Многу смеа и полна сала за гостувањето на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска во Битола
1Многу смеа и полна сала за гостувањето на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска во Битола
МакедонијаПротест за ослободување на осудените за „27 април“Под мотото „Правда за уставобранителите“ денеска пред Владата почна протестот за поддршка и правда за осудените за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, кој што заврши пред Собранието.Беше прочитана Декларација со барање за ослободување на осудените. Обвиненијата за тероризам на осудените за „27 април“, според организаторите на протестот, се политички монтирани. Бараат од Врховниот суд да го поништи судењето, да ги укине пресудите и да има ново судење бидејќи, сметаат дека пресудите се базираат на лажни сведочења. Протестот е во организција на македонските заедници и организации од дијаспората, а го поддржаа дел од опозициските партии меѓу кои ВМРО-ДПМНЕ. Ова е втор протест во организација на македонски заедници и организации од дијаспората за поддршка на осудените за 27 април. Првиот беше на 25-ти, минатиот месец. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
АвтомобилизамЗошто гумите на електричните автомобили се трошат побрзо?Не е само тежината на батеријата. Еве три причини зошто гумите траат пократко.Гумите на електричните автомобили можат да се трошат до 20 проценти побрзо во просек од споредливите возила со мотори со внатрешно согорување. Главните причини се поголемата маса, силното забрзување и регенеративното сопирање. Според „Euromaster“, врз основа на студиите и техничките извештаи на „Michelin“, електричните автомобили претставуваат специфичен предизвик за гумите. Сепак, ова не значи дека гумите на секое електрично возило нужно ќе се трошат побрзо. Поголема маса и силно забрзување Батериите ја зголемуваат масата на електричните автомобили, па затоа гумите честопати мора да издржат поголеми оптоварувања при забрзување, сопирање и менување на насоката. Затоа е важно да се изберат гуми со соодветен индекс на оптоварување, пишува „Revija HAK“. Друг фактор е електричниот мотор, кој може да испорача висок вртежен момент речиси веднаш. Силното забрзување ги зголемува силите помеѓу гумите и земјата, особено на погонските тркала. Агресивното возење и честото силно забрзување затоа можат дополнително да го забрзаат абењето. Третиот фактор е регенеративното сопирање. Овој систем го забавува возилото и враќа дел од енергијата на батеријата, намалувајќи ја употребата на конвенционалните сопирачки. Сепак, автомобилот сè уште запира благодарение на силата на триење помеѓу гумите и патот, па затоа начинот на кој забавувате и условите на возење можат да влијаат на нивното абење. Притисокот во гумите е особено важен Соодветното одржување може да помогне гумите да траат подолго. Пренискиот или превисокиот притисок може да предизвика нерамномерно абење, а несоодветниот притисок исто така го зголемува отпорот на тркалање, што може негативно да влијае на енергетската ефикасност и досегот на електричниот автомобил. Затоа, треба редовно да го проверувате притисокот според препораките на производителот на возилото, да ја следите состојбата на гумите и да избегнувате непотребно нагло забрзување. Тврдењето за 20 проценти побрзо абење треба да се гледа како просечна проценка, а не како правило што важи за секој електричен автомобил и за секој стил на возење. Извор: Б92Тагови: автомобилски гуми електрични автомобили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
КултураМногу смеа и полна сала за гостувањето на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска во БитолаПо повод Денот на Хрватскиот Парламент, во Битола во Центарот за култура беше изведена претставата „Не се врткај наоколу гола“, во режија на Силвио Стилиновиќ, и изведба на Младинскиот Сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска.Гостувањето на овој театар беше во организација на МХД.Хрватски културен центар „Марко Марулиќ“, Битола, во соработка со Општина Битола и Центарот за култура, со поддршка на Централната канцеларија за Хрватите кои живеат надвор од Хрватска. „Навистина се чувствувам како дома. Секогаш ни е драго да се сретнеме со луѓето овде, а особено со нашите Хрвати што доаѓаат тука. Навистина сме благодарни што на некој начин го запознавме господинот Маретиќ и што ни овозможи да се сретнеме со овие луѓе овде. Македонците и Хрватите, можам слободно да кажам дека станавме пријатели, благодарение на таа соработка и на соработката со Хрватскиот културен центар. Во Славонски Брод има еден фестивал на аматерски театри, веќе неколку години и театарските аматери од оваа околина, од Битола, од Ресен, доаѓаат таму и учествуваат на фестивалот. Така што се разви еден убав мост на пријателство меѓу Битола и Славонски Брод. Разговаравме за некои идни соработки, па можеби сега е време да направиме чекор повеќе. Мојот предлог е да се обидеме да се поврземе на ниво на нашите градови“, изјави режисерот Стилиновиќ. Гостувањето на театарот од Славонски Брод во Битола стана традиција. „Веруваме дека таа традиција ќе продолжи. Во преговори сме за некои идни соработки на повисоко ниво. Инаку ние ги одбележуваме сите позначајни празници на Хрватска. Освен тоа, оваа година Хрватскиот културен центар беше организатор на повеќе значајни манифестации, иницијатор на потпишување на Меморандум за соработка помеѓу НУУБ. „Св. Климент Охридски“ Битола и Градската библиотека „Марко Марулиќ“ Сплит, организатор на неодамнешната турнеја на КУД Илинден во Хрватска, учесник на меѓународни конференции и семинари и сл“, истакна Бранко Маретиќ, претседателот на Хрватскиот културен центар. Претставата која беше изведена во Битола е работена по текстот на еден од најголемите француски комичари, Жорж Фејдо, напишан пред 100 години. Програмата на Хрватскиот културен центар е направена со цел на презентација и запознавање на публиката со хрватското културно наследство, традиција, чување на хрватскиот јазичен идентитет. Културните посети и соработки траат повеќе од 30 години, од кои дел беа бројни изложби, концерти, театарски претстави, промоции на книги, предавања, а следуваат и концерти на хорот „Стив Наумов“ во Хрватска, концерти во соработка со Општина Битола, традиционалниот Божиќен концерт и сл. Во претставата играат: Славко Радовановиќ, Петра Ковачевиќ, Антонио Јуричиќ, Ноа Маринац, Јан Битуњац. Костимографијата е на Тајана Балаж Јуришиќ. Претставата од својата премиера минатата година ги полни салите низ театрите и културните центри во Хрватска каде и да гостува. Иако текстот е стар повеќе од еден век, режисерот Силвио Стилиновиќ и младата екипа го сместија дејството во денешна Хрватска. Тие на најдобар можен начин покажаа дека дури ни вековите не ја промениле самата суштина на човечкиот карактер, во сите негови доблести и недостатоци. Режисерската работа на Стилиновиќ успева во она што е тешко дури и за професионалните ансамбли – да извлече од младите актери спонтаност, автентичност и одлично темпо на претставата, што ја држи публиката будна од првата до последната сцена. Заедно со асистентот-режисер Саша Кариќ, тој создаде претстава која го нуди она што публиката најмногу го сака – вистинска смеа. Додека културната сцена често се жали на недостаток на млади луѓе, овој пример од Славонски Брод покажува колку е важно да се инвестира во аматерски театри. Тука се младите луѓе кои избираат глума, креативност и соработка и се вистинска реткост, но и капитал на заедницата во кој треба да се инвестира. Инаку, овој театар постои од 2006 година, добитници се на многубројни награди во Хрватска, но и на фестивали надвор од неа. Сатиричниот театар со право може да каже дека со своите претстави, културното значење и просторот што го отвора за младите и љубителите на театарот е еден од столбовите на општествениот живот на градот Славонски Брод. Претставата после Битола беше изведена во Ресен.Тагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаДрама на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажаниБезбедносната ограда е пробиена на аеродромот во Лајпциг преку ноќ, а полицијата верува дека непознат автомобил влегол на аеродромскиот терен покрај руските товарни авиони „Антонов“ паркирани таму.Дупката во оградата е откриена околу 23 часот во саботата, соопшти полицијата, а портпаролката на полицијата Тереза Леверенц изјави дека летовите на северната страна од аеродромот се откажани по инцидентот, објави „Билд“, забележувајќи дека бројни товарни авиони на „Амазон“ морале да слетаат на јужната писта на аеродромот во Лајпциг. „Многу е веројатно дека возило ја пробило оградата. Сепак, за време на пребарувањето на областа преку ноќ, ниту возилото ниту неовластени лица не се пронајдени во аеродромскиот простор. Пребарувањето ќе продолжи денес, а северната писта останува затворена за воздушен сообраќај“, рече Леверенц. Во август, истражителите открија дрон натоварен со експлозив во близина на аеродромската писта, настан за кој германските власти подоцна ја обвинија Русија, објави „Ројтерс“. Русија ги негираше обвинувањата. Фото: ВИТагови: аеродром Германија драма Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter