Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Најавено е дека партијата ќе продожи со организирање слични активности и употреба на сите расположиви демократски алатки за да се чуе нивниот глас. 

Во организација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, попладнево низ улиците на Охрид се одржа протест со возила во знак на несогласување пред се со одлуката на власта за поскапување на електричната енергија, но и за, како што беше истакнато, сите нејзини погрешни политики.

Од протестот беше порачано дека неодговорното раководење со институциите, поскапувањето на струјата, неправдата, реваншизмот и политичкото насилство на власта се доволен мотив да се излезе на улица и да се искаже незадоволството на граѓаните.

– Народот во Македонија е соочен со драстичен пад на стандардот поради поскапувањето на струјата од 7,4 проценти што го испорача мафијата на власт преку одлуката донесена од Регулаторна комисија за енергетика. За жал Македонија плаќа најскапа цена на струја во Европа споредено со примањата коишто ги имаат македонските граѓани. Извештајот на Европската Комисија го потврди истото што го зборувавме и претходно дека имаме партизирана Регулаторна комисија за енергетика, изјави Кирил Пецаков, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

Според Пецаков, партијата има три барања и тоа враќање на старате цена на електричната енергија, спречување на осиромашувањето на граѓаните, како и разрешување на Марко Бислимовски и членовите на РКЕ, а на нивно место поставување експерти кои ќе го штитат интересот на народот.

Од собирот беше истакнато дека власта предводена од СДСМ и Зоран Заев удираат по џебот на граѓаните за да се покријат дупките од неспособноста и неодговорноста на мафијата на власт, која го лаже и краде народот а наспроти тоа цветаат приватни бизниси и лични богатства на функциниерите од власта.

Најавено е дека партијата ќе продожи со организирање слични активности и употреба на сите расположиви демократски алатки за да се чуе нивниот глас. /МИА

Варан го напушта Манчестер јунајтед

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Дефанзивецот Рафаел Варан е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната кога ќе му истече актуелниот договор, а клупското раководство е сè поблиску до одлука да му дозволи на 31-годишниот фудбалер да си замине како слободен играч на лето, пренесува денеска Би-Би-Си.

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, вчера изјави оти се надева дека дефанзивецот ќе биде подготвен за настап за денешниот домашен натпревар против Барнли во 35. коло од Премиер лигата.

Јунајтед е шестопласиран на табелата во Премиер лигата со 53 бодови.

Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри

 Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека очекува во следните 48 часа, седница на Претседателството на Српската напредна странка, на која нејзиниот претседател Милош Вучевиќ би презентирал кого предлага за министри во новата Влада.

Рокот за нејзино избирање во Собранието е 6 мај, така што ќе работиме следната недела, изјави таа, пренеесе Бета.

Според неа, Србија ја чекаат големи и тешки битки за националниот интерес и претстои „тежок мај“.

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија, професорите ги поддржуваат студентите.

Студентите кои протестираат против војната меѓу Израел и Хамас на универзитетите низ САД денеска ветија дека ќе продолжат со демонстрациите, а професорите ги осудија претседателите на универзитетите кои повикаа полиција да ги отстрани демонстрантите од кампусите.

Додека Универзитетот Колумбија продолжува да преговара со пропалестинските демонстранти, советот на универзитетот во петокот усвои резолуција за формирање работна група за истрага на раководството на администрацијата, која минатата недела ја повика полицијата да ги евакуира студентите, што резултираше со застој и повеќе од 100 приведени.

Полицијата привела околу 100 луѓе денеска наутро во обид да го расчистат пропалестинскиот протестен камп на Нортистерн Универзитетот во Бостон поради антисемитски навреди, соопштија од НВУ.

Акцијата беше преземена откако демонстрантите кои прибегнаа кон „вирулентни антисемитски навреди, вклучително и „Убиј ги Евреите“, ја преминаа границата“, се вели во соопштението на универзитетот на Х.

Иако универзитетот постојано поставуваше, а потоа ги одложуваше роковите за отстранување на кампот поставен од демонстрантите, универзитетот испрати е-пошта до студентите во петокот вечерта во која се вели дека враќањето на полицијата во кампусот во овој момент би било контрапродуктивно, јавија американсккте медиуми.

притисни ентер