ЖивотСовети за врски каде има барем еден нарцисИзборот на зборови може да го открие карактерот на партнерот. Психолозите во таа смисла истакнуваат пет видови реченици на коишто треба да се обрне внимание доколку има сомнеж за нарцис во врската, т.е. личност која ќе направи сѐ за да го понижи другиот и да ја одржи контролата. Стручњаците велат дека таквата личност се грижи само за себе и секогаш постои нешто што го / ја издава. 1. „Мојaтa поранешнa девојка беше луда.“ Кога партнерот ќе почне да зборува за поранешните партнери како „луди“, тоа може да биде знак дека се обидува да манипулира со Вашето мислење и да ги оправда евентуалните лоши свои постапки во иднина. 2. „Не барам драма. / Дали ова секогаш ќе ти биде проблем? Оваа реченица, всушност, обично доаѓа од луѓе кои предизвикуваат драма. Не сакајќи да преземат одговорност за своите постапки, тие се обидуваат да ве претстават како виновник за нормална комуникација или за проблеми што може да се појават. 3. „Имаш среќа да го имаш / постигнеш тоа.“ Наместо да ја признае Вашата напорна работа и таленти, нарцисот го припишува Вашиот успех на среќата. Ова може да укажува на завист и недостаток на емпатија. 4. „Мојата поранешна ми е најдобар пријател. Никој нема да стои меѓу нас.“ Нарцисите често манипулираат со својата околина за да ја задржат контролата и своето „истакнато место“. Со создавање заштитни бариери околу своите пријатели од спротивниот пол, тие се обидуваат да предизвикаат љубомора и да добијат моќ над другиот во врската. 5. „Секогаш ги сфаќаш работите на погрешен начин. / Премногу си чувствителен. / Тоа е само шега. / Ми треба некој што не се сфаќа себеси сериозно.“ Овие реченици често се користат како изговор за емоционалната злоупотреба или за навреди. Нарцисите често користат „само шега“ како изговор за нивните нечувствителни коментари, однесување, или можните навреди. Како што пишува порталот „Крстарица“, треба да се биде внимателен на овие знаци, бидејќи тие можеби укажуваат на подлабоки проблеми во врската и манипулативно однесување што може да биде штетно за севкупната емоционална благосостојба. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
МакедонијаДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:Според пресекот направен во 13 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 4518 , или изразено во проценти 27.81 %. Во споредба со првиот круг на изборите кој се одржа на 18 октомври 2026, излезноста е зголемена за 7.31 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 13 часот е пристигнат 1 приговор кој е усвоен и на гласачот му е овозможено да гласа. Следната информација за пресекот на излезноста на гласачите и текот на гласање следува на прес конференцијата во 15.30 ч, која ќе се одржи во седиштето на ДИК.Тагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиНеготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија. Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Скопје опожарен паркиран автомобил пежо Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook