет метри од него, на висина од само три метри над морето. Познавајќи го Стајнер, тој претпоставил дека дронот снима некое морско животно во близина. „Не се исплашив. На почетокот чувствував повеќе љубопитност. Не знаев колку е големо животното, ниту пак точно за што станува збор. Дури не бев ни целосно сигурен дали е ајкула“, рекол Хендрикс, според весникот „Мајами хералд“ (Miami Herald). Набргу потоа, тој забележал сенка близу зад себе, а потоа и перка што излегува од морето. „Ме изненади. Кога доплива зад мојата даска, си помислив: ’Леле, ова е навистина голема риба‘“, се присети тој. Хендрикс проценил дека ајкулата била долга меѓу четири и пет метри, значително подолга од неговата даска за сурфање. Животното потоа ненадејно го промени правецот, го испрска со опашката и продолжи да плива. https://www.instagram.com/reel/DfDQraFPv2D/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loadingКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00