3Филипче: Со Мицкоски странските инвестиции паднаа на само 18 милиони, дупката во ПИОМ е удвоена на една милијарда евра
Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
2 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
ФудбалПСЖ за седум минути продал 150.000 дресови на Меси, клубот заработил 16,2 милиони евра (ВИДЕО)Лионел Меси вчера потпиша за ПСЖ, а колку е голем овој настан за клубот од Париз најдобро се опишува со фактот дека дури 150.000 дресови со неговото име и број 30 се продадени за рекордно време.Оваа бројка ја потврди Киран Мегваер, предавач од Универзитетот во Ливерпул за време на интервјуто што го дал за CNBC. Интернет -продавницата на ПСЖ што продава дресови започнала со продажбата вчеравечер во 23 часот, а веќе во 23:07 часот сите дресови биле распродадени. Покрај тоа, од моментот кога Меси потпишал за ПСЖ, имало постојана редица пред фан шопот на Паркот на принцовите. Фановите чекале можност да го зграбат својот дрес со името на новата sвезда на клубот. Cristiano Ronaldo arrived at Juventus and everyone including Cuadrado the wearer knew No. 7 is automatically his... Messi has arrived at PSG and has now been asked to choose another number, cos Neymar will continue with his No. 10. There’s levels to this “respect” thing🐐 — UG (@UgwunnaEjikem) August 10, 2021 Само неколкумина имале среќа и успеале да стигнат до дресот на лице место. Дресовите се потрошиле по само половина час. Парижаните се обидуваат да направат што е можно повеќе дресови и работат прекувремено, така што секој навивач може да си дозволи да купи скапа маица со грбот на ПСЖ и натпис „Меси“. Damn man! They can’t print Messi jerseys fast enough. Messi jerseys selling out like popcorns. pic.twitter.com/MEXv5lV1tp — Barça Football Talk🎙 (@BarcaFootba11) August 11, 2021 Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, на официјалната презентација на Меси претходно денеска рече дека „ПСЖ веќе заработил голем дел од парите што ги вложил“ и дека „тој самиот не може да поверува во сумата што ја видел во фан шопот“. Ако сведеме се` на едноставна пресметка, со продажбата на 150 илјади дресови по цена од 108 долари, се доаѓа до заработка од 16,2 милиони евра за седум минути. Секако, ПСЖ не ги прави сите пари од продажбата на дресови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНов Зеланд: Не сме разговарале со ЕУ за статусот на придружен членНов Зеланд не водел разговори со Европската Унија за можноста да стане придружна членка, изјави денеска портпаролот на новозеландскиот министер за надворешни работи Винстон Питерс, откако ЕУ објави дека разгледува таков предлог за Канада. „Немало никакви дискусии со ЕУ за тоа Нов Зеланд да стане придружна членка“, рече портпаролот, како што пренесе Ројтерс. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во средата изјави дека сака да ѝ ја отвори вратата на Канада да стане првата „придружна членка“ на ЕУ, во обид да се воспостават нови врски меѓу сојузниците во „отворено непријателски свет“. Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на ЕУ со царини доколку продолжи со предлогот за Канада, нарекувајќи ја идејата „смешна“. Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, вчера изјави дека Австралија и Нов Зеланд би можеле да го следат примерот на Канада во продлабочувањето на односите со ЕУ. „Не се сомневам дека во ова ќе бидат вклучени и други земји“, рече таа во интервју за телевизиската мрежа „Еуроњуз“. „Тоа веќе го гледаме, вклучително и во однос на законодавството што го усвојуваме, каде што партнери од целиот свет – како Австралија и Нов Зеланд – ни порачуваат: сакаме да ги продлабочиме нашите односи.“ Австралискиот министер за трговија, Дон Фарел, во вторникот изјави дека Австралија е „на иста бранова должина“ со Канада во однос на напорите за воспоставување посилни врски со ЕУ.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСамба во Манчестер – запамтете го ова име! Младиот фудбалер Флојд Самба е главна тема на вечерта во светскиот фудбал, откако остави одличен впечаток на своето деби за Манчестер Сити.17 годишниот Флојд Самба вчера дебитираше за првиот тим на Манчестер Сити и „не само што блесна на ’Етихад‘, туку и го засени уште еден многу познат тинејџер од Манчестер“, пишува Би-би-си по победата на Сити од 5:0 против Норич во Лига-купот. „Сториите на порталите, објавите на социјалните мрежи и новинските колумни оваа недела беа преплавени со вести дека високоценетиот 15-годишен напаѓач Џеј-Џеј Габриел е пред заминување од Манчестер Јунајтед. Сепак, таа приказна во петокот беше засенета од импресивното професионално деби на 17-годишниот Самба, кој постигна два гола во победата на Сити од 5–0“, се вели во текстот со кој тинејџерот му се претставува на јавноста. Флојд Самба е германски младински репрезентативец, има само 17 години и вечерва блесна против Норич во победата од 5:0 на „Сити“ во осминафиналето на Лига-купот. Samba gives Manchester City the lead !! https://t.co/IWW2iQeGoc — Best Moments Captured. (@BestMomentsCa) September 17, 2026 Самба го отвори резултатот со прекрасен удар со глава во 29-тата минута, по асистенција на уште еден дебитант во дресот на „Граѓаните“ – Бразилецот Алан. Шерки зголеми на 2:0 во 32. минута, а потоа Алан го круниса своето деби со прекрасен гол во 48. минута, повторно насочувајќи го вниманието кон Самба. И како да не биде така, со оглед на одличниот гол што го постигна во 54. минута, по втората асистенција на Аит-Нури. Уште еден тинејџер, Рајан Мекаду, го постигна петтиот гол во 90. минута од натпреварот. Во осминафиналето на Лига-купот, Сити ќе се соочи со Брајтон, кој претходниот ден го шокираше Јунајтед на „Олд Трафорд“. Презимето Самба им е добро познато на долгогодишните следбеници на Премиер-лигата, забележува Би-би-си, потсетувајќи дека Флојд е син на поранешниот одбранбен играч на Блекбурн и КПР, Кристофер Самба, кој одиграл 171 натпревар во Премиер-лигата за тие два клуба, како и уште 12 во Чемпионшип за Астон Вила.Тагови: Манчестер сити Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Овој правосуден систем со 2% доверба го партизираа СДС и ДУИОвој правосуден систем со 2% доверба го партизираа СДС и ДУИ, за денес да штитат поединци и моќници блиски до нив.Овој правосуден систем со 2% доверба, кој штити политички моќници од опозициските редови, го создадоа и партизираа СДС и ДУИ. А, сега гледаме дека таквата партизација со нивни инсталации бирани во партиските штабови во Струмица и Зајас, СДС и ДУИ го правеле, за сега да ги штитат нивните интереси и на нив блиските моќни поединци. Дел од инсталациите во правосудниот систем, блиски и дел до структурите на СДС се лица како Весна Дамева, поранешен претседател на Судскиот совет, која била член на партиска комисија на СДС. Тука е и Добрила Кацарска, судијката која изрече вкупно 211 години затвор за случајот 27 април, па како награда, СДС ја инсталираше во Уставниот суд, која денес продолжува да работи во нивен интерес и за политички поени, грчевито да се бори да го укине линеарното зголемување од 7000 денари на пензиите. Не треба да го заборавиме Наќе Георгиев, кој токму во периодот на власта на СДС, напредуваше до Врховниот суд, а потоа стана и член на Судскиот совет. И секако, во оваа екипа дел е и Вилма Русковска, обвинителката која го застапуваше обвинението за 27 април, која стана еден од главните симболи на обвинителството во времето на СДС и на ДУИ. Ова е класична партизација и инсталација на подобни кадри во правосудството, кои наместо во интерес на правдата и граѓаните, работат за да ги заштитат интересите на СДС и ДУИ. Овие лица со години напредуваа во кариерите, извршуваа дел од највисоките позиции во правосудството, за сметка денес да бидат заштитени поединци и моќници блиски до СДС и ДУИ, како што е и еден од последните случаи на затворање на истрагата на модуларните болници и спасот од кривична одговорност на Венко Филипче. Поголем доказ од ова дека правосудните инсталации на СДС и на ДУИ имаат име и презиме, нема. Но тоа што треба да се знае е дека, веќе е време во Македонија да стави крај на правосудство предводено од СДС и ДУИ и законот да важи еднакво за сите. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter