3Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
МакедонијаОтказ за 18-те спорни вработувања на Токсикологија Буџетот на клиниката оштетен за 650 илјади денари.Нема повеќе „каубојски вработувања“ на Клиниката за токискилогија. Вработувања нови се потребни, но тоа ќе биде преку конкурси и легално, изјави денеска новиот директор на клиниката за токсикологија Андон Чибишев. Директорот посочи дека дефинитивно од денеска спорните 18 претходно нелегални вработени нема да доаѓаат на работа. А до надлежните институции ќе се проверува целиот процес на работа. Чибишев потврди дека буџетот на клиниката е оштетен за 650 илјади денари бидејќи спорните вработени биле исплаќани со пари од клиниката кога Иљази била економска директорка. Директорот на токсикологија посочи дека вработена е само биологот без кого клиниката не може да функционира. Тој веќе разговарал со министерот за нови вработувања. На клиниката нема доктори, сестри, болничари, хигиеничари. Најмладите доктори се над 50 години. Чибишев вели дека новото раководство на Клиниката нема да се занимава со реваншизам, прогон на неистомисленици и со правење опструкции. Најави дека нивен приоритет ќе биде подобрување на условите на Клиниката за работа, набавка на нова медицинска опрема, воведување нови протоколи на лекување и подобрување на комуникацијата со медиумите и останатите здравствени институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Распад на ЗНАМ – во тек е последната битка за фотелји меѓу Максо и МинчевСе случува тотален распад на ЗНАМ. ЗНАМ беше вештачки создаден проект чија единствена цел беше да го ослабне СДСМ и да му обезбеди гласови на Мицкоски. Сега, кога таа функција е завршена, дојде време за нивниот крај. Во ЗНАМ во тек е последната битка за фотелји и тендери меѓу единствените што останаа, Горан Минчев и Максим Димитриевски. Веќе не му се потребни на Мицкоски, па меѓусебе се борат за последните остатоци од она што им беше ветено. Класичен пример на политичка корупција и морален банкрот на луѓето кои прво ја предадоа својата партија а потоа и своите гласачи. Влегоа во политиката исклучиво за лична корист, ја наплатија својата улога на сателит на ВМРО, а наскоро ќе бидат фрлени во ѓубриштето на политичката историја. Кога некој ја продава својата идеологија, својата партија и своите гласачи за фотелја, тоа не е политика. Тоа е предавство за пари. Бидејќи ЗНАМ веќе не постои ниту во анкетите ниту во гласови, Христијан Мицкоски работи на создавање на нов сателит - ЗНАМ 2.0. Граѓаните го препознаваат тоа и нема да дозволат да бидат излажани. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСЗО: 1.300 луѓе починаа од високите температури во ЕвропаНезапаметениот летен топлотен бран во Европа веќе однесе стотици животи, предупреди шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.Само од 21 јуни наваму се регистрирани повеќе од 1.300 прекумерни смртни случаи поврзани со високите температури, кои тој ги нарече „тивок убиец“. Најпогодена е Франција, каде здравствените власти пријавија околу 1.000 смртни случаи повеќе од очекуваното, главно кај лица над 65 години. Високите температури предзвикаа и огромни економски загуби и штети. Во Германија пукна асфалт и бетонски површи на автопатите, искривини пруги.. Жештините го загрозија и енергетскиот сектор. Унгарската нуклеарна централа „Пакш“ мораше да го намали производството бидејќи реката дунав е премногу топла за да служи како ладилник. Во Италија, реката по пресушува, што дозволува продор на морска вода во внатрешноста и сериозно го загрозува земјоделството. Црната статистика ја дополнуваат и десетици случаи на давење на луѓе кои барале спас од жештините во водите ширум континентот.Тагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизМадона призна дека и била љубоморна на оваа пејачка!!-„Никогаш нема да бидам толку убава како неа“Светската музичка ѕвезда, кралицата на поп-музиката Мадона во ново интервју откри дека во минатото и била малку љубоморна на својата колешка Кајли Миног затоа што сметала дека австралиската пејачка е премногу слатка.Имено, Мадона разговараше за ова и за голем број други теми со Греам Нортон во познатата лондонска концертна сала Коко. Водителот ја потсети Мадона на доделувањето на MTV Europe Music Awards во 2000 година, кога носеше маица со името на Кајли Миног напишано со циркони. Тој беше заинтересиран како се појавила таа модна идеја. „Бев во мојата вестерн фаза, лепев кристали на сè и размислував за пејачите во кои бев малку заљубена“, се присети Мадона. „Секако дека помислив на Кајли и направив маица со нејзиното име на неа.“ Миног, која исто така учествуваше во интервјуто, се присети на својата реакција кога ја виде маицата на Мадона. „Немаше никаква најава. Не знам што направив, веројатно речиси се онесвестив. Беше неверојатно“, рече таа. Потоа Мадона ги сподели своите искрени мисли за австралиската ѕвезда. „Всушност, малку ти љубоморев“, истакнала мадона. „Зошто?“, праша Нортон. „Затоа што беше толку слатка“, одговори Мадона, алудирајќи дека нејзиниот тогашен сопруг, режисерот Гај Ричи, исто така влијаел врз нејзините чувства. „Мислев: „Никогаш нема да бидам толку убава како Кајли!““ Нортон ја искористи можноста да ги провери гласините за можна соработка меѓу двете музички ѕвезди на новиот албум на Мадона, кој треба да излезе на 3 јули. „Се шпекулира дека Кајли е на албумот „Confessions II“. Можете ли да го потврдите тоа?“, праша тој. Пејачите се насмевнаа и гледаа, но не сакаа да ги потврдат или негираат шпекулациите. „Зошто мора да знаете сè? Толку сте љубопитни“, одговори Мадона на крајот.Тагови: Мадона Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09