Радовишани произведувале мраз со бактерии, добиен од нелегален приклучок за вода - Канал 5

Радовишани произведувале мраз со бактерии, добиен од нелегален приклучок за вода

Кривична пријава против двајца радовишани, неовластено и во нехигиенски услови произведувале мраз во кој е утврдено присуство на бактерии, водата за производство ја обезбедувале од нелегален приклучок на водоводна мрежа.

Радовишани произведувале мраз со бактерии, добиен од нелегален приклучок за вода

СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против Т.Д.(62) и С.Д.(62), двајцата од Радовиш, поради постоење на основано сомневање дека извршиле продолжено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни прехранбени и други продукти“ по член 213 Кривичниот законик.

Пријавените повеќе години наназад, како нерегистрирани производители на мраз, вршеле производство на мраз во импровизирани и нехигиенски услови и така небезбедно произведен го пуштале во промет на други правни и физички лица. На 16.09.2026, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш во координација со државен инспектор за храна од Агенција за храна и ветеринарство извршиле претреси во дом и други простории, на четири локации, кои ги користат пријавените.

Притоа, на терасата во приземниот дел од куќата во која живеат биле пронајдени замрзнувачи во кои имало поголем број ќеси во кои имало коцки мраз, кои биле складирани и оставени од пријавените за продажба по принцип на самопослужување, а парите од продажба се оставале во посебна кутија. Додека, во подрумските простории од куќата биле пронајдени четири машини за производство на мраз во коцки и уште еден фрижидер-замрзнувач во кој имало поголема количина коцки мраз, спакувани во ќеси за продавање. По насоки од државниот инспектор, од стручен тим акредитирана лабораторија за испитување на храна и вода, земени се примероци од водата која што се употребува како суровина во производство на мраз, готовиот производ-мраз од ќесите од трите замрзнувачи и брисеви од опремата за производство на мраз. Од добиениот извештај од микробиолошка и хемиска анализа на водата е утврдено дека само таа одговара на бараните параметри согласно Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење. Сите останати примероци земени за анализа не одговарале на бараните параметри и во овие примероци било потврдено присуство на бактерии ешерихија коли и колиформни бактерии, со кое е докажано дека мразот бил небезбеден за употреба и штетен по здравјето на луѓето заради контаминација со бактерии од фекално потекло. По добиените резултати, од Агенцијата за храна и ветеринарство, пронајдените ледомати и замрзнувачи со готовиот мраз од околу 850 килограми се запечатени и одземени.

При извршените претреси, исто така, било утврдено дека производството на мраз се вршело со довод на вода поставен на повеќе места, а од вработени во Јавно претпријатие „Плаваја“ Радовиш е констатирано дека водата која се користи во подрумскиот дел не се мери преку водомер. Воедно, при претресот во објектот на пријавените на место викано „Гладно поле“ атар на Радовиш, за кој е констатирано дека е бесправно изграден, била пронајдена и одземена воздушна пушка, која ја поседувале без соодветна документација. По целосно документирање на случаите за бесправно изградениот објект и одземената пушка, СВР Струмица-ОВР Радовиш ќе поднесат соодветни пријави. Двајцата биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Радовиш, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството поведе истрага за криминалата група инволвирана во изнуди и перење на пари

Граѓани позајмувале пари за лекување на блиски или за други потреби, но и  откако ќе ги врателе со огромни камати, биле под притисок со долгови, закани и изнуда од кумановската лихварска група што беше разбиена вчера.

Обвинителството поведе истрага за криминалата група инволвирана во изнуди и перење на пари

Според информациите организатор на групата е Драган Петровски, познат како „Даци Штука“ кој заедно со уште од упсените заврши во 30-дневен притвор, за еден е одреден куќен притвор, а четвртиот осомничен од групата што почнала да оперира од 2021 година подолг период е надвор од државата.

Тие и откако ќе ги наплателе долговоите со камати, продолжувале да им бараат нови исплати, а ги користеле и банкарски сметки на жртвите за перење пари. Обвинителството соопшти дека во еден од случаите, оштетена жена позајмила 4.000 евра, а заедно со каматата вратила вкупно 6.500 евра.

-Иако во целост му го вратила договорениот износ, тој побарал од неа да ја користи нејзината сметка за преку неа да пушти во оптек пари прибавени со изнуди. Жртвата одбила, а тој почнал да и се заканува, барајќи да го стави нејзиниот автомобил како наводен залог за фиктивни долгови. По налог на осомничениот бил изготвен фиктивен договор за купопродажба на возилото, како да е гаранција за наводен заем. Освен тоа изготвиле и уште еден фиктивен договор за заем од 1.000.000 денари. На договорите за залог и заем осомничените го фалсификувале потписот на оштетената како заемопримач и без нејзино знаење ги завериле на нотар,- -ОЈО ГОКК.

Нотарот од Куманово, со иницијали Д.Ж., кој дозволил да се заверат вакви лажни документи е осомничен за несовесно работење во службата и за него до Судот е доставен предлог за определување мерки на претпазливост.

Во друг случај, оштетен побарал пари за лекување на сопругата. Иако ги вратил позајмените средства, осомничените продолжиле да му бараат пари, а преку неговата банкарска сметка, без негово знаење, биле префрлани поголеми суми кои потекнувале од изнуда. Трансакциите биле прикажувани како заеми, по што парите биле подигнувани во готовина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Загрижени родители алармираат за безбедноста на нивните деца, видеа со меѓуетничко насилство на Тик Ток

Малолетничко насилство со етнички мотиви во Тетово .

Загрижени родители алармираат за безбедноста на нивните деца, видеа со меѓуетничко насилство на Тик Ток

Малолетничко насилство со етнички мотиви во Тетово – родители алармираат дека на Тик-Ток се шири предизвик преку кој се објавуваат видеа од тоа како деца од албанска националност малтертираат врсници од македонска и сето тоа се објавува во групи на социјалните мрежи.

Родителите се револтирани, велат дека нападите се брутални и оставаат последици, па затоа ако треба нивните деца да излезат некаде, тие мораат да ги придружуваат. Тоа се случувало најчесто денски, во период на настава...Напаѓачите според сведоштвата биле на 13-14 годинишна возраст, а пресретнувале помали соученици, претежно машки, но родители сведочат дека пресретнато било и девојче, кое било натерано да каже: „Јас сум балистка“.

Според експертите со кои разговаравме – меѓуврсничкото насилство е сериозен фемомен особено во меѓуетничка средина, а за да се стави крај на ваквиот тип насилство најзначајна е меѓуинституционалната соработка.

– Насилството коешто го вршат на свои возрасни групи или на поендинци, се со цел, тука настанува најголемиот проблем – да го истакнат на социјалните мрежи и притоа вршат и понижување. Дечињата затоа и не се свесни. Ова што се случува, а се случува периодично – дури и зачестува е многу сериозен општествен проблем, кадешто ние мораме да ги вклучиме сите чинители,- изјави Иван Анастасовски, универзитетски професор.

Министерката за образование Весна Јаневска вели дека Министерството преку кампањи работело на поттикнување на свеста и кај стручните служби во училиштата, но и кај родителите. Сепак, Јаневска посочи дека на крај, одговорност за ваквото однесување мора да има.

– Направени се прирачници, воспоставен е систем на делувањ во случај на врсничко насилие во училиштата, за наставниците, за стручната служба. Секој треба да носи одговорност за секоја акција што ќе ја поведе – и малолетниците без оглед што се малолетници, но и нивните родители треба да имаат одговорност и мора да станат свесни, ова повеќе пати сме го кажале, не моќже грижата да е само на училиштата,- изјави министерка за образование и наука Весна Јаневска.

Од тетовската полиција велат дека годинава пријавни се 12 случаи на меѓуврсничко насилство, од кои 5 се расчистени, а на другите уверуваат дека се работи.. Парични казни се изречени на родителите, а за дле од случаите се води и кривична постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Помали гужви и побрза исплата на шалтерите денеска во битолската експозитура на АЛТА банка

Помали гужви и побрза исплата на шалтерите денеска во битолската експозитура на АЛТА банка. Од денеска започна и исплатата на социјалната помош.

Помали гужви и побрза исплата на шалтерите денеска во битолската експозитура на АЛТА банка

Помали гужви и побрза исплата на шалтерите денеска во битолската експозитура на АЛТА банка. Од денеска започна и исплатата на социјалната помош, откако средствата од Министерството за социјална политика вчера биле префрлени на сметките во банката. Шесте шалтери работат во две смени, вклучително и утре. Од банката најавуваат дека од следната недела ќе започне шалтерска исплата и во другите градови каде што има најголем број клиенти.

Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски најави средби со потенцијални купувачи на банката, заедно со гувернерот Славески и министерката за финансии Кочоска. Тој повторно уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат обештетени до последниот денар. Според него посериозен проблем е нарушената трговска соработка со Србија, бидејќи македонски компании веќе се соочуваале со проблеми со српските партнери чии сметки се блокирани во затворената банка во Србија.

-Народната банка и Владата имаат свои инструменти и со помош на тие инструменти целосно ја контролираме состојбата, така што тука нема апсолутно простор за грижа. Целта е да се спаси, бидејќи навистина станува збор за здрава финансиска институција,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Од СДСМ повторно обвинија дека Владата на седница во септември минатата година донела заклучоци поврзани со понудата на АЛТА банка за преземање акции од 16 јавни институции, со што според нив, му овозможила на Давор Мацура да стекне поголем пакет акции. Мицкоски уште вчера ги отфрли обвинувањата, објаснувајќи дека државните претпријатија имале удел од околу два до три проценти, за кои Владата по локалните избори лани им препорачала да ги понудат акциите на новиот сосптвеник, доколку е заинтересиран.

-Трајко Славевски вели имало консултации, Кочоска вели немало и не била информирана. Штом зинат, лажат. Сега народот пати и не може да дојде до своите пари. А овие во Владата лажат, си ја префрлаат одговорноста за да се спасат и пробуваат да го заташкаат скандалот,- Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

-Откако ја добивме информацијата дека акционерите ги продале своите акции на новиот сопственик и дека тие акции се повеќе од 80,90% немаше повеќе смисла ние да остануваме сопственици во новото друштво со 2,3% и веднаш по завршувањето на локалните избори во 2025 донесовме на Влада одлука со која што им препорачавме на прептријатијата да ги понудат тие акции доколку е заинтересиран сопственикот да ги купи,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Во меѓувреме, тече рокот од 21 ден за тројцата привремени администратори, кои откако на 1 ноември го презедоа управувањето со банката, треба да ја утврдат нејзината состојба, а потоа да достават извештај до Народната банка. По ова, како што кажа Мицкоски вчера, има две опции – или да се најде нов сопственик или банката да оди во стечај, но и во двата слуѕачи уверува дека нема да има оштетени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер