3Им ги корнеле косите и им ги кршеле коските на близначки од Иран поради протестите- едната е осудена на смрт (ВИДЕО)
ЖивотПад во бессознание и тешки смрзнатини - Патешествието на алпинистот Дејановиќ Лотце. Хималајски гигант. Четврт највисок врв во светот со 8.516 метри. Еден од најтешките за качување. Место каде што неодамна стапна и македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ.Кумбу глечерот. Сам. Нема нешто полошо од тоа тука да се движиш сам. Ама тоа ми е судбина. Ова се зборовите на македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце. Тој за Канал 5 раскажа многу повеќе за успехот, но и за целата голгота низ која минал на Хималаите. Дејановиќ влезе во историјата, откако успеа да го освои врвот без да користи кислород. Такво нешто во минатото им успеало на само 30-тина. Лотце. Хималајски гигант. Четврт највисок врв во светот со 8.516 метри. Еден од најтешките за качување. Место каде што неодамна стапна и македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ. Патот до Лотце не бил воопшто лесен. Дејановиќ повторно ја почувствувал сериозноста на планината. Многу снег и силен ветер, но ништо не го предомислило во одлуката. Последните неколку метри пред врвот биле најтешки за овој планинар. Иако се обидел, поради сериозните проблеми и ладното време, не успеал да направи фотографија или видео запис од Лотце. На самото слегување од врвот, почнала вистинската борба за живот на Дејановиќ. Откако два дена поминал во болница во Непал, веднаш решил да се врати кај своите најблиски. 02 (09.07-09.18) Последиците од искачувањето на Лотце се сериозни. Дејановиќ вели, тоа ќе биде идеален период да се одмори. Сепак, и покрај повредите на рацете, нашиот планинар не се кае за ништо и вели дека секоја жртва била вредна за неговиот успех. Ако не ги гледаме, границите не постојат, вели Дејановиќ. Додава дека живее за вакви предизвици, и колку предизвикот е поголем, толку и тој е поголем. Иако се уште недоволно опоравен, Дејановиќ со мислите е веќе на планина. Размислува за уште еден нов подвиг, повторно без кислород. Овојпат, на покривот на светот, величествениот Монт Еверест. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 7. септември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 7. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Пред вас е многу ветувачки љубовен ден. Ќе имате можност да поминете преубаво заедничко време со саканата личност. Кариера Држете се до своите деловни партнери , зашто тие во моментов одлично ја водат целата работа. Не им замерувајте ако понекогаш се малку поостри. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе покажете дека цврсто верувате во своите љубовни идеали и дека од саканата лилчност очекувате повеќе отколку што мисли. Кариера Во стручните прашања би можело да дојде до една расправија или натпревар во докажување кој е во право. По обичај , никој. Здравје и совет Несоница по кошмарните сништа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во вашата работна средина би можеле денеска да забележитер личност која ви е посебно наклонета. Кариера Ќе бидете мотивирани само за многу интѕересни теми како што се алтернативни , уметнички и слично. Здравје и совет Не манипулирајте со луѓето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Разговорот што ќе го водите со личност која ви е особено драга , ќе биде доста сериозен , па дури и мрачен. Кариера Ако тргнувате на деловно патување , проверете ја состојбата на автомобилот , дали сте ги набавиле сите дозволи и слично. Здравје и совет Не е исклучена кашлица.. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ви претстои убаво помионато време во тишината на домот. Оние во врска , ќе го повикаат партнерот кај себе , а самците ќе размислуваат дали да излезат. Кариера Ќе мора малку повеќе да се потрудите околу финансиите . Имате добра шанса , па би било штета да ја пропуштите. Здравје и совет Одете кон својата цел. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе почуствувате колку е тешко постојано да објаснувате зошто избегнувате блискост. Едбноставно дистанцата ви одговара. Кариера Ќе се обидете да ги направите поедноставно работите околу финансиските трансакции. За некои тоа ќе биде чекор напред. Здравје и совет Позанимавајте се со својата листа на приоритети. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска би можеле да ја запознаат на своето работно место. Кариера Ќе бидете наклонети да мешате деловно со приватно , но тоа нема да ви пречи во доброто функционирање на работното место. Здравје и совет Пазете се од провев. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска не е најдобар ден за еротика , зашто ќе бидете студени. Затоа покажете љубов до одредена граница на физичко зближување. Кариера Загрижено ги следите сите новости , но се уште не го наоѓате она што го сакате. Сеуште постојат ограничувања. Здравје и совет Бидете трпеливи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е пријатен љубовен ден во кој ќе ги надминете сите критики кои биле кажани на ваша сметка. Кариера Добивате одредена заштита , но тоа не значи дека и натаму не треба да се докажувате. Здравје и совет Бидете праведни. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со паметен избор на зборови ќе ја пополните празнината во личните односи. Се ќе успеете да надоместите со интелектот. Кариера Ако повторно се посомневате во вашите способности , само погледнете што сте постигбнале до сега. Набргу ќе се охрабрите. Здравје и совет Соработувајте со младите. Рак 22.6-22.7. Љубов Партнерот ќе ве поттикне на нежност. Вашиот меѓусебен однос ќе се подобрува секој ден се повеќе. Кариера Со своето знаење ќе придонесете работата да се заврши што подобро , како и деловните партнери да ве почитуваат. Здравје и совет Одлично сте расположени. Лав 23.7-22.8. Љубов Убавите љубовни шанси ќе бидат занемарени поради мала семејна тага или проблем. Кариера Ќе се чувствувате распнати меѓу желбите и можностите. Излезот е во реалното согледување на состојбата. Здравје и совет Бидете одговорни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПанче Тошковски во „Вести плус“ Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Панче ТошковскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЗошто некои мажи остануваат во врска иако не се емотивно присутниПовлекувањето, молчењето и недостатокот на блискост често имаат длабоки причини, од стрес, нерешени проблеми до научени обрасци на однесување.Во долгите врски и браковите не е невообичаено едниот од партнерите да делува физички присутен, но емотивно оддалечен. Според стручните лица за односи, ваквото однесување не мора нужно да значи и крај на љубовта или неверство, туку последица на различни животни околности, стрес или нерешени проблеми во односот. Емотивната оддалеченост се развива постепено, поради што партнерите промената не ја забележуваат веднаш. Кога разговорите ќе станат површни, нежноста ќе исчезне, а заедничкото време повеќе не носи чувство на блискост, важно е да се открие причината, наместо да се носат избрзани заклучоци. Според психологот Џона Готман од институтот Готман, мажите кои емотивно се отсутни, остануваат во врска поради овие пет причини. Тешко ги изразуваат чувствата Некои мажи од детството се научени да ги контролираат емоциите и да не покажуваат ранливост, сметајќи го тоа за слабост. Поради тоа делуваат ладно, резервирано и незаинтересирано, иако всушност имаат чувства кои не умеат и не сакаат да ги изразат. Стресот ја одзема енергијата во односот Проблемите на работа, финансискиот притисок или големите животни промени може да доведат до повлекување на личноста. Кога некој постојано е оптоварен во грижи, често му останува помалку енергија за нежност, разговор и емоционална поврзаност. Насобраните проблеми ги оддалечуваат партнерите Кога конфликтите постојано се одложуваат и не се решаваат преку отворен разговор, меѓу партнерите може да се создаде емоционален ѕид. Наместо разговор, некои избираат молк и повлекување, што со тек на време дополнително ги оддалечува партнерите. Остануваат поради чувство на обврска Понекогаш мажите остануваат во односот поради децата, заедничкиот живот, финансиската стабилност или чувството на одговорност кон семејството. Иако и понатаму може да чувствуваат приврзаност кон партнерката, односот може да се претвори во заедница која функционира од навика наместо од емотивна блискост. Ја изгубиле навиката за искрен разговор Без отворена комуникација партнерите со тек на време може да престанат да ги делат своите мисли, желби и стравови. Кога ќе исчезне размената на емоции и кога разговорите ќе се сведат на секојдневни обврски, чувството на поврзаност може значајно да ослаби. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПриведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12