Радост во скромниот дом на Елмазови за Курбан Бајрам - Канал 5

Радост во скромниот дом на Елмазови за Курбан Бајрам

Седумгодишниот Емре, тригодишната Медина и осум месечниот Џевад денеска први се насладуваа на помошта што им ја донесе Канал 5. Очињата им засветија штом ги наполнија гладните стомачиња. Најсреќен беше Емре кој задоволно велеше дека ќе има што да јадат, сите, и бато Идаим и дада Наила, кога ќе се вратат од училиште.

Радост во скромниот дом на Елмазови за Курбан Бајрам

Канал 5 внесе малку радост кај семејството Елмазови. Солзите од очите на самохраната мајка Азира потекоа затоа што не можеше да поверува дека некој се сетил на неа и на нејзините пет дечиња.

„Прво, многу му благодарам на Канал 5. Ова што вие ми го донесовте никогаш претходно не сум го дочекала од други луѓе на Курбан Бајрам. Моите деца никогаш не виделе вакво нешто. Многу Ви благодарам“

Седумгодишниот Емре, тригодишната Медина и осум месечниот Џевад денеска први се насладуваа на помошта што им ја донесе Канал 5. Очињата им засветија штом ги наполнија гладните стомачиња. Најсреќен беше Емре кој задоволно велеше дека ќе има што да јадат, сите, и бато Идаим и дада Наила, кога ќе се вратат од училиште.
Канал 5 пред осум месеци прв пат ги посети Елмазови. Тогаш тие живееја под кирија, а сега кај пријатели, во друга уште потрошна соба, со таван кој се урива, без стакло на прозорите и без огрев. Тие продолжија да живеат со социјална помош од 2 илјади денари. Никој не му помогнал на бебето што оваа 32 годишна мајка го држеше во прегратка, родено со деформирано ноже, на кое му треба операција за да не биде инвалид.

„И мене ми е тешко ова е мое дете, ме боли душата ама од никого немам помош“, вели мајката.

Денеска Азира не испрати со скромна надеж дека токму нашата посета ќе поттикне да им помогнат и други хумани луѓе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници

Министерството за здравство најостро го осудува инцидентот пред поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, при кој се нападнати здравствени работници додека ја извршувале својата професионална должност.

Министерството за здравство го осудува насилството врз здравствените работници

Секој облик на насилство, закани или попречување на здравствените работници во извршувањето на нивните работни задачи е недозволив и мора да биде соодветно санкциониран.

Напоменуваме дека напад врз здравствен работник и здравствен соработник претставува кривично дело . Согласно член 304-г од Законот за здравствената заштита, за напад или сериозна закана кон здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност е предвидена парична казна или казна затвор, а во зависност од околностите и последиците од нападот, и построги казни.

Здравствените работници секојдневно се на првата линија во грижата за здравјето и животот на граѓаните. Насилството нема место во здравствените установи. Почитувањето и заштитата на здравствените работници мора да бидат заеднички приоритет, реагираат од МЗ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руски бродови погодени од украински беспилотни летала покрај брегот на Либија, Москва најави одговор

Украина стои зад нападот во кој потона рускиот брод „Меркури“ во близина на либискиот брег, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Руски бродови погодени од украински беспилотни летала покрај брегот на Либија, Москва најави одговор

Тој ја опиша операцијата како пример за украински одговор на руската војна, а во официјална изјава наведе дека украинските сили погодиле и втора цел, рускиот товарен брод, кој русија го користела за транспорт на оружје. Според Зеленски, руската корвета „Меркури“, еден од поновите бродови во флотата на Москва потонала по напад изведен од седум поморски дронови од украинско производство. И властите во источна Либија потврдија дека дошло до експлозија на руски брод кој бил застанат во поморска база во градот бенгази за да наполни гориво и да се врати кон Русија. Засега не е позната судбината на екипажот. Портпаролот на Кремљ, Песков изјави дека овие акции ќе резултираат со многу болни последици за режимот во Киев. Потонувањето на руски воен брод крај брегот на Либија претставува голем удар за путин и значително проширување на конфликтот, со оглед дека украина е оддалечена 1.600 милји од Бенгази.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви кучиња, кои веројатно биле отруени

Над осум тела на мртви кучиња биле пронајдени на јавен простор во скопската населба Бутел. 

„Анима бара итна истрага: Во Бутел пронајдени повеќе мртви  кучиња, кои веројатно биле отруени

Од здружението „Анима Мунди“ се сомневаат дека кучињата биле отруени и дека станува збор за кучиња од исто леглно и се пронајдени на исто место. Од здружението бараат поведување на истрага за овој случај и веруваат дека убиените кучиња имаат и сопственик.

Од полицијата за Канал 5 потврдија дека нема официјлна потврда за овој случај, исто и од Агенцијата за храна и ветеринарство. По објавувањето на снимките инспектори од АХВ излегле на терен да го проверат целиот случај. Но, мртвите тела на кучињата ги нема, а засега не потврди ниту една институции дека ги тргнала кучињата од местото каде биле најдени мртви. Од Анима Мунди објаснуваат дека најголем проблем со негрижата кон милениците води кон создавање на улични кучиња, а труењето е проблем и за луѓето, особено за децата.

Според, Член 233 од Кривичниот законик се предвидува парична казна или затвор до три години за неоправдано усмртување, грубо злоупотребување или мачење животно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер