Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
БалканКефалојанис: Од почетокот на годинава над 5.600 пожари во Грција, седум од десет се должат на човечки факторСедум од десет пожари се должат на човечки фактор, главно поради невнимание, но имаме некои и со умисла, истакна министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Јанис Кефалојанис.Седум од десет пожари се должат на човечки фактор, главно поради невнимание, но имаме некои и со умисла, истакна министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Јанис Кефалојанис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“, посочувајќи дека од почетокот на 2025 година во земјата имало над 5.600 пожари. Надлежниот грчки министер апелираше до граѓаните да бидат внимателни бидејќи следните 20 дена, поради временските услови и ветерот се очекува да бидат најтешки досега. - Од почетокот на годинава имаме над 5.600 пожари, додека од 1 мај, кога започна сезоната за заштита од пожари до денес, имаме над 3.000, поконкретно 3.100 заклучно со вчера. Во однос на изгорените површини, досега сме под просекот од последните 20 години. Пожарникарите вложуваат огромни напори со копнените и воздушните средства брзо да ги локализираат пожарите, истакна Кефалојанис. За критиките од опозицијата дека Владата и надлежното Министерство немаат план за справување со пожарите, објасни дека годинава се ангажирани 18.000 лица, од кои 15.500 се постојани пожарникари и оние со петгодишен договор, а 2.500 се сезонски, потенцирајќи дека ова е највисокиот број, со оглед на тоа дека во 2019 година биле 4.000 лица помалку. Во однос на воздушните средства рече дека се меѓу 80-85, од кои 50 авиони и хеликоптери се изнајмуваат согласно договорот за периодот 2023-2028 година. - Оваа година имаме двојно повеќе дронови, од 42 на 85. Дроновите вршат одлична работа бидејќи веднаш го откриваат чадот пред да се развие во пожар. Функционираат и навечер, што значи дека и во текот на ноќта знаеме што се случува, нешто што не постоеше претходно. Тоа е мерка за спречување на пожар, објасни Кефалојанис./МИА.Тагови: грција пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
ТехнологијаВладата на САД одобри продажба на моќни чипови од Nvidia на „фантомска“ фирма во КинаАмериканската администрација одобри продажба на чипови за вештачка интелигенција (ВИ) од компанијата „Nvidia“ на кинески фирми кои се поврзани со субјекти на „црната листа“ на САД.Постои зголемена загриженост дека ниту Министерството за трговија, ниту „Nvidia“ не спроведуваат темелна проверка при одобрувањето на кинеските фирми кои добиваат дозвола за ракување со чиповите „H200“ на „Nvidia“, наменети за вештачка интелигенција. Според весникот „The New York Times“, компанијата наречена „New Matrix“ се наоѓа на списокот на одобрени субјекти, иако нејзините канцеларии се празни – опишани како „празна сива школка, со жици што висат од таванот, таму каде што треба да има светилки“. Всушност, весникот пронашол многу малку докази дека компанијата воопшто постои во некаков реален облик: „На интернет има многу малку информации за ’New Matrix‘, компанија основана пред 17 месеци. Името на фирмата го нема во списокот на станари во зградата што таа ја наведува како своја адреса. Во канцеларијата за управување со индустрискиот парк, која се наоѓа во близина, и рецепционерот и менаџерот изјавија дека немаат никаква евиденција за постоењето на оваа компанија“, пренесува „NYT“. Дури и оние малку достапни информации за „New Matrix“ се загрижувачки. Нејзините сопственици се поврзани со кинески инвестициски фонд кој од 2024 година се наоѓа на „црната листа“ на американската влада. Според „The Times“, ова не е изолиран пропуст, туку загрижувачки тренд при кој на компании поврзани со субјекти кои подлежат на трговски ограничувања – воведени од причини поврзани со националната безбедност – им се дозволува да купуваат чипови од „Nvidia“. За време на претседателствувањето на Бајден, „Nvidia“ се соочи со ограничувања за продажба на чипови во Кина. Сепак, администрацијата на Трамп ги олесни овие ограничувања откако „Nvidia“ се согласи да ѝ отстапи на владата 15 отсто од својата вкупна продажба. Извршниот директор на компанијата, Џенсен Хуанг, исто така започна интензивна кампања за лобирање, а според извештаите, тој бил цел на кинеското Министерство за државна безбедност во рамките на шпионска операција. Извор: Б92Тагови: Nvidia Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРусија собра 47 бомбардери способни за носење нуклеарно оружје во една базаРусија собра дури 47 стратешки бомбардери, способни за носење нуклеарно оружје, во една воздухопловна база на Далечниот Исток.Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го следи движењето на воените авиони, ова ги опфаќа речиси сите бомбардери од типот „Ту-160“ и „Ту-95МС“ со кои моментално располага руската војска. Во воздухопловната база „Украинка“, лоцирана во руската Амурска област, моментално се наоѓаат 10 бомбардери „Ту-160“ и 37 бомбардери „Ту-95МС“. Украинскиот воен портал „Дифенс експрес“ наведува дека ова би можело да претставува најголема концентрација на руска стратешка авијација на едно место, откако во февруари 2022 година започна инвазијата врз Украина. Девет бомбардери преместени за неколку дена Според „АвиВектор“, на почетокот на ноември Русија префрлила осум бомбардери „Ту-95МС“ и еден бомбардер „Ту-160“ во базата „Украинка“. Овие летала претходно биле стационирани во воздухопловните бази „Енгелс“ и „Олења“ – објекти што руската војска ги користи за изведување напади врз Украина. Аналитичарите од „Дифенс експрес“ сметаат дека е можно овие девет бомбардери да учествувале во голем руски ракетен напад врз Украина во текот на ноќта на 3 ноември, пред да бидат преместени на Далечниот Исток. Податоците објавени од „АвиВектор“ на 7 ноември покажуваат дека, по овие преместувања, во базата „Олења“ останал само еден авион „Ту-95МС“. Зошто Русија ги преместува своите бомбардери толку далеку? Една можна причина за преместувањето е заштита на вредните летала од украински напади со беспилотни летала. Во текот на војната, руските воздухопловни бази постојано биле цел на вакви напади, при што базата „Енгелс“ во Саратовската област била особено изложена. Базата „Украинка“ се наоѓа на повеќе од 6.000 километри од украинската граница, што значително ги отежнува евентуалните напади врз леталата стационирани таму. Според „Дифенс експрес“, руските бомбардери во „Украинка“ се паркирани на отворено, без соодветни заштитни хангари. Аналитичарите сметаат дека руската команда се потпира на големата оддалеченост на базата од Украина. Русија сè уште нема завршено со изградбата на заштитни хангари. Претходно, Русија започна со изградба на заштитни хангари за стратешки бомбардери во базата „Енгелс“, која се наоѓа многу поблиску до Украина. Било планирано да се изградат до 20 вакви хангари. Сепак, сателитските снимки од октомври покажуваат дека за некои од објектите биле поставени само рамки. „Дифенс експрес “ сугерира дека, како резултат на тоа, Русија можеби одлучила да премести голем дел од својата флота бомбардери во оддалечена база, наместо да ги задржи во „Енгелс“ без соодветна заштита. Сепак, ова преместување го отежнува изведувањето на напади врз Украина, бидејќи авионите сега мора да поминуваат значително поголеми растојанија. Базата „Украинка“ се наоѓа на приближно 5.400 километри од „Енгелс“. Што претставуваат бомбардерите „Ту-160“ и „Ту-95МС“? „Ту-160“ е еден од најголемите и најбрзите стратешки бомбардери во светот. Тој може да носи крстосувачки ракети опремени со конвенционални или нуклеарни боеви глави. „Ту-95МС“ е постар турбоелисен бомбардер, кој Русија исто така го користи за лансирање крстосувачки ракети со долг дострел. Двата типа авиони се клучна компонента на руската стратешка авијација. Иако се способни да носат нуклеарно оружје, Русија ги користи и за време на војната за изведување напади врз украински цели со употреба на конвенционални ракети. Нема потврда за подготовки за нуклеарен напад Извештаите за концентрацијата на бомбардери не значат дека Русија подготвува нуклеарен напад. Засега, експертите ова преместување го припишуваат првенствено на заштитата на авионите и на прилагодувањата во нивното распоредување. Понатаму, не постои независна официјална потврда за точниот број на авиони во воздухопловната база „Украинка“. Овие бројки се засноваат на следење на движењата на руските бомбардери и анализа на јавно достапни информации. Според проценките објавени од „Дифенс експрес“ во август, Русија во тоа време располагала со 13 оперативни бомбардери „Ту-160“ и 38 бомбардери „Ту-95МС“. Доколку најновите податоци се точни, речиси целата оперативна флота од овие два типа авиони моментално се наоѓа во воздухопловната база „Украинка“. Извор: Индекс.хрТагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МетеоУтре променливо облачно време со температура до 21 степен, заладување од сабота Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 11 Попова Шапка, 12 Крива Паланка, Тетово, Лазарополе, 14 Виница, Крушево, 15 Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, 16 Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, Струмица, Гевгелија, 17 Штип, Берово, Претор, Кавадарци, 18 Охрид, Битола, 19 Прилеп. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2) 2 Лазарополе, 1 Крива Паланка, Охрид, Маврови Анови, Попова Шапка. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денеска беше променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови по одделни котлини имаше појава на слаба магла. Во западните и северните делови имаше повремен слаб дожд. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно со услови за слаб локален дожд во крајните западни региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен. Во Скопје, претежно облачно, во делови од котлината ќе има појава на утринска магла. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 17 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34