Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
2Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени
3Славјанка Петровска: Господине Славески, Вие ќе ја земете целата плата. На клиентите на Алта банка им остануваат 10.000 денари неделно од сопствените пари.
Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
2Новиот изглед на Џенифер Лоренс предизвика реакции: Хирурзи проценуваат дека пластичната операција би можела да чини 30.000 долари
СветПутин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лицаРуското правосудство во текот на минатата година осудило 1.075 лица за „тероризам“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, додека во тек е силна акција против критичарите на војната во Украина.Иако Русија постојано е цел на терористички напади и бомбашки напади, вклучително и оние организирани од џихадистичката организација Исламска држава, обвинението за „тероризам“ има многу поширока употреба во рускиот судски систем. Случаите на „тероризам“, но и „екстремизам“, „предавство“ и „шпионажа“ се намножија за три години против Русите обвинети за соработка со Киев или дека се противници на „специјалната војна“ - рускиот напад врз Украина. Овие судења обично се одржуваат зад затворени врати во воените трибунали и неколку детали се објавуваат во јавноста. Често се изрекуваат многу тешки затворски казни. -Минатата година околу 950 такви случаи (за тероризам) беа истражени и 1.075 лица беа осудени, рече Путин во говорот пред судиите. Според руската невладина организација за права ОВД-Инфо, во Русија се гонети 1.184 лица поради противење на конфликтот во Украина. Според Олег Орлов, ко-основач на организацијата Меморијал, Русија држи 868 политички затвореници, а веројатно има повеќе. Путин денеска ја пофали „посветеноста“ на руските судии и рече дека на окупираните територии на Украина се формирани 100 судови со 570 судии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06
МакедонијаДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачитеСпоред пресекот направен во 18.30 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 8.595, или изразено во проценти 52.90 %., објави Државната изборна комисија. Во споредба со првиот круг излезноста е зголемена за 8.33 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.30 часот се пристигнати 3 приговори и сите се усвоени. На граѓаните кои ги доставија приговорите им се овозможи да го остварат своето право на глас. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробениПарите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот кои имаат сметки во Алта банка, ќе останат заробени, напиша претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на социјалната мрежа Х, по одлуката на гувернерот Трајко Славески за воведување привремена администрација на Алта банка, со која на граѓаните им се ограничува подигнувањето готовина на 10.000 денари неделно, додека за фирмите нема ограничување. Филипче посочи дека партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите, а народот ќе остане без своите пари. „Каква е оваа одлука на Трајко Славески граѓаните да не можат да си ги извадат парите, да можат само 10.000 денари неделно да вадат а фирмите да можат колку сакаат? Значи парите од криминалните тендери на ВМРО-ОКГ и парите кои Вучиќ ги префрли, а се дел од истрага ќе продолжат да се перат, а парите на народот ќе останат заробени. Криминална одлука на криминална власт. Партиските фирми на организираната криминална група ќе си ги повлече парите а народот ќе остане без своите пари“, напиша Филипче на социјалната мрежа Х. Скопје, 1.11.2026 СДСМТагови: Венко Филипче СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометШампионот Вардар убедлив во супер дербито со Е. Пелистер Ракометарите на македонскиот шампион Вардар пред преполни трибини во Јане Сандански го добија првото сезонско супер дерби против најголемиот ривал Е. Пелистер со убедливи 31-23.Вардар со сигурна игра пред двата гола во текот на целиот натпревар извојува сигурна победа над ривалот во Битола во дербито на 9 коло од Супер лигата. Избраниците на Чупиќ со денешниот триумф се зацврстија на врвот на табелата со максимален ефект по 9 кола и потврдија дека и годинава се главни фаворити за шампионската круна. Пелистер до 40 минута успеваше до одржува резулатска неисвесност, но потоа црвено -црните ја искористија лошата игра на гостите во нападот со 7-6 и од минута во минута го зголемуваа водството до конечни 31-23. Очекувано прв стрелец на дербито беше капитенот на пелистерци Филип Кузмановски до 9 погодици, кај Вардар Љевар постигна 7, од шест даде Да Силва, четири Фадуил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook