Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
2Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави
3Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот
СветПутин: Навални требаше да биде ослободен во размената на затвореници со ЗападотРускиот претседател Владимир Путин на синоќешната прес-конференција во неговиот изборен штаб изјави дека починатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални требало да биде ослободен во размената на затвореници со Западот, јавува ДПА.На прес-конференцијата, Путин рече дека се согласил на договор за размена на затвореници, вклучувајќи го и Навални пред неговата смрт минатиот месец. Претседателот истакна дека главен услов за размената би бил Навални да не се врати во Русија. Путин го нарече покојниот со неговото презиме и рече дека неговата смрт е тажен настан. -Што се однесува до г-дин Навални: да, тој умре. Ова е секогаш тажен настан. Имавме и други случаи на луѓе кои умираат во притворските центри. Слични случувања „се случија и во Соединетите Држави, и тоа многу пати, рече Путин на прес-конференцијата. Според руските власти, Навални починал на 16 февруари на 47-годишна возраст во арктичката казнена колонија „Поларен волк“, во близина на градот Салехард, кој се наоѓа веднаш на Арктичкиот круг, на околу 1.900 километри североисточно од Москва. Околностите околу неговата смрт остануваат нејасни. Неговата вдовица Јулија Навална верува дека нејзиниот сопруг бил убиен. Долгогодишниот соработник на Навални, Леонид Волков, изјавата на Путин ја нарече „цинична“, забележа ДПА. Во победничкиот говор, Путин вети дека ќе ја продолжи војната против Украина Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе ја продолжи војната против Украина и ќе ги зајакне руските вооружени сили за време на новиот претседателски мандат. Тој, исто така, се закани дека ќе ги третира „предавниците“ од волонтерски формации „како да се во воена зона“. Во говорот во изборниот штаб Путин рече дека високата излезност на изборите е последица на драматичните настани низ кои поминува земјата. - Ние сме принудени буквално да ги браниме интересите на нашите граѓани со оружје во раце, рече Путин, мислејќи на вооружената агресија против Украина, која тој ја почна пред повеќе од две години. Зборувајќи за предизвиците на неговиот нов мандат, рускиот претседател истакна дека е неопходно да се решат задачите на специјалната воена операција (како што Русите ја нарекуваат војната во Украина) и да се зајакнат одбранбените капацитети и вооружените сили. Тој, исто така, рече дека на сите агенции за спроведување на законот ќе им биде наложено да го разоткријат секој што се бори против Русија со оружје. Според Путин, претставниците на Рускиот волонтерски корпус „се фрлаат како топовско месо во мелница за месо на државната граница“. Тој го спореди РВЦ со војската на Власов (Руси кои се бореле на страната на Германците во Втората светска војна) и тврди дека од 1.500 доброволци „околу 800 луѓе биле убиени“. Оваа групација, составена од Руси, се бори на страната на Украина против руската инвазија од самиот почеток и неодамна тие ја презедоа одговорносста за упади на руска територија. Путин вели и дека во Русија нема смртна казна, но „ќе се однесуваме со предавниците како да се во воена зона“. Шефот на Кремљ, исто така, рече дека Русија „е за мировни преговори, но само доколку тоа не е затоа што на непријателот му снемува муниција“. Путин изјави и дека Русија во одреден момент би можела да создаде „санитарна зона“ (тампон зона) на територијата на Украина. Тврди дека ќе биде толку длабока што средствата за уништување, пред се од странското производство, тешко ќе ја надминат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизПочина Енди Тејлор, легендарниот гитарист на „Дјуран Дјуран“Енди Тејлор, поранешниот гитарист на британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ (Duran Duran), почина на 65-годишна возраст како последица на рак на простата. Веста за неговата смрт во средата ја потврдија членовите на бендот и неговото семејство. „Енди почина мирно во својот дом, опкружен од своите најблиски, во понеделникот, на 23 ноември“, се наведува во заедничкото соопштение објавено на Инстаграм и на официјалната веб-страница на групата. Неговата сопруга Трејси зборуваше за неговата тешка борба со ракот на простата, истакнувајќи ја храброста со која тој се соочуваше со болеста. „Во последните години, тој се соочуваше со болеста со голема храброст и одлучност. Се бореше до самиот крај, никогаш не губејќи ја љубовта кон животот“, изјави неговата сопруга. Поранешните колеги на Тејлор од бендот – Сајмон Ле Бон, Џон Тејлор, Ник Роудс и Роџер Тејлор – исто така му оддадоа почит. Тие ја истакнаа „негасливата енергија“ и „заслепувачкиот шарм“ што тој ги внесуваше во бендот. „Неговата свирка на гитара беше движечката сила зад песните што нè однесоа низ целиот свет, додека неговиот специфичен, сув хумор – пропратен со неговата извонредно прагматична и непретенциозна животна филозофија – ни помагаше да останеме цврсто на земја и му даде на бендот негов уникатен карактер во текот на извонредните години што следеа“, напишаа членовите на бендот. Енди Тејлор беше дел од составот на „Duran Duran“ што ја дефинираше музичката сцена во 1980-тите години. Неговото свирење гитара и придонесот кон звукот на бендот одиграа значајна улога во нивниот меѓународен успех.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Омлет со зеленчукВо четврток (19.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Антонио Тасевски.Состојки за денешниот рецепт: 4 јајца 1 главица кромид 1 домат 150 гр. свежи печурки 1 зелена лута пиперка 100 гр. кашкавал малки мајонез масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТеодора Евтимовска-Бојковска е предложена во Собранието за нова судијка во Уставниот судТеодора Евтимовска-Бојковска е избрана на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за предлог за нова судијка во Уставниот суд. Нејзиниот избор следува по оставката на досегашниот уставен судија Гоце Наумовски, со што се пополнува испразнетото место во Судот. Евтимовска-Бојковска доаѓа од Основниот суд Гостивар, каде што за судијка е избрана во ноември 2008 година. Претходно работела како стручен соработник во Основниот суд Тетово, а во 2023 година Судскиот совет одлучил времено да ја упати на работа во овој суд, во период од една година. Предлогот за нејзин избор треба да помине и на пленарна седница во Собранието. Уставните судии се избираат со мандат од девет години, без право на повторен избор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter