Првиот авион слета по целодневниот хаос на аеродромот во Лондон- погодени се 200.000 патници - Канал 5

Првиот авион слета по целодневниот хаос на аеродромот во Лондон- погодени се 200.000 патници

Поради прекин на работата, предизвикан од пожар, беа погодени најмалку 1.350 летови до и од аеродромот Хитроу во Лондон .

Првиот авион слета по целодневниот хаос на аеродромот во Лондон- погодени се 200.000 патници

Услугите за следење покажале дека неколку авиони биле пренасочени кон аеродромот Гетвик надвор од Лондон, аеродромот Шарл де Гол во Париз и аеродромот Шенон во Ирска.

• Колку долго ќе траат прекините?

• Дури и ако аеродромот повторно утре се отвори, прекините се очекува да траат со денови бидејќи авиокомпаниите ги враќаат заглавените авиони и екипажот на летот на позиција и работат на сместување на патниците чии летови се откажани.

• Исклучувањето на Хитроу имаше огромно влијание врз меѓународните патувања бидејќи тој е најпрометниот аеродром во Европа и еден од најпрометните во светот.

OAG, давател на податоци за патувања со седиште во Британија, обезбеди некои статистички податоци за Хитроу и откажаните летови.

_ Хитроу е петти по големина аеродром во светот и втор по меѓународен капацитет.

_ Повеќе од 1.300 летови беа закажани во текот на денешнито ден.

_ Бритиш ервејс, која има своја главна база во Хитроу, беше оператор на повеќе од половина од тие летови.

Дестинациите кои беа најмногу погодени го вклучуваа њујоршкиот ЏФК, кој имаше откажани летови со капацитет од 5.300 седишта; Дубаи со 4.500 седишта и Франкфурт со 3.000 седишта.

• Првиот авион слета на лондонскиот аеродром Хитроу откако пожар во електрична трафостаница го затвори најпрометниот центар за воздушни патувања во Европа.

Авионот на Бритиш ервејс слета околу 18 часа откако аеродромот беше затворен поради голем прекин на електричната енергија, објави АП.

Хитроу ги откажа сите летови за тој ден, но можеше да продолжи со некои по враќањето на електричната енергија.

Повеќе од 1.300 летови до и од Хитроу беа погодени, соопшти службата за следење летови FlightRadar 24. Проблеми поради прекинот најверојатно ќе траат неколку дена, бидејќи патниците се обидуваат да ги презакажат своите патувањ, а авиокомпаниите работат на репозиционирање на авионите и екипажот.

• Шефот на Хитроу се извини за нарушувањето предизвикано од целодневното затворање на аеродромот, но вели дека немало друг избор освен да се затвори аеродромот од безбедносни причини.

Главниот извршен директор Томас Волдбај рече дека „нема да го затвориме аеродромот доколку не имаме сериозни безбедносни грижи“.

Повеќе од 1.300 летови поради полетување или слетување беа прекинати, погодувајќи повеќе од 200.000 патници, откако пожар избувна во електрична трафостаница во близина на аеродромот.

Волдбај рече дека Хитроу ја црпи струјата од три трафостаници, а две сè уште работат. Тој рече дека тоа е доволно за да се врати струјата, но неопходно е да се реструктуира снабдувањето со електрична енергија по пожарот за да се врати Хитроу и да работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалото новороденче на ГАК тежи 730 грама

730 грама е најмалото новороденче, родено во 25 гестациска недела во моментов е најмалото бебе на ГАК. 

Најмалото новороденче на ГАК тежи 730 грама

На клиниката за гинекологија и акушерија во пораст се предверемно родените бебиња. Педијатрите објаснуваат дека грижата за здравјето треба да пред планирањето на бебе. Чести причини за за предвремно пораѓање се висок притисок, проблеми со тиродната жлезда, аномалии на матката, возраста кај родилките. Од првиот ден почнува битката за малите борци и е важно да има добар кадар и опрема.

„Ова е едно искуство кое што во животот веќе нема никогаш да го помине. Затоа донацијата од Проџект Хоуп за нашите борци спасува живот. Поставувањето на долгите интервенски линии е поставување на еден флексибилен долг катетер во самата вена. 01.22 Пред се преневираме нанесување на болка кај овие пациенти ги штитиме од тоа и безбедноста ни е на прво место, затоа што се изложени на голем број на интревенции. “

На Клиниката се зголемува бројот и на возрасни родилки кои им треба поголема нега во делот на интензивното лекување по одредени хируршки интервнеции и подлоги лекувања на клиниката. Но, и пациентки кои имаат компликации по раѓање или операција. Со овој апарат се следи целосно здравствената состојба на пациентките, сите витлани параметри.

Директорката Ирена Алексиоска Папстиев објаснува дека вложувањето во едукација на кадар и опрема е најважен.

„30 тина гинеколози и акушерки беа едуицрани со дводневен курс со цел да се снајдат во оние најкритични ситуации. До 3.21

Ноември е месец посветен на предвреме родените бебиња, навременото препознавање и реагирање ги спасува, апелираат педијатрите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче го известил раководството за разрешувањето на Славјанка Петровска

Претседателот на СДСМ Венко Филипче ја разреши пратеничката Славјанка Петровска од фукцијата заменик – координаторка на пратеничката група на партијата. 

Филипче го известил раководството за разрешувањето на Славјанка Петровска

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја разреши пратеничката Славјанка Петровска од функцијата заменик-координаторка на пратеничката група на партијата. На координација која се одржала вчера, Филипче ги известил присутните за одлуката, а Петровска во изјава за Канал 5 потврди дека го потпишала известувањето до претседателот на Собранието Африм Гаши. Таа вели дека не и била посочена конкретна причина за разрешувањето, но реагира на обвинувањата што, ги упатил партискиот лидер против неа, а кои смета дека оделе во прилог на ВМРО-ДПМНЕ. Таа порачува дека останува верна на социјалдемократските принципи и дека нема да отстапи од своите политички ставови.

„ Функција како функција, менлива е и менлива, се разбира дека за мене тоа не е никогаш ниту било, нити е проблем, затоа што никој не може да ми ја одземе мојата социјалдемократска определба. Јас ништо не сум направила спротивно на интересите на партијата и не може едно раководство или тесен круг на луѓе околу Венко Филипче да се претставуваат дека се тие коишто го зборуваат гласот на членството. Јас кажав и на самата координација, доколку има потреба за елаборирање и објаснување на моите политички ставови кои се однесуваат на партиското раководство, апсолутно јас сум подготвена да се соочам и со членовите на Централниот одбор, но и со членовите на Конгресот на партијата.“

Разрешувањето доаѓа откако Петровска ја поддржа платформата „Разговори за иднината во 12:05“, која бара оставка од Филишче и реформи во партијата. Во гостувањето во „Само интервју“, Игор Ивановски од платфоркмата објасни дека иницијативата не е насочена само кон промена на претседателот, туку и кон промена на начинот на кој партијата ја води опозициската политика.

„Они мислат дека бројот на соопштенија е политичко, партиско, опозициско дејствување? И тоа сè во погрешен тајминг: кога треба да се збори за локални проблеми за граѓаните, тие зборат за Бугарите во Устав. Сега, кога имавме сериозен, и сè уште не е завршен проблемот на тотално руинирање на нашиот безбедносен, правосуден, политички систем со учество или под водство на Бугарија, а тоа е бегството на Ива Михајлова, пример. Имате ситуација кај што Артан Груби излегува од куќен притвор внимавајте – и прави фешта во Чаир. СДСМ на пратенички прашања поставува прашање за ископ на земја.“

Од друга страна, Филипче во телевизиско интервју за Алсат ги отфрли обвинувањата дека актуелното раководство ја губи поддршката во партијата. Воедно, ги обвини иницијаторите на платформата за поврзаност со власта и порача дека нема да дозволи овие случувања да ја поделат партијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија го празнува 23 Октомври- Денот на македонската револуционерна борба

Македонија денеска го одбележува 23 Октомври – празник кој потсетува на стремежот за слобода, самостојност и државност. 

Македонија го празнува 23 Октомври- Денот на македонската револуционерна борба

На овој ден во 1893 година, во Солун, биле поставени темелите на Македонската револуционерна организација, чија борба подоцна ќе го достигне својот врв со Илинденското востание во 1903 година.

Почетоците на организираното револуционерно движење се поврзуваат со група македонски интелектуалци, кои во сложени историски околности решиле да преминат од зборови на дела.

„На овој ден кога ја основаа организацијата, ја основаа македонските интелектуалци – револуционери: Даме Груев професор, Христо Татарчев лекар, Иван Хаџиниколов книжар, Петар Поп Арсов професор... Овие високи македонски интелектуалци се определиле на дејствување и историското значење на овој ден е затоашто го означува почетокот на револуционерната борба на македонскиот народ, за ослободување и за своја држава. Она што треба да се нагласи дека после овој ден кој го празнуваме како празник се поставува основата за продолжување на борбата, по кој следува Илинден 1903 како втор голем македонски национален празник..“

Според професорот Миновски, доколку организацијата не ги поставела темелите и програмата за создавање сопствена држава, понатамошната борба за ослободување на македонскиот народ ќе била многу потешка.

По повод празникот, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека историските идеали денес треба да се преточат во чесна работа, праведност и реформи за просперитетна држава.

Честитка упати и претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој повика на единство, меѓусебно почитување и заедничка одговорност за градење демократско и стабилно општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува еднакво и почитувано.

Во чест на македонските револуционери, денес се положи свежо цвеќе пред споменикот на основачите на ВМРО во паркот „Жена борец“ во Скопје.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер