3Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
СветПукотници и експлозии во руски град- во тек е антитерористичка акција (ВИДЕО)Антитерористичка операција започнала во град во Ингушетија, руска република во Северен Кавказ, соопшти регионалниот кризен центар во соопштение за медиумите, пренесува руската државна новинска агенција Тас.„Одлучено е од 19 часот и 30 минути по локално време да се спроведе антитерористичка операција во градот Карабулак во Република Ингушетија“, се наведува во соопштението. Се додава дека се делуво во вкупно четири улици, објави Индекс. ‼️ Russian media reports the introduction of the counter-terrorist operation regime in Ingushetia In a section of the town of Karabulak, FSB special forces have engaged in a firefight with unidentified 'militants,' according to Russian propagandists. Details of the incident are… pic.twitter.com/V9q41DvBmW — NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2024 Извори од полицијата за РИА Новости потврдиле дека борбите со милитантите се во тек. Ingushetia will be free, y'all. If Donbas "deserves to define its fate," so does the actual country under the yoke of Russian colonialism. Now is the time for the colonized nations to obtain freedom. Karabulak: Russian FSB is trying to storm a building taken by "terrorists." pic.twitter.com/m1ornpnGze — Stardust Collector (@ruinwanderer) March 2, 2024 „Во Карабулак е во тек конфликт. Милитантите лоцирани во станбена зграда одбија понуда да се предадат и отворија оган врз службениците за спроведување на законот“, рече изворот. ⚡️The video is reportedly from Karabulak in 🇷🇺Ingushetia. Here, according to Russian propagandists, there was a firefight between the FSB and the fighters of the «Islamic State». pic.twitter.com/NURg5KhpAU — 🇺🇦Ukrainian Front (@front_ukrainian) March 2, 2024 Регионалниот шеф на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) Максим Шевљаков исто така ја коментирал ситуацијата. „Апелираме до граѓаните да останат смирени, за да се избегне хаос и да се почитуваат постапките на надлежните“, стои во неговата порака. На видеата од социјалните мрежи се слушаат истрели и експлозии. 1/2). An armed uprising began in Ingushetia (a state occupied by Russia). It is a subject of the Russian Federation, a part of the North Caucasus Federal District. In the Karabulak part of the city, FSB special forces started shooting with insurgents. pic.twitter.com/G0bSwZDugo — Devana 🇺🇦 (@DevanaUkraine) March 2, 2024 Оперативните служби соопштија дека конфликтот се одвива на улицата „Осканова“ во кругот на станбени згради. „Безбедносните сили гаѓаат стан во една од зградите на оваа улица, која е на третиот кат“, се наведува.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Македонија„Ниту една повеќе“ не сака политичари и партиски членови на нивните протестиНеформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ објави на социјалните мрежи дека „им забранува на сите партиски членови, сегашни и поранешни министри и премиери да доаѓаат на протестите што тие ги организираат против фемицидот .Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе“ објави на социјалните мрежи дека „им забранува на сите партиски членови, сегашни и поранешни министри и премиери да доаѓаат на протестите што тие ги организираат против фемицидот и како што велат, да го претвораат феминистичкиот отпор во квази-партиски декор за сопствената политичка беда“. Истовремено од граѓанската организација ги повикуваат сите изневерени, обесправени, понижени, повредени граѓани и граѓанки да излезат заедно со нив на улица и да побараат одговорност и правда. Нивната реакција следи откако на протестот кој се одржа завчера во скопје беа забележани поранешни политичари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиШок во светот на Мото ГП: Марк Маркез ја завршува кариерата Шампионатот во Мото ГП останува без еден од своите најуспешни и најпрепознатливи возачи.Марк Маркез одлучи да ја заврши својата професионална кариера и ќе го има својот последен настап на патеката за време на викендот на трката за Големата награда на Валенсија, потврди неговиот тим. Веста за одлуката на шпанскиот мотоциклист беше објавена на социјалните мрежи на тимот, со порака што ги изненади фановите на овој спорт. „Официјално е - Марк Маркез одлучи да се пензионира од Мото ГП шампионатот, а Големата награда на Валенсија ќе биде неговата последна трка како професионален возач за тимот на Дукати Леново“. Маркез има кариера исполнета со рекорди, титули и враќања по сериозни повреди. Десет пати го освоил светското првенство во мотоциклизам, а со неодамнешниот триумф во Портимао стигна до осмата титула во најсилната категорија. Со тоа, се изедначи со легендарниот Џакомо Агостини, кој му подари златна кацига за време на прославата. Дукати сè уште не дале официјално објаснување зошто Маркез одлучил да се пензионира. Долгорочните физички проблеми се споменуваат како една од можните причини, првенствено повреди на раката и рамото. Шпанецот треба да се обрати на претставниците на медиумите напладне и подетално да ја објасни својата одлука. Неговиот пат до врвот започна во најниската класа. Својата прва светска титула ја освои во 2010 година, во категоријата до 125 кубни сантиметри, за време на неговата трета сезона во шампионатот. Потоа следеше преселба во Мото2, каде што му беа потребни две години за да освои нов трофеј, по што му беше дадено место во фабричкиот тим на Хонда и можност да се тестира меѓу најдобрите. Уште за време на неговото деби во кралската класа, тој покажа дека е возач од посебен калибар. Во 2013 година, Маркез стана првиот почетник што ја освои титулата во Мото ГП по Кени Робертс во 1978 година, а на само 20 години постави рекорд како најмлад шампион во историјата на натпреварувањето. Следната сезона, тој повторно беше најдобар, и тоа на импресивен начин - поголемиот дел од работата заврши со серија од десет последователни победи. Во 2015 година, тој мораше да му го предаде тронот на Хорхе Лоренцо, но веќе следниот ден започна нова ера на доминација. Од 2016 до 2019 година, Маркез освои четири последователни титули и го потврди својот статус на водечки возач на својата генерација. А потоа дојде период што сериозно ја загрози неговата кариера. View this post on Instagram A post shared by MotoGP™ (@motogp) Тежок пад во Херез во текот на летото 2020 година доведе до скршена рака и дури четири операции. Закрепнувањето траеше долго, и иако се враќаше на патеката и успеваше да победи, Хондата повеќе не беше толку конкурентна како порано, додека на Маркез му беше сè потешко да го извлече максимумот од моторот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТинејџер во мотел во Белград криел снајпер, бомби и над 100 килограми дрогаСрпската полиција вчера во Белград уапси 17-годишник, откако во просториите на мотелот што тој ги користел беа пронајдени снајперска пушка со пригушувач, пет рачни бомби и повеќе од 107 килограми супстанца за која постои сомневање дека е дрога.Малолетникот, кој е од околината на Петровац на Млави, е уапсен од припадници на полицијата од Нови Сад, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Пожаревац, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија. Што е пронајдено при претресот При претрес на апартманот и другите простории во мотелот, полицијата пронашла околу 100 килограми супстанца што наликува на марихуана, 3,5 килограми супстанца што наликува на кокаин и четири килограми супстанца што наликува на хероин, наведува српската полиција. Исто така, запленети се две дигитални ваги и пет куршуми за пушката. Малолетникот се сомничи за неовластено производство и трговија со дрога, како и за недозволено производство, поседување, носење и трговија со оружје и експлозивни материи. По апсењето, тој бил изведен пред судија за малолетници при Вишиот суд во Пожаревац. Полицијата не објави информации за потеклото на оружјето, ниту за тоа кој требало да ја добие дрогата. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook