3Димитриевски: ЗНАМ ќе положи сметка пред граѓаните, на средината на септември ќе го објавиме извештајот за работата на нашите функционери
МакедонијаПротест на дел од вработените во фирмите организатори на игри на среќаПредлог – Законот за игри на среќа и забавни игри веќе е доставен до Собранието. Во образложението за потребата од измените Владата вели дека поради сегашниот недостаток од законски ограничувања се надминуваат границите на пристојноста што доведува и до се поголемо вклучување на населението, меѓу кои и малолетници, во игрите на среќа. Според Членот 24 од Предлог законот, просториите во кои се организираат игри на среќа ќе се отвараат најмалку 500 метри од основните и средни училишта а ќе се ограничи и рекламирањето. -Поради ова, со новиот закон се забранува (...) рекламирање или учество во рекламирање со кое игрите на среќа се промовираат како начин за социјално прифаќање, за постигнување на личен или финансиски успех или пак за решавање на какви било економски, социјални или лични проблеми,рекламирање со кое се упатува препораки од познати личности кои сугерираат дека игрите на среќа дале придонес за нивниот успех и рекламирање кое е насочено кон поттикнување на малолетни лица да се вклучуваат во игрите на среќа и со кое се надминуваат границите на пристојноста,- -предлог на Закон за игри на среќа и забавни игри. Освен тоа, со новото законско решение се предлага и наместо досегашната пракса на една лиценца а неограничен број на уплатно-исплатни места, да се воведе надоместок за отварање на секоја нова деловна просторија како и зголемување на износите на банкарските гаранции, што би допринело и кон државниот Буџет, појаснуваат во предлог-законот од Владата. Сепак, вработените во овој сектор со прв предупредувачки протест, тврдат дека овие законски измени ќе загрозат 10 000 работни места. Донесувањето на овој Закон ќе влијае на намалувањето на бројот на деловни простории во кои се приредуваат игрите на среќа и е во насока на заштита на популацијата од негативното влијание од учеството во игрите на среќа, вели предлагачот односно Владата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоИ денеска многу топло,максималната ќе достигне од 35 до 40 степениВремето и денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Според УХМР ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 39 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре и во среда ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во четврток и петок наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а температурата ќе опадне за неколку степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 11. август 2026 годинаДневен хороскоп за вторник, 11. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно ќе ви се чини како љубовта да отишла некаде далеку од вас. најдобро ќе се чувствуваат оние кои се помириле со осаменоста. Кариера Малите тековни работи ќе се одвиваат добро , но во преговорите , на состаноците или договарањата би можело да се јават мали тензии. Здравје Не сте задоволни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Копнеж , тага и слични чувства ќе ви се вовлечат во срцето полесно од вообичаеното. Побарајте ведри луѓе и весели содржини. Кариера Ќе функционирате добро и без поголем застој ќе одредувате она што треба. Ќе ви недостигаат предизвици. Здравје Телесно сте добро , но емоционално сте фрустрирани. Вага 24.9.-23.10 Љубов Загонетки , сплетки , соништа- сето тоа денеска ќе ве привлекува повеќе од кога било. Можни се дискретни погледи и читање меѓу редови. Кариера Она околу што неодамна се препиравте , денеска ќе биде ставено во втор план. Ќе продолжите да работите како да не било ништо. Здравје Послужете се со својата интуиција. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете многу расположени за љубов и за покажување емоции , па така и ќе постапите.некои ќе си ја отворат душата. Кариера Борбите што ги водевте ви носат победи , а тоа ве поттикнува и натаму дасе развивате , храбро и без пречки. Здравје Ќе бидете весели и емотивни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ние кои бараат љубов добро нека погледаат околу себе во лицата со кои професионално соработуваат. Кариера Преминете од зборови на дела. Сепак , постојат уште некои одложувања , поради што дел од работите чекаат. Здравје Ќе се веселите со блиски луѓе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Можно е да ви се чини дека е долг патот до нечие срце, но тоа е чувство што ќе трае само денеска. Кариера Веројатно соработниците ќе ве критикуваат , но важно е тоа да го сфатите како конструктивна опомена. Здравје Потпрете се на вашата смисла за хумор. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони да ја идеализирате саканата личност или таа навистина денеска ќе се покаже во најдобро светло. Кариера Врз основа на старите успеси и завршените работи, ви подготвено работите и натаму . Ништо не мкоже да ве запре. Здравје Полни сте со енергија. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Би можеле да добиете повик за убава забава и дружење со кое ќе го компензирате сегашното љубовно незадоволство. Кариера Ви претстои соработка со млади лица , кои ќе ги обучувате во работата. Има уште некои ситни работи што треба да гио довршите. Здравје Свртете се кон себеси. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате добра волја своите приватни односи да ги доведете во ред. Сепак , други ќе ве попречуваат во намерата. Кариера Важно е да го прифатите она што ви се нуди , дури и во моментов да ви изгледа неповолно. Добро ќе биде на долг рок. Здравје Користете ги паузите на работа. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои би стекнале пријател со личност , која е позрела од нив. Ќе добиете конструктивна критика. Кариера Не сонувајте за невозможното , туку задржете го она што го имате. На тој начин еден ден ќе ги достигнете своите соништа. Здравје Би било корисно добро да се наспиете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И натаму ќе работите на зацврстување на својата врска и ќе уживате во тоа. Другата страна ви возвраќа со љубов и тоа е доволно за среќа. Кариера На момент ќе ви се пристори дека вашите колеги не се толку доверливи како вас , но тоа е само преодна слабост што набргу ќе исчезне. Здравје Занимавајте се со спорт. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои во моментот имаат љубовни проблеми , денеска нека побараат друштво на пријатели, бидејќи со нив ќе гледаат појасно. Кариера Ќе бидете расположени за самостојна работа , иако нема да бидете целосно затворени за соработка. Но , кога вие би се прашувале , најубаво ви е кога работите сами. Здравје Наспијте се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИван Анастасовски во „Вести плус“Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Иван Анастасовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖивата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18