ПСЖ го распродава речиси целиот тим, Италијаните одат „на шопинг“ во Париз - Канал 5

ПСЖ го распродава речиси целиот тим, Италијаните одат „на шопинг“ во Париз

ПСЖ мора да заработи 100 милиони евра од продажбата на фудбалери во јануари, објави францускиот L’Equipe.

ПСЖ го распродава речиси целиот тим, Италијаните одат „на шопинг“ во Париз

ПСЖ минатото лето ги доведе Лионел Меси, Серхио Рамос, Ахраф Хакими, Џанлуиџи Донарума и Џорџини Вајналдум, заработувајќи само девет милиони евра од заминувањето на играчите. L’Equipe пишува дека тоа значи дека ПСЖ сега ќе мора да заработи 100 милиони евра во јануари за да ги почитува правилата за финансиски фер-плеј и да не биде казнет.

Најголемото име што може да оди од Париз е Мауро Икарди. Аргентинскиот напаѓач чија вредност се проценува на 28 милиони евра е желба на торински Јувентус. Рафиња оди на позајмица во Реал Сосиедад, а од Париз ќе си заминат и Јулијан Дракслер, Абду Диало, Тило Керер, Лајвин Курзава и Серхио Рико. ПСЖ верува дека ќе добие по 25 милиони евра за Диало и Керер, а за Дракслер кој има годишна плата од 4,2 милиони евра планира да добие околу 15 милиони.

ПСЖ мора да најде и 40 милиони евра за да го задржи Нуно Мендеш, португалскиот дефанзивец кој оваа сезона настапува за ПСЖ како позајмен од Спортинг.

Скај Спорт Италија пишува дека италијанските клубови се свесни за ситуацијата во која се наоѓа ПСЖ и дека планираат шопинг во Париз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рокас, денеска ќе му го предаде Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот Мицкоски

Извештајот за напредокот на земјата кој Европската комисија го објави вчера, денеска ќе му биде врачен на премеирот Христијан Мицкоски од страна на евроамбасадорот Михалис Рокас.

Рокас, денеска ќе му го предаде Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот Мицкоски

По врачувањето двајцата ќе одржат заедничка прес конференција. Европската комисија во извештајот констатира дека земјата бележи одредени позитивни резултати во спроведувањето на реформската агенда и планот за раст за Западен Балкан, но дека евроинтегративниот процес и понатаму е блокиран поради неусвојувањето на уставните измени.

Во документот се посочува дека корупцијата останува широко распространета, а борбата против неа не бележи напредок. Особено загрижуваат случаите на корупција на високо ниво, кои често се одложуваат и застаруваат, создавајќи впечаток на неказнивост. Ограничени резултати се забележани и во правосудството, а позитивни оценки земјата доби и за целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната

Град Скопје започна со големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која се обновува зеленилото и се раззеленуваат јавните површини, а до крајот на сезоната за садење ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници.

Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната

- Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење. Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат. За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат – изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Скопје се сака со дела и дека посветено работи на зелено и чисто Скопје, што е еден од неговите приоритети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола

Денеска  почнува исплатата на средства за клиентите на Алта банка во Битола кои немаат платежни картички.

Од денеска исплата на пари за клиентите без картички во Алта банка во Битола

Народната банка вчера информираше дека парите ќе се подигнуваат од шалтерите во главната филијала на Банката.За таа цел ќе бидат отворени повеќе шалтери на улицата Добривое Радосављевиќ број 21.

Граѓаните ќе можат да подигнат најмногу 20.000 денари во период од две недели.мерката особено се однесува на пензионерите и примателите на социјална помош.од утре , филијалата ќе работи во две смени, вклучително и во сабота.

Граѓаните ќе добиваат СМС-пораки со точниот ден и час за подигање на средствата.од Народната банка апелираат да се почитуваат определените термини за да се избегнат гужви.За оние кои нема да можат да дојдат во закажаниот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини.на шалтерите ќе се врши исклучиво исплата на готовина, без други банкарски трансакции.во тек е подготовка за отворање вакви шалтери и во други градови во земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер