Прва седница на техничката Влада- Шеќеринска , Османи , Царовска и Дураки се вицепремиери

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и Бујар Османи задолжен за европски прашања остануваат на вицепремиерските функции во новиот владин состав. 

На денешната прва редовна седница на новиот состав на предлог на премиерот Спасовски како негова заменичка за економски прашања е именувана Мила Царовска, како и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки. Драги Рашковски останува генерален секретар на Владата.

На првата владина седница присуствуваа и новите технички министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за внатрешни работи Наќе Чулев и за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. Мизрахи на првиот работен ден на Фејсбук објави дека министерството со кое сега раководи наместо проблеми мора да наоѓа решенија.

,,Сиромаштијата е галопирачка, ранливите категории граѓани се на маргините. Достоинството на пензионерите е разнишано. Доаѓа време на одлуки и промени..., напиша новата техничка министерка.—„Тимот на Мизрахи е составен од веќе познати лица на јавноста од режимското владеење на ВМРО ДПМНЕ“, одговорија на статусот од СДСМ.

На првиот работен ден дополнителниот заменик министер од ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновскиго претстави својот тим советници кои, како што рече, заедно со него ќе ги донесат промените во земјоделскиот сектор.

Неговата колешка Невенка Стаменковска изјави дека во Министерството за информатичко општество и администрација имало индиции за партиски огласи за вработувања и непотизам.

За очекувањата од преодната влада новиот технички министер за внатрешни работи Чулев вчера во Собранието изјави дека негова приоритетна цел ќе биде организирање на мирни, фер и демократски избори.

Сепак, најави дека најави дека ќе изврши увид во состојбите во Министерството и ќе ја информира јавноста доколку се издавале незаконски решенија за вработување.

„Црта“ поднесе 6 кривични пријави за купување гласови и „бугарскиот воз“ на изборите во Србиja

Набљудувачката мисија на „Црта“, која има свои набљудувачи на 450 избирачки места на локалните избори во Србија, евидентирала неправилности на одреден број избирачки места. 

Известувајќи за доцнењата во отворањето на избирачките места, купувањето гласови и таканаречениот „бугарски воз“, „Црта“ до полицијата поднесе вкупно шест кривични пријави, јави дописникот на МИА од Белград.

Раша Недељков, програмски директор на ЦРТА, на прес-конференција изјави дека се забележани голем број неправилности, иако се работи за поединечни случаи. Најмногу неправилности се забележани во белградските општини Чукарица, Палилула, Вождовац, Звездара и Нови Београд.

-Евидентирани се прекршувања на тајноста на гласањето, вклучително и фотографирање на гласачки ливчиња зад параваните на 11 отсто од избирачките места. УВ ламбите или спрејовите не се правилно користени на 8 отсто од избирачките места. Седум проценти од гласачите не можеа да се најдат во избирачкиот список, што е последица на последните промени во списокот, изјави Недељков.

Набљудувачите забележале и неовластено присуство на трети лица и незаконско водење евиденција за идентитетот на гласачите од страна на членовите на некои комисии. Надвор од избирачките места забележани се значителен број луѓе кои водат паралелна евиденција, а кол центрите се нова појава поврзана со координација и повикување на сигурни гласови.

Црта досега поднесе шест кривични пријави – пет за купување гласови и една за „бугарскиот воз“ во Раковица.

Набавен нов булдожер за потребите на ЈКП „Дервен“

ЈКП „Дервен“ од Велес неделава набави нов булдожер од сопствениот буџет, а наменет за потребите на оваа јавно комунално претпријатие. 

За почеток е предвидено расчистување на депонијата за градежен шут, а потоа и ставање во функција за останатите потреби, информира градоначалникот Марко Колев.

Додава дека новиот булдожер е набавен после пет децении, а со кој ќе се решат големи проблематики во тековното работење на комуналното претпријатие.

Тој појасни дека последниот булдожер кој бил набавен во ЈКП „Дервен“ бил во 1973 година поради што беше неопходна инвестиција во нов.

Улусој: Во 2023 во Македонија биле 200.000 турски туристи

Во 2023 во Македонија биле 200.000 турски туристи, а во Туркије околу 250.000 македонски туристи.

Во турската култура, појадокот е најзначајниот оброк во денот. Турскиот збор за појадок, „Kahvaltı“, во превод значи „пред кафе“, што значи оброк во кој се ужива пред да се испие кафе, рече турскиот амбасадор во Скопје Фатих Улусој на денешниот настан по повод „Светскиот ден на појадокот“.

Турските амбасади ширум светот имајќи ја предид важноста која му се придава на појадокот во оваа земја во последниве години организираат вакви настани за да се запознаат богатите вкусови на турскиот појадок.

-Балканските земји, со кои споделуваме блиски историски и културни врски, веќе се запознаени со турскиот појадок. Како што сите знаеме, анадолската, медитеранската, егејската, кавкаската и балканската географија споделуваат многу сличности во нивните кулинарски традиции. На неодамнешната манифестација „Недела на турската кујна“ што ја организиравме пред две недели, нашите македонски пријатели имаа можност да ги искусат ексклузивните вкусови на турско-егејската кујна, кажа Улусој.

Настанот беше искористен исто така и да се презентираат турските природни убавини и богатото историско наследство. Туркије е меѓу водечките земји во светот во туризмот. Според статистиката објавена од Светската туристичка организација за 2023 година, земјата е на петтото место во светот меѓу најдобрите дестинации, со 56,7 милиони странски посетители. Поради својата географска близина и културен афинитет, Македонија е исто така приоритетна земја за нас во областа на туризмот.

Улусој потенцираше дека речиси 200.000 турски туристи ја посетиле Македонија минатата година.

-Тоа значи дека околу 20 отсто од туристите кои ја посетиле Македонија во 2023 година биле турски државјани. Истовремено, минатата година Туркије ја посетија околу 250.000 македонски туристи, рече тој изразувајќи надеж дека оваа бројка ќе продолжи да расте.

Во Туркије има над 500 плажи со сино знаме на бреговите на Медитеранот и Егејското Море, главно во Анталија, Мугла и Измир каде што може да се ужива во одличен летен туризам. Но, туризмот во Туркије не е ограничен само на летната сезона, туку, како што потенцира амбасадорот, зимската сезона е исто така одлично време за посета.

-За тоа време можете да уживате во скијање, сноуборд и разни други зимски спортови, рече тој.

Регионот во кој се наоѓа Туркије, додаде Улусој, е дом на многу цивилизации со векови.

-Туркије, исто така, нуди уникатно искуство во културниот туризам на странските гости, бидејќи е дом на некои од најимпресивните антички градови во светот и места на светско наследство на УНЕСКО како што се Göbeklitepe кои датираат од пред 11 илјади години, Ефес, Асос и Троја, заедно со безброј историски споменици. Конкретно, Античкиот град Ефес во Измир продолжува да привлекува туристи не само во текот на денот, туку и по зајдисонце со неодамна инсталираниот систем за ноќно осветлување, рече амбасадорот.

Анадолија, која се смета за лулка на цивилизациите, е домаќин на бројни религиозни места значајни и за исламот и за христијанството. Посочи на родното место на Свети Павле во Мерсин, црквата Богородица како црква посветена на мајката Христова во Измир, црквата Свети Никола во Анталија и други. Друга одлична туристичка дестинација во срцето на Туркије е Кападокија - земја на природни чуда која е позната по своите живописни долини, уникатните пештерски хотели, мистични подземни градови, вулкански терени и слично. Кападокија е една од најдобрите дестинации за меден месец и за Турците, вели Улусој.

Туркије исто така е водечки центар за здравствен туризам на глобално ниво и тоа благодарение на нејзините неодамнешни достигнувања во здравствениот сектор.

-Во 2023 година, 1,5 милиони пациенти од целиот свет ја посетија Туркије со цел да добијат медицински третман во различни медицински гранки, зацврстувајќи ја нејзината позиција како главна дестинација за медицински третман, рече турскиот амбасадор во Скопје.

Презентација за можностите што се нудат во Туркије одржа Џејлан Шенсој, директорка за маркетинг при Агенцијата за развој на туризам, а зборуваа и претставници на Туркиш ерјанс, Халк осигурување и на Алиба хотелот во Едрене.

На настанот присуствуваа претставници од македонски туристички агенции и други гости.

притисни ентер