Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
БалканПрва жртва од пожарите во Албанија, наредена е евакуација на три села во Грамш (ВИДЕО)Ситуацијата со пожарите во Албанија се влошува, а денеска регистрирана е прва жртва од пожарите, соопшти полицијата од Елбасан.Ситуацијата со пожарите во Албанија се влошува, а денеска регистрирана е прва жртва од пожарите, соопшти полицијата од Елбасан, додавајќи дека станува збор за 80-годишен маж кој го загубил животот во пожарот во село кај Грамш, што сам го предизвикал. „Денеска околу 11 часот, лице на возраст од околу 80 години предизвикало пожар во градината на својата куќа, во селото Кулолас, пожар кој излегол од контрола и масовно се проширил во неколку села во округот Грамш. Лицето го загубило животот како резултат на задушување“, се наведува во соопштението за медиумите. Се додава дека полицијата, противпожарната служба и службите за цивилни итни случаи веднаш излегле на терен, каде што "интензивно работат на гаснење на пожарот, како и на евакуација на жителите од селата каде што се проширија пламените јазици". Поради ситуацијата што излезе од контрола, Министерството за одбрана нареди евакуација на жителите на 3 села во подрачјето на Грамш. „Поради пожарите, кои брзо се шират, Министерството за одбрана ги повикува жителите на селата Кулолас, Блетез и Менколаре веднаш да ги напуштат своите домови и да соработуваат со властите за безбедна евакуација, стои во соопштението на министерството. Само во овој дел на земјата, наведува министерството, покрај против пожарната единица и локалната власт на Грамш, вклучени се и 80 припадници на армијата и армиски хеликоптер кои работат непрекинато за да ги изолираат пламените јазици. Тагови: Албанија пожарите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонија без активни пожариЦентарот за управување со кризи денеска за првпат после подолго време информира дека нема активни пожари и пожари под контрола.Во изминатото деноноќие имало вкупно 21 пожар и сите се изгаснати. На ден 12/13.09.2026 година, до 08:00 часот, регистрирани се вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои нема активни пожари, нема пожари под контрола, а изгаснати се 21 пожар, се вели во информацијата од ЦУК.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
ТехнологијаПоранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвотоШефовите на водечките компании за вештачка интелигенција сè погласно предупредуваат на ризиците од трката во развојот на сè помоќни AI системи. Дел од нив отворено повикуваат на поголема претпазливост и безбедносни механизми, додека политичари и експерти бараат и построга регулација. Дарио Амодеи, извршниот директор на Anthropic, директно повикува да се забави темпото на развојот. -Мојата прва загриженост е што, од приближно летово, вештачката интелигенција напредува драматично побрзо, пред сè поради сè поголемата способност на AI да ја гради следната генерација на AI. Ако не се контролира, овој процес би можел да ја надмине нашата способност да ги разбереме и контролираме овие системи. Затоа, со него мора да се постапува исклучително внимателно — доколку воопшто продолжи. На ризиците од брзиот развој претходно предупредуваа и други влијателни имиња од технолошкиот сектор, меѓу нив и Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, како и Илон Маск, кој со години предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да носи сериозни ризици доколку не биде соодветно контролирана. Предупредувањата не доаѓаат само од технолошкиот сектор. Американскиот сенатор Берни Сандерс бара уште порадикален чекор – пауза во развојот на напредната вештачка интелигенција, додека не се воспостават јасни безбедносни правила. -Ако лидерите на големите АИ компании признаваат дека губат контрола над нивната екстремно оасна технологија, според мене е неодговорно за општеството да им дозволи да продолжат д аги прават овие продукти дури многу понапредни и многу поопасни. Неопходно е да се стави на „пауза“ овој напреден развој и трајна забрана на супер-разузнавањето и вештачките умови попаметни од секој човек способен да работи независно надвор од нашата контрола. – Берни Сандерс Поранешниот американски претседател Барак Обама повикува на јавна регулација и надзор, за AI да не биде во корист само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. -Важно е да постои јавна регулација која ќе го насочува развојот на оваа технологија, за таа да не им користи само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. Тоа ќе помогне и да се спречат негативните последици од вештачката интелигенција, како дезинформациите и дипфејк-содржините. - Барак Обама – Поранешен претседател на САД Во меѓувреме, трката продолжува. OpenAI, Anthropic, Google и другите технолошки гиганти инвестираат милијарди во развој на нови и помоќни модели, додека истовремено расте притисокот врз владите да воспостават правила за нивна безбедна употреба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризитеДенес Владата на ВМРО ДПМНЕ е со конкретни мерки за горивата и заштита на стандардот на граѓаните.Кога СДС нема што да понуди им останува само политичката критика но веќе им е познато на граѓаните дека на СДС се им смета па дури и конкретни мерки за заштита на стандардот како мерките кои ги превзема Владата на ВМРО ДПМНЕ за горивата. СДС 7 години го крадеа народот, ја распродаваа и омаловажуваа државата и ги понижуваа граѓаните. СДС и Филипче во време на криза профитираа за денес да се луксузираат на јахтите со Заев по Егејот. За разлика од СДС и ДУИ денес нема фудбалчиња по канцелаарии, нема банди по улиците, нема марихуана економија, нема распродавање на државните интереси. Денес Владата се грижи за животниот стандард на граѓаните и превзема конкретни мерки. Во однос на горивата мерки веќе има, намелени акцизи, и ќе се донесат и нови мерки со што наместо зголемување ќе има намалување на цената на горивото. Владата на ВМРО ДПМНЕ продолжува да го штити стандардот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter