3Пентагон истражува хакерски напад на фрижидери- по супермаркетите во Франција, на удар се воени бази во САД
ЖивотПропаѓаат старите куќи во историското штипско Ново СелоДаски покриени со камења и снег, наместо споменици на една бурна историја. Ова се остатоци од неколку куќи во штипско Ново Село, заштитени со закон што ги изеде времето и негрижата на институциите. Жителите на штипско Ново Село подолго време алармираат дека опасност по нивното здравје се старите куќи, во кои има безброј приказни. Во нив се родени околу 50 македонски познати научници, лекари, војводи, комити, револуционери, но и атентатори. Кога поминувате низ штипско Ново Село секоја куќа, сокаче има своја приказна. Токму оваа куќа стара над 300 години во секој момент може да се урне и да падне во дворот на Ленче Ѓеоргиева. Објектот иако евидентиран како културно наследство е во фаза на распаѓање и сега е само бледа слика на некогашниот сјај. По секоја најава за невреме семејството Ѓеоргиеви стравува за сопствените животи. -Секој момент од невреме може да се урниса и да падне и да ми направа огромна штета. Еве каде ни е кровот. Ќе падне врз него, а и дворот цел ќе се наполни со камења. Видете колку сме блиску! Страшно е да живееме овде, посебно во задниот дел од куќата,ама што да правеме, не можеме ние ништо, вели Ѓеоргиева. Појаснува дека пред три години дел од руинираниот објект се урнал и завршил во дворот и спалната соба. За среќа не биле дома. Неколку пати ја информирале и општината. – Имаме пријавувано повеќе пати. Една власт, друга власт. Ветуваат дека ќе дојдат ќе го решат проблемот, но само празни ветувања.Не советуваа да им кажеме на газдата, ама сега и тој почина. Каде сега да тражеме чаре? Нема каде!, рече Ѓоргиева. Со години се губи сјајот на оваа стара штипска населба. Но, пред еден месец заврши валоризацијата на куќите во Ново Село. Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип, Митко Штерјов појаснува дека валоризацијата ќе значи заштитата на автентичната староградска архитектира и да се вклопи и во Деталниот урбанистички план(ДУП), како и во Генерален урбанистички план(ГУП). -Така да сите куќи што се заштитени, односно Ново Село е заштитен како целина и сите куќи, целата населба се става под заштита и сите куќи кои со текот на времето ќе се реконструираат, секој објект, што ќе се прави ќе ја има онаа потребна заштита и ќе биде вклопен во урбанистичкиот план, вели Штерјов. Со валоризацијата се знае секоја куќа колку може да чини, до каде може да се изгради, колку може да се реконструира, потоа да се креваат и спратови или како да се заштитуваат фасадите. Немањето пари е причина за пропаѓање на старите куќи. Повеќето од старите куќи во Штип, особено во штипско Ново Село се во приватна сопственост. За реконструкција потребно е самите сопственици да одвојат финансиски средства, но и да изготват проект, што ќе го приложат до Општината. Според нив, причина за состојбата на распаѓање на куќите е и комплицираната постапка. Според директорот на НУ Завод и Музеј, Митко Штерјов, најчесто проблем се финансиските средства. -Таа процедура е многу едноставна. Меѓутоа, пак ќе потенцирам дека тоа се приватни куќи и вообичаено луѓето сакаат да направат нешто повеќе, а не да го зачуваат ликот и процедурата, односно законските регулатива според кои има одредено што сè треба да содржи реконструкцијата на една куќа. Инаку, постапката е многу едноставна. Тие само поднесуваат барање до Управата, а таа се обраќа до НУ Завод и Музеј Штип, каде што ние ги даваме условите и само треба да направат проект за реконструкција. За таа постапка може да поминат неколку денови, најмногу до еден месец. Меѓутоа, главното е тоа што сопствениците треба да направат проект со кој ќе се обратат до Општината. Проблемот е и во средствата, бидејќи тоа се приватни куќи и секој работи врз основа на својот буџет, вели Штерјов. Надлежните од штипскиот Музеј ја следат состојбата на секоја од куќите за да не дојде до нивно рушење врз минувач или возило. Штерјов вели дека во Штип нема ваква ситуација, но во случај да дојде до истата, штетата ќе биде на товар на сопствениците, бидејќи тоа се приватни куќи и обврската за одржување на истите е нивна, според него, општината нема одговорност во такви случаи. -Ако навистина дојде до тоа, тоа е обврска на сопствениците, бидејќи тоа се приватни куќи, а не се под надлежност на државата или на НУ Завод и Музеј Штип. Оној кој ја поседува има и обврска. Ако е споменик на културата, тој како сопственик има обврска врз основа на препораките од Општината. Одговорноста секогаш ќе биде на оној кој е сопственик. Ние како институција може само да даваме насоки, а некогаш сме и преблаги во тој дел, додава Штерјов. НУ Завод и Музеј Штип како надлежна институција со вработени стручни лица може да помогне во изготвувањето на проектот, но иницијативата треба да дојде од сопствениците. Во штипско Ново Село има барем десетина куќи кои веднаш бараат реконструкција, но за нов лик на оваа славна населба ќе треба соработка помеѓу Општината и сопствениците, а и финансиски средства, бидејќи станува збор за поголема инвестиција. Приказната за штипско Ново Село треба да ја продаваат сите институции. Старата штипска населба Ново Село е позната како револционерен центар и по учителствувањето на Ѓорче Петров, Петар Поп-Арсов, Дамјан Груев и Гоце Делчев. Овде на мостото на реката Брегалница е снимен и филмот „Господ постои, името и е Петрунија" на сестрите Лабина и Теона Митевски. Филмото е инспирирана од 31-годишната Борислава Васкова која го фати крстот на Водици, по што имаше инцидент. Пред овој филм, овде се снимени и сцени од Среќна нова '49. Македонски филм од 1986 година режиран од Столе Попов. Овој филм се смета за едно од најуспешните македонски филмски остварувања и е единствениот македонски фил покрај „Црно семе" на Кирил Ценевски, што е избран да биде Југословенски кандидат за Оскар. Но според Штерјов, за да се продаде оваа приказна за Ново Село потребно е да соработуваат повеќе институции. Една институција не може да го направи тоа, но преку заедничка соработка може да се искористи потенцијалот на Штип. -Сакаме да соработуваме со сите институции, бидејќи тоа со такви историски содржини и личности од штипско Ново Село треба да го искористиме. Тоа е бенефит на нашиот град за да можеме да ги пренасочиме и приватните финансиери, државните финансии и меѓународните проекти, да одиме на тоа дека во еден град има толку многу содржини и многу личности коишто придонеле и за развојот на државата. Историски гледано, го имаме првиот епископ, првите премиери. Навистина, Ново Село покрај историскиот аспект, го има и материјалниот амбиент. Се трудиме ние колку можеме во тој дел, но треба една соработка помеѓу сите институции, државните, приватните компании, невладините организации, како и ИПР. Сите заедно треба да се пренасочиме во тој дел, бидејќи не само Ново Село, ние го имаме и Исарот, вели Штерјов. Автентичната македонска куќа има свои особености кои ја карактеризираат. Староградскиот стил од 19 век ги прави посебни и уникатни и како такви зрачат не само во Штип и штипско Ново Село, туку и во другите градови низ државата. Сепак, токму поради специфичните прописи за тоа како треба да изгледа една стара куќа, тешко оди процесот на реконструкција. -Тоа е староградски стил од крајот на 19 век и почетокот на 20 век. Во Ново Село, па и во повеќе градови во државата карактеристиката е таа што во долниот дел се изградени со камен, а горниот дел е со дрво. Има карактеристични сводови, карактеристични прозори, капаци на прозорите. Меѓутоа, тешка е одржливоста на старите куќи, бидејќи токму таа градба ја прави тешка реконструкцијата, појаснува Штерјов. НУ Завод и Музеј Штип има изготвено проект и за целосна реконструкција на тврдината Исар, како и проекти за Саат кулата, Хусамедин Пашина Џамија, локалитетот Баргала и Уметничката галерија Безистен, кои се културни споменици на градот. Сепак, за реализација на истите потребни се финансиски средства. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаЧовекојадец убил и изел 38 луѓе- го уапсиле во Уганда Наводен канибал обвинет за убиство и јадење на речиси 40 луѓе е уапсен во Уганда и може да се соочи со егзекуција!Во период од 15 години помеѓу 2010 и 2025 година, „злиот“ Муџуризи Мосес е осомничен за убиство и распарчување на 38 лица. Највисокиот полициски службеник на Уганда го опиша Мосес како најлошиот сериски убиец. Генералот Мухози Каинеругаба, началник на одбранбените сили на Уганда, изјави дека Мосес е најлошиот сериски убиец во историјата на земјата: „Со задоволство ги информирам нашите сограѓани дека безбедносните сили го уапсија злиот Муџуризи Мосес. Најлошиот сериски убиец и канибал во историјата на Уганда. Тој убил и изел 38 луѓе помеѓу 2010 и 2025 година во Масака, Ибанда и Каз. Ќе го судиме јавно и дефинитивно ќе го егзекутираме“, рече тој. 'Cannibal who killed and ate 38 people' is arrested in Uganda: Top cop vows 'we'll definitely execute him' https://t.co/1lmaYhEC5f — Daily Mail (@DailyMail) October 27, 2026 Според Метро, Мосес наводно нападнал цели семејства, провалувајќи во нивните домови и убивајќи ги. Весникот, повикувајќи се на локални истражители, објави дека Мојсеј дупчел дупки низ ѕидовите на домовите на своите жртви, а потоа ги сечел до смрт со мачета. Меѓу неговите жртви наводно бил и Стивен Мугамбе, пентекостален пастор. Тврдењата дека тој бил убиец и човекојадец првпат излегле на виделина кога жителите на Уганда контактирале со полицијата тврдејќи дека Мојсеј ги убил членовите на нивното семејство. Истражниот извештај што го доби Метро вели дека 35 лица биле убиени во слични напади во пошироката област Масака во јужна Уганда. Мојсеј наводно бил уапсен од властите неколку пати, но тој или избегал или бил ослободен под спорни околности. На 16 октомври, радио мрежа од Уганда објави дека осомничениот се соочува со обвиненија за убиство и трговија со луѓе откако една жена била убиена во Голема Масака на 28 септември. Жртвата била намамена во „ритуално убиство“ со ветување за врска, според истражителите. Уганданските власти сега истражуваат стари случаи на исчезнати лица, за да видат дали има некакви врски со Мојсеј. Неговото апсење привлече внимание кон неколку наводни убиства помеѓу 2010 и 2025 година.Тагови: човекојадец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
БизарноТригодишно дете ги надигра сите на теренот, а потоа интервенира полицијата (ВИДЕО) Тригодишно фудбалско чудо од дете и неговите родители од Винтер Парк, Флорида, станаа вирални .Тригодишно фудбалско чудо од дете и неговите родители од Винтер Парк, Флорида, станаа вирални откако беше објавено видео во кое семејството тврди дека им било кажано да „го напуштат теренот“ за време на натпреварот затоа што момчето „играло премногу добро“. Видеото, снимено во саботата, го прикажува младиот фудбалер од Невада како постигнува голови. Неговите родители, Мартасија и Дон, го бодрат, пред видеото да се префрли на нивниот разговор со службениците на полициската управа во Винтер Парк кои биле повикани на теренот. Полицијата објави видео „Ја повикаа полицијата за тригодишното дете затоа што беше премногу добро“, може да се слушне како Дон вели во видеото. „Ја повикаа полицијата за тригодишното дете затоа што ја држеше топката предолго“. Yahoo.com објави дека снимката од полициската камера покажува претставник од младинската фудбалска лига i9 Sports како им кажува на полицајците дека тој е „добар играч“, но дека „премногу ги турка противниците“. Тој тврдеше дека таткото и мајката на момчето „направиле сцена, расправајќи се со други родители“, откако тој се обидел да интервенира. Тој исто така рече дека родителите го нарекле „неук“ неколку недели претходно затоа што го извадил нивниот син од играта за, како што рече, другите деца да можат да играат. @nevadaney10 This is the full game no cut no edit where is the pushing ? ⚽️ ♬ original sound - Nevadaney10 Во повик на 911, снимен од полицијата во Винтер Парк, може да се слушне претставник на лигата како вели дека ситуацијата „не е навистина итна“, туку дека сака да пријави родител кој „се однесувал многу несоодветно и го нарушувал настанот“. Претставникот рече дека тој „го следел низ теренот и бил навредлив“. По инцидентот, i9 Sports ја исклучи Невада од лигата и ја врати таксата за есенска регистрација. „Ги молам спортските ѕвезди да…“ Виралното видео го привлече вниманието на Рејчел Грифин-Акурс, активистка и едукаторка за деца позната како г-ѓа Рејчел. Таа објави порака на Инстаграм во понеделник, повикувајќи ги „познатите фудбалери“ да ја поддржат Невада. Во објава, таа го осуди инцидентот. „Бесна сум! Ги молам спортските ѕвезди да му го дадат целото искуство и љубов што можат да ја добијат. @nevadaney10 Би сакале да го имаме во нашето шоу за да ги покаже неговите неверојатни вештини. Ми требаат луѓе од спортскиот свет да застанат покрај него“, напиша таа. View this post on Instagram A post shared by Ms Rachel (@msrachelforlittles) Во изјава за медиумите, i9 Sports изјави дека е „свесен за загриженоста покрената во врска со инцидентот во една од неговите локални програми на i9 Sports“ и дека ги сфаќа „многу сериозно“. „Почитта кон секое дете и семејство, како и нивната благосостојба, е од најголема важност за нас. Контактиравме со семејството и започнавме истрага за инцидентот, што вклучува разговор со сите вклучени. Додека се обидуваме да ги утврдиме околностите, нема да шпекулираме или да даваме непроверени информации. Благодарни сме на сите што ни ги посочија своите загрижености“, се вели во соопштението. „Семејството соработуваше со полицајците“ Полициската управа на Винтер Парк издаде посебна изјава во која го опишува начинот на кој се справил со спорот. Се вели дека бил контактиран од „претставник на лигата“ по „конфронтација меѓу службените лица на лигата и родителите на еден играч“. „Лигата го замоли семејството да си замине и понуди да ја врати членарината на лигата. Кратко откако пристигнаа полицајците, претставникот на лигата ги замоли да разговараат со семејството, бидејќи не сакаше дополнително да го поттикнува конфликтот. Семејството рече дека натпреварот завршил и дека тие си заминуваат“, се вели во соопштението. „Семејството соработуваше со полицајците. Не беа извршени апсења, на никој не му беше забрането во паркот и никој не беше принуден да го напушти паркот. Снимките од камерата што се носи на телото ја потврдуваат оваа информација“, се додава во соопштението. Мајката подоцна рече дека инцидентот „ја трауматизирал Невада“. Иако сака да продолжи да игра фудбал, „не сака да се врати на тоа место“, додаде таа. „Не мислам дека треба да размислува така, како да направил нешто погрешно кога имал само три години. Ми го крши срцето затоа што сега вели дека не сака да оди таму“, рече Мартазија.Тагови: дете полицајците Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКрис Браун е осуден поради напад на продуцент- пејачот ја призна вината и ќе оди во затвор Американскиот Р&Б пејач Крис Браун беше осуден вчера, 26 октомври, во лондонски суд на осум месеци затвор за неговата улога во инцидент во ноќен клуб што се случил во февруари 2023 година. Во таа прилика, Крис Браун наводно повеќе пати го удрил музичкиот продуцент Абрахам Диау со тешко стаклено шише текила. Иако нема веднаш да оди во затвор, пресудата претставува нов правен удар за музичарот кој со години се соочува со контроверзии и судски постапки, објавува Ројтерс. Инцидентот се случил во клубот За потсетување, инцидентот се случил во февруари 2023 година, околу 3 часот наутро, на подиумот за танцување на приватниот клуб „Тејп“ во лондонската населба Мејфер. Снимките од безбедносните камери го покажуваат Крис Браун, заедно со неговиот пријател и вокален тренер Омолулу Акинлолу (40), како го напаѓаат продуцентот и го бркаат низ клубот. Браун беше осуден на осум месеци затвор, условно на една година, вчера во Крунскиот суд во Саутерк, откако се изјасни за виновен за насилниот инцидент во јули. На Акинлолу му беше изречена затворска казна од четири месеци, исто така условна од 12 месеци. И двајцата беа осудени да платат 1.500 фунти за судски трошоци. Обожавателите чекаа пред судницата Крис Браун беше пречекан со гласни извици пред судницата, а пејачот застана за да потпише автограм за обожавател и да му испрати бакнеж. Судијата Тони Баумгартнер му рече на Браун дека неговата успешна музичка кариера не му дава право на посебен третман. - Повторната употреба на стаклено шише на овој начин, особено кога е насочено кон главата, беше очигледно опасна. Постоеше ризик повредите да бидат многу посериозни од оние што на крајот се здобиле - рече судијата. Сепак, при одредувањето на казната, тој ги зеде предвид семејните обврски на Браун, како и доказите за неговата хуманитарна работа и финансиски придонеси. Пејачот претходно осуден за насилство За време на судењето, беше наведено дека Браун има претходни пресуди за две насилни кривични дела, од 2009 и 2013 година. Неговата одбрана ги опиша тие случаи како „кратки и изолирани“ инциденти извршени во младоста, за кои пејачот длабоко жали. Во 2009 година, Браун се изјасни за виновен за кривично дело напад откако физички ја нападнал својата тогашна девојка, пејачката Ријана, во Лос Анџелес, кратко пред доделувањето на Греми наградите. Беше осуден на пет години условна казна, 180 дена општествено корисна работа и една година советување за семејно насилство. Тој беше осуден и за полесно кривично дело напад по конфронтација пред хотелот V во Вашингтон, во октомври 2013 година. Според полицискиот извештај од тоа време, Браун изговорил хомофобична навреда, а потоа удрил маж кој се обидел да се придружи на фотосесијата со пејачката. Браун се здоби со слава како тинејџер во 2005 година, а неговите најпознати хитови се „Run It!“, „Loyal“ и „Under the Influence“. Тој има освоено две Греми награди за најдобар R&B албум. Првата ја освои во 2012 година за неговиот албум „F.A.M.E.“, а втората во 2025 година за издавањето „11:11 (Deluxe)“.Тагови: Крис Браун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter