Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа
2Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа
АвтомобилизамРачно изработен автомобил за Гадафи се продава за 961.950 евраВозилото е довршено дури по смртта на Гадафи.Холандскиот трговец со половни луксузни и спортски автомобили „Auto Leitner“ во понудата има нешто навистина вредно за внимание. Станува збор за еден од најретките автомобили на светот, „Maybach 57 S Coupe“, изработен по нарачка на убиениот либиски челник Моамер Гадафи. Првобитно се планирала изработка на 200 вакви автомобили, но на крајот се направени само осум примероци од кои оној под бројот 004 го купил Гадафи. Автомобилот ене е изработен во фабриките на „Daimler“, туку рачно во „Karosserie Manufaktur Weinsberg“. Автомобилот кој е довршен дури по смртта на Гадафи, е во понудата на „Leitner“ авто- куќата, специјализирана за егзотични возила. Со оглед на тоа дека Гадафи е убиен во 2011, автомобилот никогаш не му е доставен. Луксузното возило има поминато само 2.300 километри и, како што истакнуваат од холандскиот салон „Auto Leitner“, станува збор за примерок со најмала километража на светот. Автомобилот е речиси во совршена состојба. Во себе има 6 литарски „AMG V12 Turbo“ мотор од 615 коњски сили, има пет брзини и автоматски менувач. Од 0 до 100 км/ч овој автомобил забрзува за 5 секунди. Своевремено овој автомобил е купен 675.000 евра, а сега се нуди по цена од 961.950 евра. Луксузен во секој поглед. На патниците на задните седишта им е на располагање фрижидер и телефон, а на сите седишта се вградени и масажери. Available this 2011 Maybach 57S Coupe with only 2.300 km original. Ordered by Moammar Kadhafi in 2010 but never paid and delivered. Posted by Auto Leitner on Friday, January 22, 2021 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
ФудбалМодриќ: „Подобро е да не зборувам за тоа што му го кажав на Кукуреља“.Капитенот Лука Модриќ го одигра својот 206-ти натпревар за репрезентацијата на Хрватска на дуелот против Шпанија, со што се доближи до Лионел Меси на листата на играчи со најмногу настапи на сите времиња.Модриќ играше до 66-тата минута од мечот во Сплит, во кој Хрватска загуби со 2:1, кога беше заменет од Петар Сучиќ. Светски рекордер е Кристијано Роналдо со 234 настапи за Португалија, а пред Модриќ се наоѓа само Меси, кој одиграл 207 натпревари за Аргентина. По натпреварот, капитенот го коментираше исклучувањето на Иван Перишиќ. -„Што да коментирам? Кукуреља сам се доведе во таа ситуација. Дури и не знам што се случува со новиот ВАР... Да останевме со еднаков број играчи на теренот, сигурно немаше да загубиме“, смета Модриќ. Тој беше краток во врска со дуелот со шпанскиот лев бек. „Подобро е да не зборувам за тоа што му кажав на Кукуреља“. Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУченик избоде повеќе лица во училиште во Полска: Двајца се тешко повредениНапад со нож се случи во среда наутро во комплекс на стручни училишта во полскиот град Остроленка, при што се повредени најмалку седум лица, објави полскиот медиум RMF24.Нападот го извршил ученик Според првичните наоди од истрагата, нападот го извршил 19-годишен ученик. Тој со нож нападнал други ученици и еден наставник. Двајца од седумте повредени се во тешка состојба. Уапсен по бегството По нападот, напаѓачот побегнал од училишниот комплекс. Полицијата го лоцирала и го уапсила во близина на градската плажа на реката Нарев. Policjanci z Ostrołęki w pobliżu plaży miejskiej zatrzymali 19-letniego mężczyznę podejrzewanego o zaatakowanie ostrym narzędziem osób w pobliżu i na terenie szkoły w Ostrołęce. Ze wstępnych informacji wynika, że mogło dojść do zranienia 7 osób. Policjanci na miejscu wykonują czynności i ustalają przebieg zdarzenia. — Policja Mazowsze (@PolicjaMazowsze) October 7, 2026 Фото:„Policja Mazowsze“ Тагови: Полска ученик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКаранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во ЕвропаСветка банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа, нагласи заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на денешната прес-конфефренција. Таа посочи дека Светска банка со најновиот извештај ги побива оптимистичките тврдења на премиерот Христијан Мицкоски за економскиот напредок на државата, и дека констатира стагнација на Македонија, отсуство на доволно структурни реформи, заостанување во економскиот, политичкиот развој и приближувањето кон Европската Унија. „Самиот наслов во извештајот на Светска банка кажува се - „Излез од стапицата на среден доход“. Светска банка само ја дава дијагнозата која што ја говориме веќе повеќе од две години. А тоа е дека Македонија стои во место, дека е комплетно изолирана, дека нема реформи и дека таквото непостоење на реформи директно удира во развојот и во економското и политичко и секакво приближување на државата кон Европската Унија. Тоа значи дека бајките на Мицковски за трета економија во светот се распаѓаат како кула од карти. Тоа може да го говори овде внатре за внатрешни потреби. Извештаите на Светска банка и на сите други меѓународни институцији се погласно го говорат спротивното.Светската банка му ја избриша вчера табелата на Мицкоски, веројатно ќе треба да почне одново да црта “ рече Каранфилова Пановска. Каранфилова Пановска укажа дека според прогнозите на Светска банка, ако политиките на власта продолжат, економскиот раст без структурни реформи ќе биде 2,4 отсто, што би значело дека земјата со децении ќе заостанува зад европскиот просек. „Извештојот констатира дека растот на економијата, ако продолжиме на истиот начин, без структурни реформи, ќе биде 2,4%. И дека со таков раст од 2,4% до 2050 година, до средината на векот, ќе стасаме едвај до 55% од просекот на развој на европската економија, или со други зборови, со ваков раст, ќе ни требаат 75 години, ниту една цела генерација нема да може да ја заврши работата, да го стасаме, просекот на Европска Унија“ рече Каранфилова Пановска. Таа додаде дека споредбата со останатите земји во регионот дополнително ја покажува реалната состојба со македонскиот економски раст кој заостанува во споредба со регионот. „Иако, годинава банката проценува дека растот е 3,2%, што е далеку помалку од сите држави во регионот, констатира дека сите држави од соседството одат побрзо и напредуваат подобро од нас економски“ рече Каранфилова Пановска. Притоа, Каранфилова Пановска посочи дека и Светска банка укажува на потребата од спроведување на реформите како можност за подобри економски резулти. „Извештајот вели дека ако ги спроведеме реформите, имаме шанса да обезбедиме раст од 3,8% и да обезбедиме дополнителни 250.000 доброплатени нови работни места до 2050 година.“ рече Каранфилова Пановска. Скопје, 07.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter