Првиот човек на српскиот фудбал е заразен со коронавирус

Претседателот на Фудбалскиот сојуз  на Србија , Славиша Кокез денеска е примен на Инфективната клиника на Клиничкиот центар на Србија поради коронавирус.

По тестирањето, потврдено е дека ,,Кока-кола” е позитивна на опасниот вирус.

Српски Телеграф.рс пишува дека Кокез утрово бил примен во болницата и неговата состојба е стабилна. Тој нема треска и нормално комуницира со медицинскиот персонал.

„Телеграф“ пишува, иако досега не е потврдено, дека Кокез присуствувал на конгресот на УЕФА во Амстердам пред неколку дена и дека постои можност таму да стапил во контакт со заразени лица .

Инаку , сите водечки луѓе на УЕФА биле на конгресот, вклучително и претседателите на фудбалските сојузи од регионот.

притисни ентер