Прва детска aмбасада во светот Меѓаши- 29 години поправеден свет за децата - Канал 5

Прва детска aмбасада во светот Меѓаши- 29 години поправеден свет за децата

29 години поправеден свет за децата - 29 години Прва детска aмбасада во светот Меѓаши 1992-2021

Прва детска aмбасада во светот Меѓаши- 29 години поправеден свет за децата

Молкот оди во прилог на злоупотребите, затоа Меѓаши низ годините постојано го руши тој молк за детските злоупотреби и детските страдања. Првата детска амбасада во светот е основана 29 Април 1992 година во Скопје, како светска асоцијација за заштита на правата на детето. Досега се направени многу промени во општеството во врска со состојбата на децата и несомнено е дека голем дел од тие промени започнуваат со рушењето на молкот поттикнато од Детската амбасада Меѓаши. Како што е познато, од самото основање се залагаме за почитување на детскиот интегритет преку заштита на детските права и интереси,воедно се грижиме за спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето и развивање на волонтерскиот пристап во работата.

Април 2020 - април 2021 а - година обележана како глобална криза предизвикана од пандемијата со Ковид-19

Во 29 годишното работење сме се соочиле со многу кризни моменти, војни, природни непогоди и состојби во општеството каде децата биле жртви, но последнава криза со Ковид 19 донесе за нас како тим многу предизвици.

Пандемијата иако започната во другите земји во светот многу порано и иако Македонија имаше време да се спреми и посоодветно да одговори на истата, кога ни се случи бевме изненадени. Првата детска амбасада во светот Меѓаши беше подготвена да реагира, да излезе на терен и да пружи поддршка, но овојпат имавме невидлив непријател, последиците не беа веднаш видливи, незнаевме од каде доаѓа заканата, всушност бевме збунети и незнаевме како да одговориме на ваква криза. Најлесно воочлив проблем беше недостатокот на заштитна опрема за здравствените работници и решивме од таму да започнеме и со тоа да ги заштитиме децата кои веќе имаа здравствен проблем и лежеа на некоја од клиниките. Донирани беа заштитни маски КН95, оверал одела, мантили и специјални одела за директна работа со заболени од КОВИД-19 на повеќе клиники во Македонија.

Следејки ја состојбата со пандемијата и несоодветниот третман особено на најобесправените и социјално загрозени семејства се обидовме да ги ублажиме последиците од пандемијата преку обезбедување училишен материјал и пакети хуманитарна помош.

Потребно беше време за да ги разбереме и воочиме последиците кои произлегуваат или имаат потенцијал да произлезат од долгото трање на пандемијата, да ги надминуваме стравовите, да разбереме како бројните полициски часови, самоизолации, карантини, не одењето на училиште и социјалната дистанца ќе влијаат врз децата. Откако увидовме дека пандемијата ќе трае, пристапивме кон овозможување простор за децата каде ќе може да се изразат креативно и така ја формиравме платформата на Фејсбук и Инстаграм „Заедно дома" https://www.facebook.com/groups/332016164425472 Оваа платформа претставува/ше инспирација родителите да поминуваат квалитетно време со децата за време на пандемијата и да создаваат заеднички креативни и уметнички дела.

Како и секоја претходна година така и изминатава, Детската амбасада Меѓаши активно ги следеше политиките и случувањата на секое поле од интерес за децата и реагиравме на сите политики кои не ги земаат предвидт децата и нивните права на соодветен начин. Активно се бориме за разбирање на принципите „најдобар интерес на детето" и „детско учество", она што во моментов е потребно да го разберат носителите на одлуки.

Брзите чекори кон осовременување на образованието и крупните грешки во спроведувањето на онлајн наставата без притоа да се посвети доволно време на следење на функционалноста на новиот начин на образование доведе до зголемување на и онака постоечките класни разлики кај децата. Голем број деца останаа долго време без уреди за следење на наставата, додека голем е бројот и на оние кои следат настава на телевизија, медиум кој не нуди никаква интеракција. Додека се зборува за целосна дигитализација на образованието и е-учебници сеуште има деца кои немаат уреди и пристап на интернет. Од таа причина Детската амбасада Меѓаши во соработка со Центар за управување со знаење, Стопанска комора за ИКТ – МАСИТи Асоцијација на советници за развој започна акција за доделување на 55 компјутери за децата кои немаат, додека со Лајка мобајл распределивме 2000 припејд картички со интернет за децата во социјален ризик.

Во рамките на програмата за Мировно образование со цел изнаоѓање различни начини за актуализирање на проблемот со насилството, зголемување на јавната свест и видливоста на проблемот поставeни беа постери на два автобуси од ЈСП а во автобусите беа емитувани и видеа против сите видови врсничко насилство.

Исто така беа одржани 52 вебинари на различни теми релевантни за мировното образование.и обуки на кои учествуваа наставници од 12 средни училишта.

Во тек е и кампањата „ПОТТИКНИ МИР" - активности кои ќе ги промовираат вредностите како што се: еднаквоста, одговорноста, дијалогот, ненасилството, емпатијата, социјалната правда, односно ангажирајќи се на овие полиња, секој/а да даде свој придонес кон градењето мир и општествената промена. Во таа насока, оваа кампања се фокусира на човековите вредности и преземање акција, поттикнување промена на локално и индивидуално ниво.

Петгодишните проекти ,,Да ги земеме правата во наши раце!'' и „Јакнење на капацитетите на децата за превенција од насилство" во континуитет работат со наставниот и стручниот кадар во шест основни училишта, како и со учениците за подигнување на нивните свест и вештини за правата на децата, детското учество и превенција од сите форми на насилство. Во рамки на овие проекти посебно внимание беше посветено на детското учество, па така група деца беа обучувани за правата на детето, како да ги застапуваат своите права а беше формиран и Детскиот совет како советодавно тело на Генералното Собрание на Меѓаши во февруари 2020 година. Во текот на 2020 година група ученици од повеќе проекти на Меѓаши беа активно вклучени во истражувањето за состојбата со правата на децата во Македонија, а потоа и во процесот на подготовка на Детскиот алтернативен извештај за состојбата со правата на децата. Овој извештај беше поднесен до Комитетот за правата на детето при ООН во октормври 2020 година и претставува втор извештај напишан од децата што е поднесен и презентиран од самите деца пред членовите на Комитетот во февруари 2021 година (првиот беше поднесен во 2009 година). Вo текот на оваа година, продолжуваме со соработката со поголем број деца - ученици во неколку основни училишта кои ќе осмислат, напишат и реализираат проекти во рамки на своите училишта за унапредување на состојбата на нивните права во училишната и пошироката средина.

СОС линијата за деца и млади 070 390 632 и 02 2645 316 отворена во 1993 година, и во текот на сите овие години обезбеди помош/совет на над 20.000 пријавени случаи. Волонтер(к)ите имаат посебно значење во работата на СОС линијата уште од самиот почеток. Целта на СОС телефонот е да овоможи споделување информации и поддршка за некое прекршено право на детето, помош при застапување и лобирање, промовирање на правата на децата и промоција на линијата како медиум за помош на истите. Во текот на разговорите не се даваат готови решенија за проблемите бидејќи не постојат универзални решенија туку се разговара за можни алтернтиви за решавање на проблемот за кој ни се јавиле. Со Стратегија за унапредување на волонтерската работа во Меѓаши успеавме да направиме промоција на СОС телефонот за деца и млади како алатка за детска заштита и два видео спотови за СОС-телефонот. Од 2004 година СОС телефонот за деца и млади е полноправна членка на CHI-Children Helpline International, меѓународна мрежна организација којашто е признаена од Европската Комисија, Генералниот директорат за правда, како стратешки партнер во јакнењето на улогата на детските СОС линии низ Европа. Оваа глобална мрежа е признаена и на светско ниво и има значајна улога во пдообрувањето на остварувањето на правата на децата засновано на реални податоци за коишто и ние допринесуваме со поднесување извештаи за состојбата на правата на децата од Македонија. Меѓаши започна и кампања за промоција на детските права во март 2021. Истата се реализира онлајн на ZOOM платформата и ќе трае до декември 2021, наменета за ученици од трето до петто одделение. Со оваа кампања ќе бидат опфатени сите основни училишта во Македонија. До крајот на 2021 година ќе биде отворена нова веб страница која ќе понуди повеќе комуникациски канали преку кои ќе можат децата и младите да воспостават контакт со нас на начин на кој тие би избрале.

СИТЕ ИДЕАЛИ НА СВЕТОТ ПОБЕЗНАЧАЈНИ СЕ ОД СОЛЗИТЕ НА ЕДНО ДЕТЕ.

"Децата се посебен народ. Децата не се национални и верски војсководци. Тие се еден народ кој никогаш не извел револуција или контрареволуција, ниту пак повел војна. Децата не се ни класно ни национално прашање: децата се прашање над сите прашања. Тие се народ кој најмногу страда во воените судири и човекови трагедии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД нудат 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма

Соединетите Американски Држави нудат награда до 20 милиони долари за информации за нуклеарната програма на Иран, вклучувајќи информации за научници, персонал, технологии, објекти и сродни организации.

САД нудат 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма

Стејт департментот, преку својата програма „Награди за правда“, ги повика сите што имаат информации да ги достават преку апликацијата Signal или безбедната телефонска линија Tor, велејќи дека би можеле да имаат право на парична награда и преместување, објави Fox News.

„Владата на САД останува посветена на спротивставување на секој обид на Иран да развие програма за нуклеарно оружје“, се вели во соопштението на платформата за социјални медиуми X.

Објавата доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп размислува за обновени воени напади врз Иран, додека Вашингтон и Техеран продолжуваат разговорите за нуклеарната програма на Иран.

Трамп во петокот повтори дека на Иран никогаш нема да му биде дозволено да има нуклеарно оружје, а еден ден претходно се состана со својот тим за национална безбедност за да разговара за можноста за продолжување на нападите.

„Дали сакаме да ги продолжиме нападите за да се осигураме дека нуклеарната програма на Иран ќе биде уништена и дека тоа никогаш повеќе нема да се случи? Подобро би сакал да избегнам уништување на остатокот од Иран, но можеби сè уште ќе можам да го направам тоа“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба.

Централната команда на САД ги финализира подготовките за евентуално продолжување на големите воени операции во Иран, но сè уште не добила нова директива од Вашингтон, според американски функционер.

Како што објави „Фокс њуз“, високи американски функционери изјавија дека младата месечина на 9 ноември, која носи малку или воопшто нема месечина, би можела да обезбеди поволни услови за воени операции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расел Бренд е сместен во озлогласен затвор- бил престрашен

Британскиот актер и комичар Расел Бренд (51) се соочува со можност за долга затворска казна откако беше прогласен за виновен за силување на една жена и сексуален напад на три други.

Расел Бренд е сместен во озлогласен затвор- бил престрашен

Неговиот случај предизвика бран реакции во Велика Британија, особено поради начинот на кој жртвите на сексуален напад се третираат на суд.

По пресудата, се зголемуваат повиците за промени во законските правила што ги регулираат судењата за силување.

Причина за ова беа некои од тврдењата изнесени за време на одбраната на Бренд, за кои шефот на лондонската метрополитенска полиција, Сер Марк Рол, рече дека се опасно блиску до обвинување на жртвата.

Тој предупреди на широко распространетите предрасуди за тоа како треба да се однесува лице кое преживеало сексуален напад, нагласувајќи дека не постои универзален одговор на такво искуство.

- Некои луѓе ќе се борат, некои ќе се замрзнат од страв. Некои веднаш ќе кажат некому што се случило, додека други ќе молчат со години. Нема еден начин да се одговори, рече Рол.

Тој ја поддржа иницијативата на комесарката за права на жртвите, Клер Ваксман, која се залага судиите да имаат законска обврска да ги информираат поротниците за митовите и заблудите за силувањето и однесувањето на жртвите.

Според нејзиниот предлог, ваквите предупредувања треба да бидат составен дел од секое судење за силување, а иницијативата би можела да биде вклучена во законот за судови и трибунали.

Роле, исто така, очекува дека по пресудата на актерот, повеќе жени би можеле да бидат охрабрени да се јават доколку преживеале сексуално насилство.

Расел Бренд е во озлогласен затвор

Додека чека понатамошен развој на судскиот случај, Расел Бренд е во затворот Вандсворт, во југозападен Лондон, кој е познат по своите многу тешки услови.

Поранешниот тенисер Борис Бекер претходно зборуваше за овој затвор, откако отслужи казна таму откако беше осуден за прикривање средства во вредност од околу 2,5 милиони фунти за да избегне плаќање долгови по прогласувањето банкрот.

Потсетете се дека Бекер беше осуден на две и пол години затвор во 2022 година, а подоцна опиша колку тешко му било времето зад решетки. Тој рече дека бил опкружен со осуденици за најтешки кривични дела, вклучително и убијци, и дека еден затвореник дури му се заканил со смрт.

- Вандсворт е навистина голем, многу валкан и исклучително опасен затвор. Има убијци, педофили, дилери на дрога, среќавате секакви луѓе. Сè се сведува на преживување. Кога ќе излезете од ќелијата, мора да се грижите за себе, бидејќи чуварите нема да го сторат тоа наместо вас - претходно рече Бекер.

Поранешниот шампион на Вимблдон призна дека на почетокот се обидел да избегне контакт со очите со другите затвореници и да се држи настрана за да избегне проблеми.

Жена во скандалот проговори на Би-Би-Си

По пресудата на Бренд, се огласи и Џорџина Бејли, жената во центарот на скандалот Саксгејт во 2008 година.

Во тоа време, Расел Бренд и водителот Џонатан Рос оставаа несоодветни и навредливи пораки на телефонската секретарка на нејзиниот дедо, актерот Ендру Сакс, познат по улогата во серијата „Фолти Тауерс“.

Нивните пораки предизвикаа огромен јавен негод, што го натера Бренд да го напушти Би-Би-Си Радио 2, додека Рос беше суспендиран три месеци. Скандалот, исто така, доведе до промени во начинот на кој британскиот јавен сервис ја контролираше содржината на своите програми.

Џорџина сега изјави дека верува оти правдата е задоволена по пресудата на Бренд.

- Иако никогаш не ме силувал ниту нападнал, како што секогаш сум велела, не знаев што се случувало зад затворени врати меѓу него и жените што го обвинувале. Нивните сведоштва беа убедливи. Тој беше прогласен за виновен и сега сакам да ја исправи неправдата што ја направил - рече таа.

Расел Бренд е татко на три деца, а за време на судењето, кое траеше речиси четири недели, поротата размислуваше околу осум часа пред да донесе одлука за неговата вина.

Според британските медиуми, кратко пред да биде објавена пресудата, Бренд ѝ се обратил на својата сопруга Лаура Галагер со зборовите: „Лаура, те сакам“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напаѓачот во Краков е полски државјанин, луѓето се собраа околу него- уби 6 минувачи и рани 15 (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави ново морничаво видео од масакрот во Краков, каде што неидентификуван вооружен човек убил шест лица и ранил уште 15 од автомобил во движење пред да биде неутрализиран од полицијата.

Напаѓачот во Краков е полски државјанин, луѓето се собраа околу него- уби 6 минувачи и рани 15 (ВИДЕО)

На видеото се гледа вооружениот човек како лежи на земја кратко откако бил застрелан од полицијата, додека сѐ повеќе луѓе се собираат околу него. Се гледа и автомобилот од кој наводно отворил оган, а во кој полицијата пронашла голема количина оружје и муниција.

На видеото се гледа и лицето на вооружениот човек, облечен во камуфлажа, како лежи на тротоарот. За потсетување, полицијата потврди дека вооружениот човек е полски државјанин, но неговиот идентитет сè уште не е објавен.

Полските медиуми претходно објавија дека кај него е пронајдена автоматска пушка што ја користат локалните безбедносни служби.

„Можам да потврдам дека сторителот е полски државјанин“, изјави за „Онет“ Катаржина Цисло, портпаролка на полицијата на Малополското војводство, давајќи нови детали за нападот што ја шокираше јавноста низ целата земја и низ цела Европа.

„Мажот немал никакви документи со себе. Полицијата успеала да го утврди неговиот идентитет преку оперативна работа“, додаде таа.

Онет неофицијално дознава дека напаѓачот од Краков има 24 години. Тој моментално е на операција откако бил застрелан од полицијата. Според полските портали, неговата состојба е критична.

Претходно имаше одредена конфузија кога Одделот за полиција на градот Краков ѝ соопшти на Полската новинска агенција дека, според прелиминарните информации, во пукањето учествувале двајца сторители, од кои едниот бил ранет од истрел.

Ранетиот полицаец критично повреден, претрпел три прострелни рани

Меѓу ранетите има двајца полицајци, од кои едниот е во критична состојба откако претрпел три прострелни рани.

Нападот бил извршен од автомобил во движење, при што загинале 6 минувачи, а ранети се 15. Мотивот за нападот и идентитетот на сторителот не се прецизирани.

Полските медиуми, исто така, објавија дека напаѓачот имал автоматска пушка од типот што го користат полските безбедносни служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер