Пронајдено е тело во езерото каде што исчезна холивудска актерка

Тело е пронајдено во езерото каде што актерката Наја Ривера исчезна минатата недела.

Веста ја потврди полицијата, но досега тие не потврдуваат дека станува збор за исчезната актерка. „Тело е пронајдено утрово во езерото Пира. Обработката е во тек“, се наведува во краткиот пост на официјалниот профил на Твитер на полициската станица Вентура.

Најавена е и прес-конференција попладне по локално време.

Актерката исчезна минатата среда на подрачјето на езерото Пиру, каде изнајмила чамец со својот четиригодишен син и потоа отишла да плива.

Снимките од надзорната камера ја прикажуваат како доаѓа на брегот на езерото во нејзиниот Мерцедес, а потоа оди со нејзиниот син за да го изнајми чамецот.

Неколку часа подоцна, екипажот на друг брод го нашол нејзиниот син како спие сам во чамецот и ја известиле полицијата.

Нестабилното време ќе потрае до крајот на неделата

Циклонската активност која што вчера ја зафати Македонија се очекува да трае до крајот на неделата, Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира невреме со пороен дожд, грмежи, и ветер на целата територија на државата. 

Од понеделик се очекува стабилизација.

Според денешните хидролошки мерења, Богомила е 14 пати над просечната вредност, а Вардар е за три пати зголемен кај Јегуновце и двојно кај Скопје, Велес и Демир Капија. Без поголеми промени е и состојбата на езерата. Дојранското има мало покачување на нивото, Преспанското пак е намалено,а Охридското е во рамки на августовскиот просек.

И покрај поројните врнежи, опасност од излевање на поголемите реки во земјата, нема смируваат од УХМР, но можно е слевање вода во градските урбани средини. Од секторот за природни непогоди при ДЗС велат дека поради најавените врнежи можно е излевање во населените подрачја, за што превентивно ги известиле и општините да ги исчистат на шахтите.

Дел од локалните медиуми објавија дека во Охрид има поплавени улици, а во Неготино освен поплавени улици имало и прекини во електро мрежата.

Во невремето кое вчера го зафати регионот наврнале над 30 литри на метар квадратен.

- Алармот за силни дождови останува на сила иако од понеделник не очекуваат денови со стабилно време, деновите што следат – тропските температури најверојатно ќе бидат на пауза.

Нестабилното време во регионот донесе поплави и во Хрватска и Црна Гора.

Невремето рушело покриви и дрвја. Нема повредени и настрадани граѓани но предизвикана е голема материјална штета.

Најпогоден е Славонски Брод и околината, според хрватските медиуми оштетена била и Железничката станица. Од невремето биле откорнати и кабли, па бил опожарен и покрив од куќа, а бил регистриран ветер од 49 километри на час.

Во Дебар расте бројот на новозаразени со Ковид-19, но и на оздравени

Во последното деноноќие во Дебар потврдени се два случаи на новозаразени со Ковид-19, што е 13 -ти случај во овој месец. Најголема бројка на заразени или 10 беше регистрирана на први август, кога за жал еден заболен почина.

Во последните 24 часа во списокот на оздравени впишан е еден пациент. Најмногу оздравени, од почетокот на пандемијата, беа регистрани на 31 јули или 17 лица.

Со денес потврдените две новозаразени лица, вкупната бројка изнесува 208, од нив во списокот на оздравени се впишани 83, починаа седум, додека активни на болеста се 118 лица, од кои десеттина се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје.

Од општинскиот Оперативен штаб посочуваат дека бројот на новозаразените ќе расте бидејќи и понатаму голем е број на граѓани кои се јавуваат со симптоми на опасниот вирус во Општата болница.

-Апелираме на строго почитување на мерките и протоколите. Посебен апел упатуваме до младите, кои во голем број се во кафулињата и се релаксираат на брегот на Дебарско Езеро, а при тоа не почитуваат ниту одржување физичка дистанца, ниту носење заштитна маска, апелираат од Оперативниот штаб.

Според статистичките податоци на дебарското одделение за внатрешни работи, во изминатото деноноќие на две лица им се издадени прекршочни платни налози за неносење заштитна маска./МИА

Нов извештај за мониторингот на јавните набавки

Честите поништувања на тендерите  ја отвораат дилемата дали така се прикриваат слабостите во спроведувањето на постапките за јавни набавки или, пак, манипулациите од институциите, велат од Центарот.

Најниската цена при јавните набавки и натаму е проблем број еден за фирмите, покрај обемната документација и задоцнетите плаќања за фирмите, покажува шестмесечниот извештајот од мониторингот на јавните набавки од Центарот за граѓански комуникации.

Честите поништувања на тендерите ја отвораат дилемата дали така се прикриваат слабостите во спроведувањето на постапките за јавни набавки или, пак, манипулациите од институциите, велат од Центарот.

Извештајот покажува дека најниската цена е користена како критериум за избор на најповолна понуда во 97% од тендерите, а електронската аукција е применета во дури 94% од тендерите, што е во спротивност со европските трендови и го намалува квалитетот на производите.

-Поентата на јавните набавки кога се користат државни пари, наши пари, е да се купи најдоброто. Ниту најевтиното, ниту најскапото. Имаме набавки каде што квалитетот е многу битен - храна во градинки, храна во болници и други материјали којшто се за животот и здравјето, а повторно се оди со најниска цена, а се занемарува квалитетот, вели Герман Филков од ЦКГ.

Особено загрижувачки според анализата е што дури половина од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки.

-Едно посериозно прашање во анкетата од фирмите е дека 48 проценти од фирмите сметаат дека во јавните набавки секогаш или често има корупција, односно дека мораат нешто да дадат, некаква услуга, парична, или врска да фатат за да се добие тендерот, објаснува Филков.

Нетранспарентоста во јавните набавки и натаму останува проблем, особено во договорите во „четири очи“ меѓу јавните институции и некои фирми, вели Филков.Во 2019 година, во директни преговори и без објавување оглас, склучени се 368 договори, во вкупна вредност од 40 милиони евра. Во однос на лани намален е бројот на договори, но вредноста е зголемена за 21 %.

притисни ентер