Работна средба на министерот Нухиу со амбасадорот на Франција Тимоние

Денеска, министерот за внатрешни работи  на  Агим Нухиу одржа работна средба со амбасадорот на Француската  Република  Кристиан Тимоние.  

На средбата беа потврдени пријателските односи, довербата, реализацијата на заеднички проекти и соработката во голем број области од взаемен интерес.

Соговорниците разговараа и за вонредните парламентарни избори кои се спроведоа во нашата држава и активностите и превентивните мерки кои Министерството за внатрешни работи во рамки на своите надлежности ги презема во справување со глобалната пандемија „Ковид - 19“.

На средбата од страна на двајцата соговорници беше истакнато дека Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е битна алка во градење на довербата во државните институции на патот кон Европската унија.

Дневен хороскоп за 22.септември 2020 година

Дневен хороскоп за вторник ,22.септември 2020 година. 

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Има малку работи што би можеле да ја загрозат вашата стабилна и добро негувана врска. Без оглед на се, вие уживате.

Кариера

Денеска во сите деловни прашања максимално ќе ја користите вашата интуиција. Сепак , земете ги во предвид и надворешните фактори.

Здравје и совет

Не се сеќавате кога последен пат сте биле болни.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Веројатно убаво ќе си поминете за време на кусото дружење со пријатни луѓе, било да сте во двојка или пак сами.

Кариера

Поврзувањето со млади лица на работното место ќе бара дополнителна енергија. Вашето унапредување е на повидок.

Здравје и совет

Продолжете понатаму.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Оние кои минуваат ниоз искушението на тајна љубовна врска , денеска нема да знаат што треба да направат. Ќе им недостига компас.

Кариера

Уметниците меѓу вас би можеле да инсистираат на нереални барања. Подобро малку да почекате.

Здравје и совет

Внимавајте на исхраната.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Малку забава, па мало надмудрување и малку провокации. Тоа е начинот на кој ќе се додворувате или ќе сакате.

Кариера

Со голема желба ќе соработувате со новите соработници , од кои повеќето се многу млади. Другите главно ќе ги поднесувате.

Здравје и совет

Вежбајте јога.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете малку растргнати меѓу можноста да уживате со саканата личност или со пријателите. Ќе го поделите времето.

Кариера

Денеска нема да знаете да ги процените вашите финансиски средства. Затоа не влегувајте во никакви трансакции.

Здравје и совет

Ослободете се од потребата да им се наметнувате на другите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Недостигот на разбирање ќе се случи зашто вие постојано имате потреба околу нешто да спорите. Така се залажувате и себеси и партнерот.

Кариера

Доволен е само еден мал миг , па да ве развлечат за да не можете да се приберете. Соберете ги сите свои сили и научете да кажете ,,не” кога е потребно.

Здравје и совет

Подобро ќе се чувствувате доколку си ги одредите границите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Посветеноста на идеалите ќе ви помогне да ги надминете фрустрациите во личните односи. Некои се молат на виша сила.

Кариера

Можеби ќе очекувате повисока плата, но излегло поинаку. Немојте да бидете незадоволни , зашто и ова што го добивате е повеќе отколку кај многумина.

Здравје и совет

Не влегувајте во расправии.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе се прашуваат дали станува збор за пријателство или за нешто повеќе. Уште не знаат на што се , па нека бидат трпеливи.

Кариера

Може да сметате на некои мали попусти , но тоа не значи дека може да се опуштите и да живеете на стара слава.

Здравје и совет

Може да ги предлагате своите идеи.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашите пријатели денеска најверојатно ќе се опијат и ќе претераат во своето однесување. Би можеле дури и да ве нервираат , но бидете трпеливи.

Кариера

Претерувањето со вашите заслуги на работното место не е новост. Обидете се да се приземјите и работите да ги гледате пореално.

Здравје и совет

Издржете.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Освен што ќе наоѓате причини за незадоволство, ништо од она штѕо ќе го кажете нема да наидфе на разбирање. Запрете.

Кариера

Вашите деловни партнери ќе имаат едни , а вие други идеи. Ќе треба да знаете да се поставите правилно.

Здравје и совет

Нека ве води вашето знаење.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Пред вас е ден полн со фрустрации кога станува збор за љубовта. Сметајте дека малку работи ќе ви одат од рака.

Кариера

Што и да работите , држете се до востановените правила и прашувајте ги своите колеги кои се разбираат од работата.

Здравје и совет

Не правете ништо на своја рака.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Знаетед ека среќата е во малите работи и не барајте чуда во личниот живот. Имајте таков пристап и денеска ќе бидете среќни.

Кариера

Ќе успеватеда ги држите конците во ваши раце низ различни дејности и области. Се ви оди добро.

Здравје и совет

Вие сте комплетна личност.

Во Кривичен продолжува судењето за „Таргет-Тврдина"

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за аферата за прислушувањето, познат во јавноста како „Тврдина-Таргет".

На претходното рочиште свои искази дадоа неколку сведоци, кои зборуваа околу поддршката од надвор во системите за следење на комуникации, односно за формирање на Комисијата за поништење на опрема на УБК.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и неколку вработени во поранешното УБК кои се товарат за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.

Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ, додека обвинението е застапено од обвнителската тројка Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро.

Судењето по предметот „Таргет-тврдина" е започнато на 22 декември 2017 година и се наоѓа во фаза на доказна постапка. /МИА

Фото: Лепа Брена не е баш вешта во користење на Фотошоп

Последната фотографија која ја постави на својот Инстаграм профил покажува дека ни таа не е во целост задоволна со својот изглед.

Лепа Брена од секогаш важела за една од најубавите и најзгодни пејачки на овие простори. Дури и на 60 години, Брена ги воодушевува сите со својот изглеед.

Многумина и завидуваат на витката фигура, меѓутоа последната фотографија која Брена ја постави на својот Инстаграм профил покажува дека ни таа не е во целост задоволна со својот изглед.

Имено, на фотографијата се гледа не баш професионално користење на Фотошоп кое разоткрива дека дури и Брена сака да го подобри својот изглед.

притисни ентер