Раководните луѓе на Фудбалскиот сојуз на Србија излекувани од коронавирус

Првите луѓе на Фудбалскиот сојуз на Србија Славиша Кокеза и Марко Пантелиќ успешно се избориле со страшниот коронавирус.

 Оваа информација за српските медиуми ја потврдил докторот Миљко Ристиќ, претседателот на медицинската комисија на ФСС.

„Кокеза се опорави, а Пентелиќ немал никакви симптоми. Но, сепак морал да биде во домашна изолација, поради тоа што неговиот тест на корона бил позитивен. Не сум бил во контакт со Кокеза последните три дена, но тој целосно се опоравил, се чувствува добро и би требало да е отпуштен од болница, изјавил докторот Ристиќ.

Потпретседателот на ФСС Марко Пантелиќ во домашна изолација го прележал вирусот.

притисни ентер