Прва детска градинка во Долно Лисиче - важен чекор за подобра иднина - Канал 5

Прва детска градинка во Долно Лисиче - важен чекор за подобра иднина

Општина Аеродром започнува постапка за реализација на една значајна иницијатива – изградба на првата детска градинка во Долно Лисиче.

Прва детска градинка во Долно Лисиче - важен чекор за подобра иднина

Овој проект претставува важен чекор кон создавање подобри услови за најмладите и поголема поддршка за семејствата.

Мнозинството во советот на Општина Аеродром, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, даде согласност за отпочнување на постапка за изработка на потребната урбанистичка и проектна документација. Со ова се поставуваат темелите за понатамошна реализација на проектот и создавање нов простор за згрижување и развој на децата. Советничката група на Левица не го поддржа овој предлог.

Со посветена работа и чекор по чекор, продолжуваме да вложуваме во проекти што носат трајни придобивки за граѓаните. Грижата за најмладите и создавањето подобра иднина остануваат наш приоритет.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од ЕУ

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски е во дводневна работна посета во Брисел, каде ќе земе учество на официјални средби организирани од Европската Комисија.

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од ЕУ

На средбите ќе се разговара за актуелните економски и политички прашања, реализацијата на инфраструктурните проекти, Планот за раст и процесот на интеграција и проширување на Европската Унија.

“ Овие два дена сум во посета на Брисел, на средби со претставници на Европската Kомисија, каде ќе разговараме за актуелните економски, инфраструктурни политики во државата, како и за процесот на интеграција и на проширување на Европската Унија и секако за Планот за раст каде што Македонија бележи огромни резултати, каде што Македонија е лидер во регионот.

Она што е особено значајно и на што сум особено горд е дека на покана на „Пријатели на Европа“, вечерва ќе бидам дел од главната сесија на којашто ќе учествуваат околу 200 лидери од Европа. Тука се пет комесари, претставници на Европската Комисија, преку 20 европратеници, премиери на држави, вицепремиери, министри, претставници на бизнис секторот, каде што ќе зборуваме за иднината на Европа и што е она што ја определува иднината на Европа и на Европската Унија и на поширокиот европски континент”- изјави Николоски.

Во текот на утрешниот ден, вицепремиерот Николоски ќе се обрати на Самитот посветен на транспротните коридори, каде со високи преставници на ЕУ и европските финансиски институции ќе се разговара за развојот на коридорите.

“ Утре исто така ќе бидам дел од транспортниот самит каде што заедно со генералниот директор на Европската инвестициска банка, Роберт де Грот, банка којашто инвестира многу во Македонија, од којашто добивме 150 милиони евра грант за изградба на железницата на Коридорот 8 кон Бугарија, ќе зборуваме за големите инфраструктурни проекти коишто ги има Македонија и тоа ќе е вовед во посетата на претседателката на Европската Комисија, којашто во петок доаѓа во Скопје.

Исто така, на утрешната сесија на „Пријатели на Европа“ ќе зборуваме за процесот на проширување во друштво на вицепремиерот на Украина, понатаму вицепремиерот на Молдавија, претставници од регионот, каде разговараме за процесот на проширување и за она што е потребно да се направи за процесот на проширување. Секако тука е многу важно земјите членки на Европската Унија да сфатат дека не смеат да ги блокираат земјите кандидати. Тука се надевам дека ќе има мудрост кај Бугарија и дека Бугарија ќе направи чекор напред и дека ние ќе ги почнеме преговорите за членство во Европската Унија.

Овие се ретки моменти каде што се добива можност директно да се комуницира на формален и на неформален начин со оние коишто ги носат одлуките во Европската Унија и затоа сите ќе продолжиме да се бориме за Македонија” – истакна заменик претседателот Николоски.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владо Мисајловски во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Владо Мисајловски  во „Само интервју“

Коските што му се припишуваат на Самоил од Солун кон Софија ќе патуваат ден по посетата на Фон Дер Лајен, каква порака ни праќаат соседите, а што ќе ни донесе претседателката на Европската комисија?

Извесен ли е старт на нашето „европско патување“ преку постепена интеграција и уставни измени со одложено дејство?

Што купува армијата и колку тоа ја чини земјава, со какво темпо се модернизира?

Имаме ли војска согласно НАТО стандардите? САД или ЕУ – што ќе избереме ако се продлабочи јазот во Алијансата?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ријана на модна ревија се појави со милион долари околу глуждот (ФОТО)

Ријана повторно ги привлече сите погледи на Неделата на модата во Париз, но овој пат не станува збор само за облеката. 

Ријана на модна ревија се појави со милион долари околу глуждот (ФОТО)

Таа пристигна на модната ревија на Диор со дијамантски накит проценет на вредност од околу еден милион долари (околу 882.000 евра) - и го носеше околу глуждот.

Пејачката се појави на ревијата во целосно црно издание, кое го комплетираше со серија впечатливи дијамантски парчиња. Сепак, најскапиот детаљ го носеше ниту околу вратот ниту на раката, туку на левиот глужд.

Околу 40 карати дијаманти

Околу глуждот, Ријана носеше прекрасна дијамантска нараквица со пет висечки детали, секој од нив завршувајќи со голем дијамант во форма на круша.

Аџај Ананд, основач и извршен директор на Rare Carat, процени за Page Six дека ова парче може да вреди околу еден милион долари (околу 882.000 евра). Тој и експертот за накит Оливија Ландау проценија дека нараквицата има вкупно околу 40 карати дијаманти, при што поединечни големи дијаманти е можно да бидат помеѓу два и седум карати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер