МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска
1МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска
ЗабаваПрв квиз на знаење и забава на Државната лотаријаСо задоволство ви го најавуваме почетокот на квизот „Седмо небо” на Државна лотарија, на 6.7.2025 (недела) во 22:30 часот на Канал 5 телевизија. Квизот има 16 епизоди и во него учествуваат натпреварувачи коишто се пријавија преку наменски отворената платформа www.7nebo-loto.mk. Водител на квизот е познатиот актер Дејан Лилиќ, кој преку прашањата ќе ве воведе во светот на занимливости за Државна лотарија. Со него го гледаме и радиоводителот Виктор Петров Викса, кој на интересен и забавен начин ќе им помага на натпреварувачите да се искачат што повисоко по скалилата на знаење за да стигнат до седмото небо. Преку овој забавен квиз на знаење, Државна лотарија ги отвора портите на богатата ризница податоци за својот историјат, деловните успеси и игрите на среќа. Сите учесници покрај дружењето со Марјана, Дејан Лилиќ и Викса, добиваат вредни награди како рачен часовник, украсен шах, велосипед или модерен безжичен звучник со врвен квалитет. Квизот ќе се емитува во рамките на истоимената емисија „Седмо небо” со водителката Марјана Станојковска. Очекувајте динамични моменти надополнети со многу насмевки и среќа, кои ќе го потврдат нашиот корпоративен слоган – Среќата е насекаде! Ова уникатно квиз патување до седмото небо наскоро започнува – не го пропуштајте!Тагови: Седмо небо Државна лотарија квизот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаМЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска трескаМинистерството за здравство информира дека состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции.На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи. Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега се примени 1.028 формални пријави за заразна болест и изработени се 730 нови епидемиолошки анкети, со опфат од 71 процент. Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања. Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен епидемиолошки надзор и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови сознанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаСДСМ: За Мицкоски екскурзија во Белгија - за граѓаните македонски планини и езераХристијан Мицкоски ќе оди на „екскурзија“ во Белгија. Малку Бриж. Малку Брисел.На граѓаните им порачува: летувајте на езерата и планините во Македонија. На границите - гужви и часови чекање. Затоа што Македонија е изолирана. Изолирана затоа што така сака Мицкоски. Не сака во ЕУ. Затоа што во ЕУ обвинителството е независно и европско. Тогаш не може да се заканува на неистомислениците. Не може да се ослободуваат криминалци како Латас и Груевски. Не може да се враќа имот стекнат преку криминал - како Белата палата. Мицкоски не го боли главата. Цела ВМРО-ОКГ си обезбеди бугарски државјанства и ЕУ пасоши, за себе и за своите семејства. Тие не чекаат на граница. Тие поминуваат преку посебен ЕУ премин. Имаат и фирми во ЕУ, во Бугарија. Мицкоски, бидејќи го болат колената од клечење уште од кампањата кога ветуваше сè и сешто и молеше за власт, лета со државниот авион. Тој воопшто не ги чувствува проблемите на Македонија како слепо црево на Балканот и во Европа. Додека на граѓаните им порачува езера и планини, тие одат на луксузни дестинации. Белгија е една од поскапите земји во ЕУ, но тоа не е проблем. Мицкоски и неговите тендер-патриоти можат да си го дозволат тоа. Кога може само за часовник од колекцијата да даде 65.000 евра, зошто не би можел и една „екскурзија“? А ти, народе македонски, гледај во празниот фрижидер и крпи крај со крај. Мицкоски е повторно – горд. Скопје, 01.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИнтер пазареше во Лондон, на Џизепе Меаца пристигна светски вицешампионАктуелниот италијански шампион Интер договори големо ново засилување за одбраната – аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро, кој доаѓа од Тотенхем, треба да го облече дресот на „нероаѕурите“.Според информациите на аргентинскиот ESPN, двата клуба постигнале договор за трансфер вреден 40 милиони евра. Процесот се забрзал по директните разговори меѓу спортскиот директор на Интер, Пјеро Аузилио, и раководството на лондонскиот клуб. Тотенхем првично бараше повисоко обесштетување за својот дефанзивец, но двата клуба на крајот сепак најдоа заеднички јазик. На тој начин, Ромеро ќе се врати во Серија А, каде што претходно се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во лигата, настапувајќи за Џенова, Јувентус и Аталанта. Одличниот Ромеро инаку со Аргентина ја освои светската титула во Катар во 2022 година. Договорениот финансиски пакет му овозможи на лондонскиот тим да поврати значителен дел од инвестицијата, додека Ромеро ќе ја оствари својата желба да ја напушти Премиер-лигата и да се врати во Италија. Со доаѓањето на Ромеро, Интер дополнително ќе ја засили одбранбената линија. Аргентинецот му се придружува на Џон Стоунс, кој неодамна пристигна од Манчестер Сити, а со овој потег клубот од Милано испраќа јасна порака дека сака да ја задржи доминацијата во Италија и да биде конкурентен во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter