Доналд Трамп и се придружи на видео мрежата TикТок - Канал 5

Доналд Трамп и се придружи на видео мрежата TикТок

 Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се приклучи на социјалната мрежа за кратки видеа ТикТок.

Доналд Трамп и се придружи на видео мрежата TикТок

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп се приклучи на социјалната мрежа за кратки видеа ТикТок, што е во сопственост на кинескиот технолошки гигант ByteDance и која тој се обиде да ја забрани додека беше претседател на САД.

Политико, кој прв ја објави веста, соопшти дека Трамп првото видео го објавил синоќа на овој свој нов профил. Во видеото, Трамп ги поздравува фановите на борбата за Ultimate Fighting Championship во Њуарк, Њу Џерси.

До осум часот утринава ( 10 часот по средноевропско време) профилот со адреса @realdonaldtrump собра повеќе од 450.000 следбеници.

ByteDance пред суд го оспорува американскиот закон што стапи на сила во април, според кој треба да го продаде ТикТок до следниот јануари или ќе се соочи со забрана.

Белата куќа соопшти дека не сака да го забрани ТикТок, но од причини за националната безбедност сака социјалната мрежа повеќе да не е во кинеска сопственост.

TикТок тврди дека нема да ги споделува податоците на американските корисници со кинеската Влада и дека презела значителни мерки за заштита на приватноста на своите корисници.

Во 2020 година судот го блокираше обидот на Трамп да го забрани ТикТок, додека тој беше претседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните на Македонија за своето однесување во Собранието

Христијан Мицкоски смета дека едно срамно изговорено, изнудено „извинете“ во празна собраниска сала може да ги измие сите досегашни навреди кон граѓаните. 

СДСМ: Мицкоски да им се извини на граѓаните на Македонија за своето однесување во Собранието

Не може!

Не може да ги нарекуваш граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ па потоа заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ да пцуе пратеници во Собранието.

Такво однесување не доликува на универзитетски професор. Тоа е срамота и за универзитетот и за собранието и за државата.

Вакво однесување на еден премиер досега не е видено во ниту една нормална држава.

Спуштањето на ова ниво не може да се оправда со ништо, а најмалку со губењето на поддршката од граѓаните и со падот на личниот рејтинг - кој пак самиот си го предизвика со своите секојдневни лаги.

Мицкоски не им се извини на граѓаните.

Тој се обиде да прикаже дека се извинува на пратениците, во момент кога салата беше празна, со цел да создаде привид на „исправка“.

Но граѓаните не се наивни.

Вистинското извинување значи признавање на грешката.

Досега од Мицкоски видовме само театар.

Граѓаните заслужуваат почит. А не навреди од премиерот на државата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Два силни земјотреси регистрирани во Мексико

 Два земјотреса, со јачина од 5,0 и 4,0 степени според Рихтеровата скала, денеска го погодија Мексико, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Два силни земјотреси регистрирани во Мексико

Епицентарот на посилниот земјотрес бил на длабочина од 80 километри, на југот од земјата, недалеку од брегот на Пацификот. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Според сведоштвата објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот се почувствувал силно, а во некои куќи се треселе масите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Управа за финансиска полиција: Поднесена кривична пријава против три физички лица за „Даночно затајување“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица,за сторено кривично дело „Даночно затајување“ .

Управа за финансиска полиција: Поднесена кривична пријава против три физички лица за „Даночно затајување“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Првопријавениот Д.П. во својство на управител, заедно со второпријавениот Г.З. во својство на сопственик и овластен потписник на банкарската сметка и третопријавениот И.Ѓ. во својство на претходен сопственик на правното лице, во текот на април 2024 година договориле и извршиле продажба на линија за производство на кабли во вкупен износ од 14.514.000 денари, која не ја евидентирале во сметководствената евиденција на правното лице. Дел од средствата од продажбата, во износ од 2.701.189 денари, ги присвоиле за себе преку префрлање на сопствени банкарски сметки и сметки на блиски лица, без притоа да ги евидентираат во сметководствената евиденција на правното лице, а дел од продажбата го реализирале преку компензација со патничко моторно возило во износ од 1.537.500 денари и кабли во вредност од 1.516.500 денари, кои исто така не биле евидентирани и не биле пронајдени кај правното лице.

Исто така, првопријавениот Д.П., во име и за сметка на правното лице, не ги отпишал и не ги оданочил неплатените обврски спрема домашни и странски добавувачи од 2022 година во вкупен износ од 17.380.716 денари.

Со наведените дејствија пријавените не пресметале, не пријавиле и не уплатиле данок на додадена вредност во износ од 272.970 денари, данок на добивка во износ од 3.764.991 денари и данок на личен доход во износ од 639.401 денари, со што го оштетиле Буџетот на Република Македонија за вкупен износ од 4.677.362 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер