Пуштена првата фаза од Булеварот „Македонија“, стапува на сила нов сообраќаен режим - Канал 5

Пуштена првата фаза од Булеварот „Македонија“, стапува на сила нов сообраќаен режим

Еднонасочни улици, нови сигнализации и кружни движења – целосно се промени „сообраќајниот опис“ кај Тутунски комбинат – пуштена е првата делница од булеварот „Македонија“ .

Пуштена првата фаза од Булеварот „Македонија“, стапува на сила нов сообраќаен режим

Еднонасочни улици, нови сигнализации и кружни движења – целосно се промени „сообраќајниот опис“ кај Тутунски комбинат. Пуштена е првата делница од булеварот „Македонија“ по која возачија и што возачите од утринава се навикнуваат на новиот сообраќаен режим предвиден да го намали хаосот на границата помеѓу Центар и Кисела Вода.

Улицата од Тутунски комбинат кон Јужен Булевар сега е еднонасочна, а и оние кои доаѓаат од јужниот булевар, со намера да продолжат кон „Пролет“ и Аеродром, ќе треба да заобиколат околу стара рампа, која исто така е еднонасочна улица, да се вратат назад, за да продолжат во тој правец.

Интервенции има и на булеварот „11-ти Октомври“, отворена е дополнителна лента кон Аеродром, а во правец кон Кисела Вода, каде досега беа три, сега сообраќајот ќе се одвива во две ленти, дополнително, коловозите сега ги делат новопоставени жардињери. За ваквото решение имаше и бројни реакции, оти според возачите, на семафорот, се создаваат долги колони. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски минатата недела во „Само Интервју“ посочи дека ваквиот потег, смислен од искусни експерти, не е естетски, туку пред се безбедносен, и дека ќе доведе до попроточен сообраќај.

-Средината била стеснета, замислете, на дел каде што ќе се продолжува по еднонасочна улица, има зошто таму е стеснето и зошто има ставено граничници на средината, освен естетиката, тоа е важно ради безбедноста и начинот на одвивање циркуларно на сообраќајот. Јас не сум сообраќен инженер, но тоа е изработено од сообраќајни инженери. Не седнав со шестар да го нацртам тоа и да смислам сега овде ќе ставиме три грмушки и две цвеќиња. Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Скопје.

Според планот, и новосмислениот сообраќен ред, оние кои доаѓаат од правец на Тутунски комбинат кон Јужен Булевар ќе се движат директно кон подземната сообраќајница под Лимак, каде се предвидени два големи кружни тека од двете страни, и од страна на Кисела Вода, и од страна на Нова Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански  ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.

Вардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите

Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона.

РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите.

Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат.

Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски.

Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница.

Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги.

Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази.

Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Американскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.

Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори

Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп.

Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес.

На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето.

Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер