Прв регионален фитнес судиски семинар во организација на Фудбалската федерација на Македонија - Канал 5

Прв регионален фитнес судиски семинар во организација на Фудбалската федерација на Македонија

Десет држави од регионот, претставувани со по две судиски тројки, една машка и една женска судиска тројка, се дел од првиот регионален фитнес судиски семинар во организација на Фудбалската федерација на Македонија кој се одржува во Скопје.

Прв регионален фитнес судиски семинар во организација на Фудбалската федерација на Македонија

На судискиот камп кој во оваа форма се организира прв пат воопшто во Европа, пријавени се интернационални фудбалски судии од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Романија, Бугарија, Албанија и Македонија.

Судиите кои ќе ја следат тридневната програма од денеска до 26 јуни ќе имаат можност да се запознаат со најновите програми и потреби за натпреварувањата во рамки на УЕФА.

Претседателот на фудбалската федерација на Македонија, Мухамед Сејдини, на денешното отворање на семинарот во Хотел Хилтон истакна дека како Фудбалска федерација веруваат дека само со работа може да се постигне развој на сите полиња.

– Затоа, и овој сегмент за развој на судиите, континуираната едукација на сите нивоа, е потребна да се достигне повисоко ниво, како на знаење, така и на физичка подготвеност, рече тој.

Дополни дека идејата овој пат е тоа да се прошири и со останатите колеги од регионот, како што рече, „како што го правиме во останатите сегменти од фудбалската игра, да размениме знаење и искуства во делот на судењето и фитнес подготовката и да изградиме нови мостови на поврзување“.

Димитар Мечкаровски, претседателот на Судиската организација на ФФМ, се заблагодари за поддршката за реализација на семинарот и истакна дека истиот е од клучно значење за судиите.

– Ние сме навистина горди што го организираме овој семинар. Како што веќе кажав, за нас како Федерација овој семинар значи многу, за нашата држава, особено тоа што овој семинар е првиот од ваков тип кој се организира на овие простори во Европа воопшто, посочи тој.

Главниот тренер на УЕФА за подготовката на судии, Вернер Хелсен, кој втор пат е во државава, откако во октомври 2021 година беше предавач на семинарот за сите национални главни и асистенти судии од Прва и Втора МФЛ, истакна дека е супер да се биде тука.

– Среќен сум што сум тука со вас.Пред една година бев импресиониран од високиот стандард на едукација и можам да кажам дека денеска, кога ја гледам оваа разнолика група, не само во дресовите, туку и во државните асоцијации и културна позадина, е супер да се биде тука, рече тој.

Теоретските и практичните сесии од претстојниот камп ќе бидат реализирани од националниот фитнес тренер за фудбалски судии, Сашо Даневски, кој воедно е првиот македонски кондициски тренер ангажиран од страна на УЕФА. Тој истакна дека на семинарот најмногу ќе се посветат на високоинтензивна работа.

– Ќе симулираме ситуации од натпревари, бидејќи судиите секогаш треба да бидат подготвени за најлошите ситуации кои може да се случат на терен. Ова е одлична можност да создадеме услови за многу такви ситуации, да може да се преиспитаат себе си при донесувањето на одлука, меѓутоа, и да им дадеме и многу други нови предизвици кои би ги доживеале во иднина, рече Даневски.

Присутните судии, исто така, го споделија задоволството што се дел од овој семинар и истакнаа дека преку учење и пример очекуваат убава соработка со колегите од регионот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

IN MEMORIAM: Почина Бранко Радовановиќ, легендарниот македонски воен репортер и уредник

Известуваше од поранешниот Советски Сојуз, од Заливската војна и од војната во Босна, за Македонците во Бугарија, Албанија и Грција.

IN MEMORIAM: Почина Бранко Радовановиќ, легендарниот македонски воен репортер и уредник

Замина Бранко Радовановиќ, легенда на македонското новинарство кој ја напушти сцената, оставајќи зад себе спомени, професионална трага и многу приказни што ќе продолжат да се раскажуваат.

Радовановиќ беше име препознатливо во македонскиот медиумски простор

Роден е на 16.06.1947 во Битола

Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград

Добитник е на признанието Крсте Мисирков

Со новинарство се занимавал уште како средношколец пишувајќи за Млад Борец и како студент и по дипломирањето работејќи за Вечерне Новости и како надворешен соработник во Нова Македонија;

Од 1977 до 1980 бил новинар во весникот на МЗТ и уредник во Стопански Весник;

Од 1979 година работел како соработник во надворешно-политичката редакција на МТВ, а од 1985 како коментатор и во повеќе наврати уредник во оваа редакција;

Неколку семестри бил асистент по теорија и практика на интердисцплинарните студии по новинарство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Од 1999 година работи во Документарната програма на МТВ;

Во 2002 година станува уредник во Образовната програма на МТВ;

Некои од неговите поважни ангажмани како новинар и уредник се известувањата од поранешниот Советски Сојуз, од Заливската војна и од војната во Босна, за Македонците во Бугарија, Албанија и Грција;

Г. Радовановиќ ги напиша текстот и сценариото на документарната програма “Вчера беше денес”, што беше емитувана на МТВ.

Во 1994 година го доби признанието Кристе Мисирков.

Бранислав Бранко Радовановиќ беше член

на Советот за Радиодифузија од април 2009 година со мандат од 6 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хајли Бибер се соблече по хулахопки и ги запали мрежите (ФОТО)

Хајли Бибер повторно привлече внимание со модно издание во кое одлучи да ги прескокне панталоните. 

Хајли Бибер се соблече по хулахопки и ги запали мрежите (ФОТО)

Таа објави серија фотографии на Инстаграм на кои позира во проѕирни светкави хулахопки, црна танга и црн топ со отворени рамена. Фотографиите се дел од новата кампања за брендот Calzedonia.

Манекенката ги сподели фотографиите на 28 октомври, а во описот на објавата ја означи Calzedonia и додаде емотикон во форма на црно срце. Со ова издание, таа покажа малку посмела страна од својот стил, само десет дена откако се појави на црвениот тепих во сосема поинаква комбинација.

Имено, на гала вечерата на Музејот на Филмската академија на 17 октомври, таа носеше нежно розов фустан од Шанел, кој го надополни со бисерни обетки и темен лак за нокти. Ја остави косата пуштена, со разделба во центарот, а целото издание беше значително поромантично од нејзината најнова кампања.

„Сакам мојот стил да го одразува тоа како се чувствувам“

Во интервју за Vogue Australia во февруари оваа година, Хајли зборуваше за својот пристап кон модата и откри што ја води при изборот на облека. „Се водам од тоа како се чувствувам и од мојот сопствен инстинкт. Секогаш сакам мојот стил да ме одразува мене и моето расположение“, рече таа.

Таа исто така објасни дека наоѓа инспирација во секојдневните работи, од патувања и фотографии до филмови и телевизиски серии. Таа е особено блиска до модата од деведесеттите. „Се чувствувам многу поврзана со стилот на деведесеттите затоа што изгледаше толку неоптоварен, и тоа навистина ми се допаѓа. Мислам дека дури и најобичните фармерки и маица можат да бидат многу секси“, истакна таа.

Таа е свесна за своето влијание врз модата

Во априлското интервју за списанието Interview, таа размислуваше и за своето влијание врз уличната мода, односно за фактот дека многу девојки наоѓаат инспирација за облекување токму во своите комбинации. „Гледам дека имам влијание во одредени кругови, но никогаш не би погледнала девојка и не би помислила: „Знам дека ја инспирирав“, рече таа.

Сепак, таа призна дека е среќна кога гледа девојки како се обидуваат да ги рекреираат нејзините модни комбинации на социјалните мрежи. „Гледам девојки како пишуваат: „Еј, се обидувам да го рекреирам овој изглед на Хајли Бибер“. Тоа навистина многу ми ласка, а во исто време ме прави скромна“, заклучи таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжен е мандатот на ЕУФОР во БиХ

Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) донесе одлука за продолжување на мандатот на воената мисија на Европската Унија (ЕУФОР) „Алтеа“ во Босна и Херцеговина за уште една година.

Продолжен е мандатот на ЕУФОР во БиХ

Ова им овозможува на меѓународните сили да продолжат да дејствуваат во БиХ, со задача да одржуваат безбедна средина и стабилност во земјата, објавува RTRS.

Мандатот на мисијата ЕУФОР „Алтеа“ е продолжен за дополнителни 12 месеци, а одлуката е донесена со гласање на членовите на Советот за безбедност на ООН.

Ве потсетуваме дека во несреќата на италијанскиот воен хеликоптер во близина на Брчко, што се случи за време на ангажманот во рамките на мисијата ЕУФОР „Алтеа“, загинаа четири припадници на италијанските сили, додека 11 други лица беа повредени.

Мисијата ЕУФОР „Алтеа“ беше воспоставена во БиХ во 2004 година, по завршувањето на мисијата на НАТО, со задача да одржува безбедна средина и да го спроведува воениот дел од Дејтонскиот мировен договор.

Ова е меѓународна воена мисија на Европската Унија што дејствува низ цела Босна и Херцеговина.

Според податоците од 2026 година, мисијата има околу 1.500 војници од 25 земји, а нејзиното седиште е во кампот Бутмир во близина на Сараево.

Од првичните приближно 7.000 членови, колку што имаше по нејзиното основање, бројот на војници се намалуваше со текот на годините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер