Рајан Гослинг :„Бритни Спирс беше мојата љубов во детството“

Познатиот холивудски заводник, актерот Рајан Гослинг кој во моментов е во врска со колешката Ева Мендез , открива дека во детството бил заљубен во Бритни Спирс.



Рајан, Бритни, Кристина Агилера и Џастин Тимберлејк во детството беа дел од славниот Дизниев Мики Маус.

Рајан признава дека покрај одличната работа и добрата забава во детството успеал да изгради прекрасен пријателски однос со Бритни , за која сега славниот актер порача дека  била „вистинска  девојка од соседството“.

„Бритни беше многу добра. Живееше над мене и беше вистинска девојка од соседството. Секојдневно игравме кошарка и фота “ се присетува Рајан.  
Меѓутоа ,со текот на годините тие двајца се оддалечиле, а Рајан истакнува дека веќе не е во контакт со ниту еден од тоа друштво.
-Некогаш се среќаваме на ист настан, но , тоа е исто како кога ќе сретнеш некој од основното училиште, чудно, изјави славниот актер.  
Рајан Гослинг во светот на шоу бизнисот влета уште на 12 години во далечната 1993 година.

Džastin Timberlejk i Rajan Gosling kao deca (screenshot)



-Тоа беше нешто неверојатно . Ние бевме деца кои имаа неверојатна работна етика, овој факт  подоцна можеше да се види и низ нашите кариери и настапите на Бритни и Кристина во однос на другите пеачки, заклучи Рајан.  
притисни ентер