Путин му одговори на Трамп: Ќе ги поштедиме животите на украинските војници под услов... - Канал 5

Путин му одговори на Трамп: Ќе ги поштедиме животите на украинските војници под услов...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска, одговарајќи на повикот на американскиот претседател Доналд Трамп да ги поштеди животите на украинските војници, рече дека за тоа е потребна наредба од украинското раководство до армијата.

Путин му одговори на Трамп: Ќе ги поштедиме животите на украинските војници под услов...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска, одговарајќи на повикот на американскиот претседател Доналд Трамп да ги поштеди животите на украинските војници, рече дека за тоа е потребна наредба од украинското раководство до армијата да го положат оружјето и да се предадат.

„Во таа насока, би сакал да нагласам дека доколку го положат оружјето и се предадат, ќе им се гарантира живот и достоинствен третман во согласност со нормите на меѓународното право и законите на Руската Федерација“, рече Путин.

Тој истакна дека „украинските милитанти извршиле бројни злосторства против цивилното население на Русија“, но дека ги цени напорите на администрацијата на Трамп за нормализирање на односите со Москва, пренесува РИА Новости.

„Новата администрација, предводена од претседателот Трамп, прави сè за да врати барем дел од она што беше практично сведено на нула, што беше уништено од претходната американска администрација“, рече тој.

Претходно денеска Трамп рече дека имал многу добри и продуктивни разговори со неговиот руски колега Владимир Путин и дека има добри шанси војната во Украина да заврши.

„Постои многу добри шанси оваа ужасна, крвава војна конечно да заврши, но во моментов илјадници украински војници се целосно опкружени од руската војска и се во исклучително тешка и ранлива ситуација“, објави Трамп на Truth Social.

Тој рече дека побарал од рускиот претседател да ги поштеди животите на украинските војници.

„Тоа би бил ужасен масакр, каков што немаме видено од Втората светска војна. Господ нека им е на помош“, рече Трамп.

Путин и Трамп вчера разговараа телефонски.

ОЈО Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот за злоупотреби во РЕК Битола.

ОЈО Битола бара да опстои мерката замрзнување парични средства во предметот РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка – замрзнување на паричните средства во износ од околу 3 милиони евра од банкарска сметка на правното лице Друштво за производство, трговија и услуги РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола, бидејќи постои основано сомнение дека парите се стекнати како незаконска корист од кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластувања од член 353 од Кривичниот законик.

Имено, постапувајќи по жалба на правното лице, Кривичниот совет на Основниот суд во Битола донел решение со кое ја преиначил одлуката на судијата на претходна постапка и дозволил одмрзнување на паричните средства, а во замена е определена мерка – забрана за располагање и оттуѓување на недвижен имот и моторни возила во сопственост на правното лице.

За одлуката на Кривичниот совет на битолскиот суд, ОЈО Битола ниту беше известено, ниту имаше право на жалба. Одлуката за одмрзнување на паричните средства била донесена дури 2 месеци по изјавената жалба на правното лице и на истиот ден кога Основното јавно обвинителство Битола во Судот поднесе обвинение против 10 лица за злоупотреби при јавни набавки за избор на фирма за ископ на јаловина во РЕК Битола преку кои постои сомнение дека била стекната значителната имотна корист. Со обвинението се предлага одземање на таа корист доколку биде донесена осудителна пресуда.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола смета дека со донесеното решение на Кривичниот совет за одмрзнување на паричните средства се оневозможува односно се прави целосно неизвесна идната евентуална конфискација на овие парични средства како директна имотна корист од кривичното дело.

Уште повеќе што со преиначување на првично определените мерки Судот дозволил во замена за паричните средства да биде замрзнат имот – една парцела во индустриска зона и 37 возила за кои воопшто не постои доказ дека се стекнати по извршување на кривичното дело или дека имотната корист била употребена за нивна набавка. Станува збор за возила од кои повеќето се произведени во 2007 и 2008 година, а дел и во 90-тите години од минатиот век што никако не упатува дека биле предмет на кривично дело кое согласно обвинението било извршено во 2022 и 2023 година.

Од тие причини ОЈО Битола итно реагираше по дознавањето за оваа одлука, ги извести Управата за финансиска полиција и Управата за финансиско разузнавање и веднаш достави нов предлог до Судот за обезбедување на имотната корист додека трае постапката. Судечкиот судија во предметот го прифати предлогот и донесе решение одново да ги замрзне паричните средства на сметката на РУД-КОП, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег

 Под влијание на влажен бран, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови, ќе има обилни врнежи од дожд (над 30 литри на метар квадратен).

Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег

На повисоките планини ќе има услови за повремен снег.

Утре, како што соопшти УХМР, ќе дува умерен до засилен југоисточен, а во петок северен ветер (над 60 километри на час), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а.дневните температури повторно ќе бидат во пораст.

Во Скопје, во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Утре ќе дува умерен до засилен југоисточен, а во петок северен ветер. Во деновите од викендот и во понеделник ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди.

Манасиевски:Поминаа 4 дена откако Филипче призна дека има златна виза за Дубаи и го снема

Ако Филипче преговарал за златна виза за да работи за доктор, како добил златна виза а нема нострифицирана диплома?

Манасиевски:Поминаа 4 дена откако Филипче призна дека има златна виза за Дубаи и го снема

Поминаа 4 дена откако Филипче призна дека има златна виза за Дубаи и го снема.

Филипче го снема од јавната политичка сцена, откако се излета и призна дека поседува златна виза за Дубаи.

Филипче мисли дека ако се крие и бега од одговори, јавноста ќе заборави за тоа на каков начин ја има добиено златната виза.

Откако Филипче вчера не ја покажа потврдата за студирање во Дубаи, бидејќи ја нема истата, денес Филипче треба јавно да одговори.

Ако преговарал за златна виза за да работи како доктор, како ја добил златната виза, а нема нострифицирана диплома? Го повикуваме Филипче јавно да одговори, ако преговарал за работа во Дубаи како доктор, и добил златна виза, како го сторил истото без нострифицирана диплома.

Филипче молчи и се крие, СДС веќе не го ни бранат, бидејќи неодбранливото не се брани. Дали Филипче е исплашен од нешто?

Дали Филипче има страв дека нашите тези за златната виза дека му е добиена на поинаков начин од оној на којшто тој кажува, дека ќе испаднат вистинити.

СДС и Филипче тонат во криминал, дрога и корупција. Молчат за потеклото на златната виза за Дубаи на Филипче.

СДС и Филипче се синоним за неспособност, криминал и корупција.

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер