Прослава на Илинден во Крушево и Скопје – ова се пораките - Канал 5

Прослава на Илинден во Крушево и Скопје – ова се пораките

Слободата не ни беше подарена од некој друг, туку сами се ослободивме со нашата 120 илјади бројна народна ослободителна војска.

Прослава на Илинден во Крушево и Скопје – ова се пораките

Во придружба на собраниска, владина, делегација на борци на народно ослободителната борба, членови на семејството на Методија Андонов Ченто, како и претставници од дипламтскиот кор во земјава, шефицата на државата Гордана Сиљановска Давкова, денешниот празник го одбележа со полагање свежо цвеќе пред споменикот на претседателот на крушевската република Никола Карев и споменикот АСНОМ..

Оттаму се упатија кон споменикот на првиот претседател на президиумот на АСНОМ Методија Андонов Ченто.

-Слободата не ни беше подарена од некој друг – сами се ослободивме и никому не му должиме за тешко изборената држава – порача шефицата надржавата Гордана Сиљановска Давкова на одбележувањето на 123 години од Илинденското Востание и 82 години од првото заседание на АСНОМ .

Во говорот, од пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, осврнувајќи се на животниот пат и идеалите на Ченто претседателката порача дека нашиот пат останува проевроски ориентиран исто како и Чентовиот, и оцени дека со блокадата на евроинтеграциите не губи само Македонија туку губат сите дури и оние што ја блокираат.

„Слободата не ни беше подарена од некој друг, туку сами се ослободивме со нашата 120 илјади бројна народна ослободителна војска. Значи никому не му должиме за тешко изборената држава. Токму затоа никој нема право да ја ревидира нашата национална историја оти секој народ па и македонскиот има право на своја историја. Нашиот пат е проевропски ориентиран, како и Чентовиот. Знаеме дека секоја земја кандидат прави компромиси врзани за адаптирање на односите и процесите на акито или решавање на различни спорови. Но нашето искуство има уникатен предзнак, како постојана и незавршена низа од барања со коишто се оспорува и се нарушува нашето суверено право на самоопределување. Но, факт е дека не само ние, со блокадата на нашата евроинтеграција, туку и оние што нè блокираат – губат. Губиме сите. “-- Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Р. Македонија.

Илинденците не ни оставиле само историја туку и завет за оваа наша слободна Македонија – порача од Мечкин Камен потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски кој ја предводеше собраниската делегација во Крушево по повод 2 август. Милошоски вели не бараме ништо што му припаѓа на друг, но никој не треба да бара и од нас да се откажаме од она што сме Македонци.

„Илинден не учи и на нешто друго што ни е потребно повеќе од било кога и да е дека има миго кога она што не обединува мора да биде многу поголемо од она што не дели – може да имаме различни политички стаовви за закони да имаме различни погледи за патот по кој се движиме и тоа не е слобст тоа е дел од демократијата. Но постојат работи што мора да стојат над нашите поделби Македонија е првата работа. “- Антонио Милошоски – потпретседател на Собрание.

Во Крушево освен собраниската делегација, присутен беше и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и лидерот на СДСМ Венко Филиче, кои порачаа дека должност на државата е да се продолжи патот на Илинденците..

„2 август е доказ на борбата на македонскиот народ за своја држава. Денес Македонија ја градиме како европска модерна држава, како никогаш преходно гради 6 автопати, гради железница на коридор 8 а за брзо ќе почне и на коридор 10... “- Алкесандар Николоски – вицепремиер и мин.за транспорт.

Честитки за единство, државност и почит кон илинденските завети упати од целиот политички и државен врв во земјава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Забраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои и Македонија, воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, денеска е поништена од федерална судијка како „спротивна на законот“, објави СНН.

Американски суд ја поништи забраната на Трамп за имигрантски визи за 75 земји, вклучително и за македонските граѓани

Одлуката ја донесе судијката Џенет Варгас од федералниот окружен суд во Менхетен.

Таа оцени дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања со забраната, донесена со образложение дека ќе го спречи влезот на луѓе кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции. Судијката утврди дека американските службеници во пракса биле упатени да ги одбијат барањата за виза од апликантите, дури и од оние кои можеле да се издржуваат сами, единствено врз основа на нивната земја на потекло.

Во јануари, Стејт департментот го суспендираше издавањето имигрантски визи за земји каде што живее речиси 40% од светското население, а меѓу нив од регионот се најдоа и Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон.

Италијанскиот пливач Алесио Окипинти победи на Охридскиот маратон

Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа.

Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран.

На целта на кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот.

Наградниот фонд на трката изнесува 15 илјади долари, распределни соодветно за првите тројца во двете категории

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици

Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат.

МВР ги остранува хаварисаните и запленити возила кои со години се трупаа во дворовите на полициските станици

Секое од возилата во себе носи приказна, со едно се превезувале мигранти и било дел од филмска брканица, со друго се краделе дрва, некои се и поради безобѕирно возење, а за она што се случувало со дел од нив, најголем сведок и денеска остануваат дупките од куршуми.

Сите овие запленети возила кои ја нарушуваа репрезентативноста на полициските станици и ги затрупуваа нивните дворови, конечно се отстрануваат далеку од очите на службениците и граѓаните на кои им пречеа секојдневно.

-Ова возило кое било дел од огнена пресметка во ПС Арачиново било околу половина година, а во моментов ќе се транспортира во посебно место во Орман, кое што е дел од МВР

Кога екипата на Канал 5 пристигна во полициската станица во Арачиново, акцијата веќе беше во тек. Четири шлеп – возила на МВР ги товареа возилата едно по едно, извлекувајќи ги од обраснатата трева. Поголемиот дел од нив беа полни со оси, отежнувајќи им ја работата на службениците.

Најпоразителен беше изгледот на ПС во Автокоманда, кој со толку возила на поприлично широкиот двор, наликуваше на отпад за автомобили. Дел од нив, немајќи каде, беа паркирани и надвор од оградата – па оваа полициска станица, а граѓаните во околината конечно „продишија“.

-Полициската станица во Автокоманда повторно си го доби назад својот простор, ова место кое беше пренатрупано со автомобили и изгледаше како отпад за автомобили, веќе целото е испразнето, а автомобилите се однесени на друго посебно место..

Полициските станици и граѓаните, наместо ѓубришта, мора да добијат пристоен простор, порача министерот Панче Тошковски, кој најави чистка набргу во секоја станица во земјава.

-Полициските станици беа малтене ѓубришта. Грда слика беше она кое го имавме до вчера, сите станици беа пренатрупани со возила,сега се исчистени и функционални. Сметам дека една ваква акција требаше многу порано да биде направена, но за жал еден децениски проблем кој бил присутен во рамките на сите станици, го расчистивме Скопје првично, продолжуваме понатаму со останатите СВР, ќе бидат расчистени сите полициски станици кои ги имаме во Македонија со цел да имаме еден репрезентативен објект којшто ќе биде и те како пофункционален - Панче Тошковски: Министер за внатрешни работи

Возилата веќе месец и половина и секојдневно се отстрануваат од своите долгогодишни „паркинзи“. Од почетокот на јули, службите на МВР отстраниле 400тини возила и 150 мотоцикли.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер