Прва сезонска победа за Филаделфија по 17 порази во низа - Канал 5

Прва сезонска победа за Филаделфија по 17 порази во низа

Екипата на Филаделфија конечно ја извојува првата победа сезонава во НБА лигата, откако ноќеска на гостувањето кај Минесота славеше со резултат 85:77.

Прва сезонска победа за Филаделфија по 17 порази во низа
Ноќта во најсилната светска кошаркарска лига освен првата победа на 76.те ја одбележа и крајот на победничката серија од осум триумфи на Сан Антонио кој беше сопрен од Бруклин.

Резултати од ноќешните десет натпревари во НБА лигата: Шарлот – Чикаго 95:102, Вашингтон – ЛА Лејкерс 111:95, Бостон – Детроит 109:102 (по продолжение), Бруклин – Сан Антонио 95:93 (по продолжение), Мајами – Атланта 102:112, Хјустон – Мемфис 105:96, Милвоки – Далас 105:107, Минесота – Филаделфија 77:85, Јута – Торонто 104:123 и ЛА Клиперс – Орландо 114:86.

Вечер играат: Њујорк – Кливленд, Портланд – Индијана и Голден Стејт – Њу Орлеанс.

Пласман Источна конференција: Торонто 15-4 (победи-порази), Вашингтон 12-5, Атланта 11-6, Чикаго 12-7,...

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 15-2, Мемфис 15-3, Портланд 14-4, Хјустон 14-4, Далас 15-5, Сан Антонио 13-5, ЛА Клиперс 13-5,.../МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка несреќа во Италија: Шестмина загинати, 30 повредени

 Шест лица загинаа, а 30 се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот во италијанската провинција Риети, во близина на езерото Вентина, соопштија полициски извори.

Тешка несреќа во Италија: Шестмина загинати, 30 повредени

Според полициски извори, загинале двајца возачи на автобус и двајца патници, додека другите две жртви биле во камперот, пренесува „Кориере дела сера“. Од 30-те лица повредени во судирот, тројца се во тешка состојба.

Во челниот судир меѓу кампер што се движеше кон Терни и автобус што се движеше по спротивната лента, кон Риети, учествуваа и три автомобили.

Камперот вклучен во судирот беше целосно уништен, додека еден автомобил се преврте.

Причината и деталите за несреќата сè уште се предмет на истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВИДЕО: Хеликоптери се судрија при гаснење пожар во Грција – извлечени телата на пилотите

Грчката противпожарна служба потврди дека се извлечени телата на пилотите чиј хеликоптер експлодираше и се урна по судирот со друг хеликоптер за време на мисија за гаснење пожар во Грција.

ВИДЕО: Хеликоптери се судрија при гаснење пожар во Грција – извлечени телата на пилотите

Пилотот бил Данец, а копилотот Грк, објави државниот сервис ERT. Со нивната смрт, вкупниот број на жртви од шумските пожари во Грција се искачи на пет, по смртта на тројца пожарникари на Крит и на Пелопонез минатата недела.

ERT емитуваше снимка на која се гледа како роторот на едниот хеликоптер удира во другото летало, по што тоа експлодира и во пламен паѓа на земјата.

Двајца членови на екипажот од вториот хеликоптер го преживеале инцидентот откако пилотот успеал да изведе принудно слетување, објави медиумот.

Хеликоптерите се судрија додека гаснеле пожар западно од Атина.

Започната е голема операција за пребарување и спасување во областа близу селото Псата, соопшти противпожарната служба.

Во меѓувреме, пламените јазици од огромен пожар, што беснее на околу 50 километри западно од Атина, се проширија до непосредна близина на градот Мегара, кој брои околу 36.000 жители. Според првичните проценки, од петокот досега се уништени повеќе од 10.000 хектари шума, како и куќи, штали и земјоделско земјиште, објави ЕРТ. Стотици припадници на службите за итни интервенции, вклучително и пожарникари од Романија и Франција, се борат со големиот пожар што беснее околу густо пошумениот планински венец Китерон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува топлотниот бран, денесска сончево со температура до 39 степени

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.

Продолжува топлотниот бран, денесска сончево со температура до 39 степени

Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер