3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
СветПутин во униформа ја надгледува големата воена вежба на границата со НАТО (ВИДЕО)Рускиот претседател Владимир Путин се појави во воена униформа на големата воена вежба на руската и белоруската армија „Запад 2025“, која се одржува со денови во близина на источните граници на НАТО.Путин го посети полигонот Мулино во регионот Нижни Новгород. Таму изјави дека во маневрите учествуваат 100.000 војници на 41 копнено и море воени полигони, 333 авиони, околу 250 бродови и 10.000 парчиња воена опрема, објави Анадолија. 🤡 Putin shows up at the "Zapad-2025" exercises in military uniform. pic.twitter.com/7ZbNNJE1qN — MAKS 25 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) September 16, 2025 Претходно се сметаше дека во вежбата ќе учествуваат 30.000 војници, но бројната ситуација покажува многу поголема мобилизација. Пред вежбата, руски беспилотни летала ја нападнаа Полска Последната воена вежба „Запад“ беше одржана во 2021 година, кога учествуваа 200.000 војници. Тогаш беше создаден контингент кој беше префрлен на границата со Украина непосредно пред целосната инвазија. Тековните маневри делумно се одвиваат во Балтикот и во близина на источните граници на НАТО. На нив им претходеа упади на руски беспилотни летала во полскиот воздушен простор, што дополнително ги зголеми тензиите во регионот. 100,000 troops are participating in the Zapad 2025 exercise near NATO borders, war criminal Putin said. He visited the Mulino training ground in the Nizhny Novgorod region. During these maneuvers, 100,000 servicemen were involved at 41 land and sea training grounds, 333… pic.twitter.com/UBFNgrVEB3 — Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 16, 2025 Каква вежба е тоа? Воената вежба „Запад-2025“, заеднички проект на Русија и Белорусија, започна пред четири дена и ќе заврши денеска. Маневрите се одржуваат на повеќе полигони за обука во Белорусија и Русија, вклучувајќи ги и регионите што граничат со земјите-членки на НАТО. Вежбата вклучува симулации на одбранбени и офанзивни операции, вежбање на соработката на вооружените сили на двете земји и сценарија што вклучуваат употреба на напредно оружје како што се хиперсоничните ракети „Орешник“. Поради оваа вежба, Полска привремено ја затвори границата со Белорусија.Тагови: Владимир Путин НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
БалканТесна трка меѓу Јотова и Ѓуров и ниска излезност на претседателските избори во БугаријаРазлика од помалку од 43 000 гласа меѓу кандидатурите на Илијана Јотова и Андреј Ѓуров на вчерашниот прв изборен круг за претседателски и потпретседателски избори во соседна Бугарија. Јотова / Валчев добија 34,8% од гласовите, додека на второ место се Ѓуров / Кандев со 32% добиени гласови. Катастрофално ниската избирачка активност– една од најниските досега во Бугарија, кризата со нападите од дронови врз бугарските бродови во Црното море после која Јотова одлучи да не го свика Безбедносниот совет, но и внатрешно-политичките скандали како убиството на бизнисменот Слави Бинев и нападот врз новинарката од член на обезбедувањето на претседателката на парламентот, според бугарските аналитичари, се причините за овој резултат кој е на прагот на статистичка грешка. Дополнително, како што велат аналитичарите, доколку Јотова загуби во вториот круг, во Бугарија би можело сериозно да започне дискусија и за оставка на кабинетот на Румен Радев. -Илјана Јотова не е Румен Радев. Не може да биде. Секако, кредибилитетот на владата и ова огромно мнозинство дојде со довербата што ја обедини околу себе. И според мене, она што доведе до овој резултат е комбинација од надворешни фактори што се случија во меѓународната ситуација и бугарската политичка ситуација. Од друга страна, постојат работи што влијаат на односот меѓу оние на власт и Илјана Јотова, и сегашниот претседател. И од трета страна, грешките и настаните во самата кампања.- Мила Мошелова, политолог По завршувањето на изборниот ден, ниту Јотова ниту Ѓуров не побараа конкретна политичка поддршка од партиите и нивните лидери. Сепак, бугарските аналитичари оценуваат дека за вториот круг Јотова ќе ја побара поддршката од гласачите на Преродба, додека пак, Ѓуров ќе се обиде да ги собере гласовите од ГЕРБ и останатите антивладини гласови. Јотова и Ѓуров ќе се соочат во одлучувачкиот втор круг на 1 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМозочниот удар не бира возрастНиту една годишна возраст не е поштедена од мозочен удар, а најмлади пациенти на Неврологија со ваква состојба се 14 годишни деца, вели проф. д-р Анита Арсовска. Само на Клиниката за неврологија секоја година има по околу 5000 нови случаи, а ова е доволно за вклучување на алармот за превенција, вели д-р Арсовска. Навременото препознавање на симптомите и брзата медицинска интервенција кога ќе се забелжи симптом како што е парализа на едната страна на телото, се клучни за намалување на ризикот од смрт и тешки последици. Сепак, во околу 90 проценти мозочниот удар може да се спречи, а треба да се започне со утврдување на факторите на ризик што ги имаме, како што се маснотии во крвта, висок крвен притисок, шеќер, вели д-р Арсовска. Мозочен удар не може да се превенира преку ноќ, но клучни се медицинските проверки на нашиот организам, но и ако се прават напори во секојдневниот живот да ги промениме навиките, или модифирачките ризик-фактори. Според официјалните податоци на Институтот за јавно здравје во Македонија годишно околу 3.000 луѓе доживуваат мозочен удар. Кај 30 до 40 проценти од пациентите остануваат трајни последици, меѓу кои парализа, нарушен говор, проблеми со памтењето и физичка инвалидност. По повод светскиот ден на мозочниот удар, на Плоштадот Македонија од 10 часот ќе се спроведуваат бесплатни превентивни мерења на крвниот притисок, шеќерот и холестеролот во крвта, како и проценка на ризикот од мозочен удар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаДејан Јованов и неговиот син предложени за сведоци во предметот на полициските службенициДали сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов Деко, се стекнал со противправна имотна корист и дали контактирал со дел од полицајците обвинети во друг предмет? Ова ќе треба да се разјасни на некое од следните рочишта откако одбраната на Боби Гидиоски, обвинет во предметот со деветтемина полициски службеници побара од судот да дозволи Дејан Јованов да сведочи. -Го предлагаме на околности затоа што застапникот на обвинението тврди дека обвинетите му дозволиле на Деко да стекне имотна корист која се изразува во плата која ја земал како вработен за шест месеци, па на таа околоност бараме да биде сослушан, дали тоа му е овозможено од обвинетите. – Бранко Колев – Адвокат Дел од барањата и на останатите адвокати се однесуваат на прибавување службена документација од МВР и СВР Штип, вклучително и записници, извештаи, телеграми и службени белешки од 2022 и 2023 година. Како и документите кои се однесуваат на таканаречена проблемска информација за состојбите во дискотеката „Пулс“. -Дел од документите се однесуваат на работењето на МВР, односно СВР Штип, додека останатиот дел се однесува на проблемска информација која што е прикриена од обвинетиот Боби Гидиовски како началник на СВР Штип, а која проблемска информација е доставена за проблемите во дискотеката „Пулс“ кои ОВР Кочани ги имале во Кочани, меѓутоа таа проблемска информација е прикриена од обвинетиот на кој јас сум бранител. – Бранко Колев – Адвокат Покрај Дејан Јованов – Деко, адвокатот на деветтообвинетиот Александар Максимов предложи да сведочи и неговиот син Михаил Јованов, кој исто така е еден од обвинетите во големиот предмет за пожарот во „Пулс“. По предлозите на одбраната обвинителката Спасенка Андпонова ќе се произнесе на следното рочиште кое е закажано за утре. Според обвинението полициските службеници не ги извршиле целосно потребните проверки, но сепак дале согласности врз основа на кои дискотеката добивала лиценци за работа во 2022 и 2023 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59