Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
АвтомобилизамПрва фотографија од новото „BMW M3“, датумот за премиера се уште непознатПрвата фотографија од новата генерација на „М3“ моделот најверојатно настанала на производната лента и го открива задниот дел од возилото.Британската фирма „Evolve Automotive“, специјализирана за доработка на „BMW“ автомобили објави на Фесбук фотографија од задниот дел на новиот „М3“. Се претпоставува дека автомобилот е фотографиран на производна лента и дека се работи за возило од пробна серија. Фотографијата открива детали како што се дифузорот на долниот дел од браникот како и двата пара издувни цевки на оваа моќна спортска лимузина. Задните штоп светла се затемнети а на крајот од багажникот се наоѓа и мал спојлер. Според досегашните информации, новиот „М3“ по хаубата ќе носи 6- цилиндарски твин- турбо мотор, за кој се претпоставува дека ќе може да произведе и преку 510 коњски сили. Покрај автоматскиот менувач со двојно квачило, купувачите ќе можат да нарачаат и верзија со 6- брзинкси мануелен менувач. Датумот на премиерата на новиот „BMW M3“ се уште не е соопштен, но се очекува дека овој автомобил ќе биде претставен до крајот на оваа година, а во продажба ќе се најде во 2020.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефонМинистерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вчерашното гостување во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 Телевизија официјално најави дека во октомври ќе биде промовирана новата мобилна апликација м.Услуги.„Можам официјално да најавам дека во октомври ќе организираме настан на кој ќе ја промовираме мобилната апликација м.Услуги. Во неа ќе бидат достапни електронски верзии на личната карта и возачката дозвола, како и две електронски услуги за граѓаните“, истакна Андоновски. Преку м.Услуги, граѓаните на едно место ќе можат да пристапуваат до личните документи во дигитална форма како и до електронските услуги на администрацијата. Целта е државните услуги да станат подостапни и поедноставни за користење, директно преку мобилен телефон. Министерот посочи дека во изминатиот период интензивно се работело на прашањата поврзани со сајбер-безбедноста, заштитата и начинот на чување на личните податоци, како и нивната размена со Министерството за внатрешни работи, кое е сопственик на податоците. „Во завршна фаза сме на усогласување и потпишување на протоколот за размена на податоците, како и на тестирањето на апликацијата. Сакаме, пред таа да биде достапна за сите, да бидеме сигурни дека системот е стабилен, безбеден и едноставен за користење. Апликацијата ќе биде достапна на App Store и Google Play, а нејзината тест-верзија досега ја презедоа околу 6.000 граѓани“, рече Андоновски. Следниот чекор во дигиталната трансформација е мобилниот телефон постепено да стане дигитален паричник преку кој граѓаните безбедно и едноставно ќе пристапуваат до своите документи и до услугите на државата. Во прилог Ви проследуваме фотографии како и линк од гостувањето на Министерот: https://www.youtube.com/watch?v=KA_R3ZvcdVoТагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институцииПрипадници на одделот за сузбивање на организиран криминал при бирото за јавна безбедност извршиле претреси на повеќе локации и привеле повеќе лица.Според неофицијалните информации, реализацијата на случајот била забрзана откако еден од главните осомничени се обидел да ја напушти државата. Се истражува дали преку лажирање извештаи и уплатници биле прикривани, а потоа и пренасочувани парични средства. во истрагата, неофицијално, се опфатени повеќе физички лица и правни субјекти, а дел од осомничените наводно се вработени и во државни претпријатија. Првичните информации се дека штетата се проценува на повеќе од 13 милиони денари, односно над 210.000 евра. Акцијата и утрово сè уште е во тек, а се очекува во текот на денот надлежните институции да соопштат повеќе детали за бројот на приведени, сомневањата за конкретните кривични дела и опфатот на истрагата.Тагови: полициска акција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Земање нови кредити за враќање на стари долгови, а зборуваат за раст? Каква лага на МицкоскиМицкоски денеска повторно ја повторува истата приказна: „Сите задолжувања се за проекти, за враќање стари долгови, еврообврзници.“Додека зборува за раст на БДП од 3,5 до 4 проценти, реалноста е сосем поинаква. По унгарскиот кредит во октомври 2024 година, јавниот долг се зголеми на 61,4 % од БДП. Со новото задолжување од 4 милијарди евра, 2026 година ќе заврши со 12 милијарди евра долг - над 65 % дури и од БДП. Во официјалните податоци за јавниот долг ги кријат над 350 милиони евра кредити кон ЈПДП кои се гарантирани од Владата. Во последниот ребаланс воопшто не стои новото задолжување од 1,3 милијарди евра. Министерката Кочовска треба да знае дека со тоа се крши Законот за буџет а за тоа следува затвор! Ова не е одговорна политика. Ова е шема: се земаат нови кредити за да се платат старите, додека парите од буџетот одат во партиски тендери, а граѓаните остануваат без резултати. Раст без одржливи финансии е само бројка на хартија. Долгот расте, каматите се 350 милиони евра годишно, а приказните за „проекти и враќање стари долгови“ се само покритие. СДСМ бара целосна транспарентност на сите задолжувања, вклучувајќи ги и гаранциите кон ЈПДП, и итно усогласување со Законот за буџет. Доволно лаги. Доволно задолжување на грбот на генерациите. Ако каматите на долговите за време на претходната влада изнесувале околу 120 милиони евра, а денес се искачуваат на 350 милиони евра, како Мицкоски ќе го објасни тоа со приказната дека само ги враќа старите кредити? На крајот, граѓаните не живеат од статистика и политички оправдувања. Ниту една лага не платила сметка, ниту една статистика не наполнила фрижидер. Граѓаните сакаат да знаат каде одат нивните пари, колку се задолжува државата и зошто цената на долговите станува сè поголема. Вистината може да се одложува, но не може да се сокрие. Мицкоски може да ја менува статистиката и да бара оправдувања, но реалноста ја чувствува секое македонско семејство. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПолициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00