Милошоски – Холовња: Продлабочување на парламентарната соработка и континуирана поддршка од Полска за европските интеграции
2Милошоски – Холовња: Продлабочување на парламентарната соработка и континуирана поддршка од Полска за европските интеграции
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
СветЗеленски упати барање до Трамп и предупредување до НАТОУкраинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд Трамп да заземе „јасна позиција“ за да го запре Владимир Путин и да ја заврши војната во Украина. Во ексклузивно интервју за Скај њуз од Претседателската палата во Киев, Зеленски рече дека единствениот начин да се стави крај на конфликтот лежи во дефинирани безбедносни гаранции, за кои, вели тој, е потребна храброста на Трамп, објави Скај њуз. Зеленски изрази надеж дека британскиот премиер Кир Стармер ќе ја објасни иднината на Украина за време на државната посета на американскиот претседател на Велика Британија оваа недела. „Навистина се надевам дека тој (Стармер) ќе може да има многу специфична дискусија за безбедносните гаранции на САД за Украина“, рече тој. -Пред да ја завршиме војната, навистина сакам сите договори да бидат во сила. Сакам… да имаме документ што е поддржан од Соединетите Држави и сите европски партнери. Ова е многу важно, нагласи украинскиот лидер, додавајќи: „За да се случи ова, ни треба јасна позиција од претседателот Трамп“. Украинскиот претседател, исто така, го повика американскиот лидер да преземе „силни лични чекори“ за да го „запре Путин“. Неговиот апел доаѓа откако Трамп ги повика сојузниците во НАТО да престанат да купуваат руска нафта и воведе царини за Кина за да извршат притисок врз Москва. -Верувам дека САД се доволно силни за да донесат свои одлуки, рече Зеленски. „Верувам дека Доналд Трамп може да ни даде системи за воздушна одбрана во доволни количини, а САД имаат доволно од нив“. Тој додаде дека е уверен оти Вашингтон може да воведе санкции што ќе ѝ наштетат на руската економија. „Сигурен сум дека САД можат да применат доволно санкции за да ѝ наштетат на руската економија, плус Доналд Трамп има доволно моќ да го натера Путин да се плаши од него“, рече тој, потсетувајќи дека Европа веќе воведе 18 пакети санкции. „Сега недостасува силен пакет санкции од САД“, додаде тој. Зеленски, исто така, ги даде своите коментари во контекст на неодамнешниот самит меѓу Трамп и Путин во Алјаска, кој остро го критикуваше. Тој рече дека Трамп „му дал многу на Путин“ и дека „требало да плати повеќе“ за состанокот. „Верувам дека доколку беше трилатерален состанок (со вклучување на Украина), ќе имавме некои резултати“, додаде тој. По веста дека британските борбени авиони пресретнале руски дрон над Полска, Зеленски предупреди дека Путин ја тестира силата на Северноатлантската алијанса. „Тој го тестира НАТО“, рече Зеленски. „Тој сака да види за што е подготвено НАТО, за што се способни, дипломатски и политички, и како локалното население ќе реагира на тоа“. Според него, Москва испраќа уште една порака: „Не се осмелувајте да ѝ дадете на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана, бидејќи можеби ќе ви бидат потребни и вам“. Тагови: Доналд Трамп зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПолициските службеници изминатите три дена констатираа 2720 сообраќајни прекршоциЛишени од слобода 67 лица за безобѕирно управување на возило.Во текот на изминатите три дена (23/24/25.10.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 2720 издадени платни налози, 1360 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 67 лица, од кои седум за возење под дејство на алкохол, 21 за возење без возачка дозвола, осум поради претходно изречена забрана за управување со возило, три поради возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, а едно лице поради возење со брзина поголема од дозволената надвор во населено место. Во истиот период одземени се 27 возила по член 300-б од Кривичниот законик. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите три дена евидентирани се 328 прекршоци за неправилно паркирање, како и 57 санкции за возење под дејство на алкохол. Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 33 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем. Исто така санкционирани се 239 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 23 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а четири заради техничка неисправност. Санкционирани се и осум возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии). Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: сообраќајни прекршоци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМилошоски – Холовња: Продлабочување на парламентарната соработка и континуирана поддршка од Полска за европските интеграцииПотпретседателот на Собранието на Македонија, Антонијо Милошоски, денеска оствари средба со потпретседателот на Сејмот на Република Полска, Шимон Холовња, кој престојува во официјална посета на Собранието, придружуван од парламентарна делегација.На средбата беше изразено заемно задоволство од добрите и пријателски односи меѓу двете држави, како и подготвеност за нивно натамошно продлабочување преку интензивирање на политичкиот дијалог, парламентарната соработка и економските врски. Потпретседателот Милошоски ја истакна важноста на парламентарната дипломатија како инструмент за унапредување на билатералните односи, нагласувајќи дека постои значителен простор за зајакнување на соработката меѓу Собранието и полскиот Сејм. Во таа насока, беше нагласено значењето на почестите меѓупарламентарни средби, размената на искуства и соработката меѓу пратеничките групи за пријателство и парламентарните комисии. Посебно внимание беше посветено на процесот на европска интеграција на Македонија. Милошоски изрази благодарност за принципиелната и континуирана поддршка што Република Полска ѝ ја дава на нашата држава на патот кон полноправно членство во Европската унија. Тој нагласи дека европската интеграција останува стратешки приоритет, при што напредокот во пристапниот процес треба да се темели на објективни критериуми, спроведени реформи и постигнати резултати. Соговорниците го истакнаа значењето на политиката на проширување на Европската Унија како важен фактор за стабилноста, безбедноста и економскиот развој на европскиот континент. Во тој контекст, беше нагласена важноста од задржување на кредибилната европска перспектива на земјите од Западниот Балкан. Во разговорите беше отворено и прашањето за унапредување на економската соработка, со посебен акцент на можностите за зголемување на трговската размена и поттикнување на меѓусебните инвестиции. На крајот од средбата, двајцата потпретседатели ја потврдија заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи и интензивирање на соработката меѓу законодавните домови на двете држави.Тагови: Антонијо Милошоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРистовски: Го решивме проблемот што 12 години го кочеше македонското пливањеПо повеќе од 12 години, македонското пливање конечно исплива на површина. Националната пливачка федерација (НПФ) со поддршка од Министерството за спорт, го надмина долгогодишниот проблем со блокираната сметка и целосно се враќа во функција. Решавањето на овој проблем е значаен чекор кон финансиска и организациска стабилизација на Федерацијата и создавање услови за понатамошен развој на македонското пливање. На денешната прес-конференција, на која присуствуваа министерот за спорт, Борко Ристовски, и претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, официјално беше соопштено дека обврските се исполнети и проблемот е надминат. „По речиси една и пол година од состанокот што го имавме во Министерството за спорт и кој за македонското пливање значеше тргнување од мртва точка, еве денеска имаме уште поконкретен резултат. Секој си ги исполни зацртаните задачи во рамките на своите ингеренции и тоа донесе резултат. Обврската на Министерството за спорт и на Владата беа да се обезбедат средства и да се одблокира сметката на Федерација што беше блокирана 12 години и ние тоа во целост го исполнивме. Обврската на Националната пливачка федерација и на претседателот Сашо Лазаревски беше да обезбедат непречено функционирање, сите клубови да бидат во една федерација, да нема поделби и проблеми како претходно. Пливањето ќе ја има нашата поддршка затоа што во федерацијата има луѓе кои се посветени и одговорни, искрено го сакаат спортот и сакаат да напредуваат и сигурен сум дека во иднина ќе имаме уште поголеми успеси во овој спорт“ – рече министерот Борко Ристовски. Министерот за спорт истакна дека решавањето на долгогодишниот проблем е важен чекор кон враќање на стабилноста и создавање нови перспективи за македонското пливање. Во насока на долгорочно унапредување на пливањето, Министерството за спорт, во соработка со општините и раководството на НПФ, работи на создавање услови дел од базените што ги гради државата да бидат предадени на управување и користење на Федерацијата. „Нашата обврска како Министерство за спорт е да ги отстрануваме пречките што го кочат спортот и да создаваме услови во кои спортистите ќе можат да напредуваат и да остваруваат резултати. Ова е важен чекор, но продолжуваме и со конкретни мерки за подобрување на спортската инфраструктура и условите за тренинг. Во таа насока е и новиот модел на стопанисување со спортските објекти што ги гради државата. Еден од новите базени веќе е предаден на управување на Националната пливачка федерација, а наскоро ќе биде завршена процедурата за уште два други, сѐ со цел спортистите да добијат подобри услови за работа, со овие спортски објекти правилно да се стопанисува и тие во целот да ја исполнат својата намена“ - посочи Ристовски. Овој пристап има за цел да овозможи подобро искористување на спортската инфраструктура, поголема достапност на базените за пливачите, за Федерацијата и за клубовите и создавање подобри услови за развој на младите таленти. Претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, изрази благодарност за поддршката и добрата соработка со Министерството за спорт и најави почеток на нова ера за македонското пливање. „Со огромно задоволство сакам да соопштам дека заедно со Министерството за спорт успеавме да исполниме сите задачи што ги поставивме пред една и пол година и дека Националната пливачка федерација сега работи со одблокирана сметка,функционира одлично обединета и сите клубови заедно работат на тоа. Благодарност до министерот за спорт кој даде ветување и се заложи за нашата федерација, благодарност и до Владата која изнајде средства и начин да ни помогне и еве денеска ние започнуваме една нова ера“ – рече Лазаревски. Со решавањето на проблемот со блокираната сметка и со активностите за подобрување на инфраструктурните услови, Министерството за спорт продолжува со поддршката на македонското пливање и со заложбите за негова стабилизација и враќање на патот кон нови спортски успеси. Министерство за спортТагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59