Работнички старо нов освојувач на фудбалскиот Куп на Македонија

Фудбалерите на Работнички ја одбранија титулата во Купот на Македонија.



Екипата на Работнички во финалето на 23-тото издание на Купот на Македонија, одиграно вечерва на арената „Филип Втори’’ во Скопје, го победи Тетекс со 2:1.

Тетекс во финишот на првото полувреме, односно 45-минута, со голот на Чурлинов поведе со 1:0.

Во второто полувреме, Работнички заигра многу поофанзивно, а таквата игра резултираше со гол на Баже Илиоски во 68-минута за израмнување на 1:1.

Само две минути подоцна (70), Тетекс остана со играч помалку на теренот, откако Стојановски го заработи вториот жолт картон, автоматски црвен.

Тоа го искористија фудбалерите на Работнички и со голот на Марјан Алтипермаковски во 73-минута дојдоа до предност од 2:1, што беше и конечен резултат на финалниот меч.
За ''Романтичарите'' ова е четврти триумф во националниот Куп.

Првите два ги освоија 2008-ма и 2009-та година, а и овој пат, двапати во низа стигнуваат во трофејот, 2014-та и 2015-та година.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер