Промовирани првите осум дела од проектот „Македонски искушенија“ - Канал 5

Промовирани првите осум дела од проектот „Македонски искушенија“

Првите осум дела од проектот „Македонски искушенија“, што предвидува печатење на 25 ексклузивни публикации произлезени од документарни филмови за значајни личности и настани од македонската историја, денеска беа промовирани во Порта „Македонија“, јави МИА.

Промовирани првите осум дела од проектот „Македонски искушенија“
„Еден век прогонство“, „Жртви на комунистичкиот режим“, „Павел Шатев“, „Тодор Александров“, „Христо Татарчев“, „Кузман Јосифовски-Питу“, „Јане Сандански“ и „Методија Шаторов-Шарло“ се првите осум книги. Овие дела во прилог содржат и ДВД-изданија со видеоматеријали со висок квалитет на кои се прикажани документарните филмови, авторски дела на наши познати македонски режисери, Иво Трајков, Дарко Митревски, Александар Русјаков, Марија Џиџева, Петар Ѓуровски... Македонската јавност имаше можност овие филмови да ги проследи на националниот сервис МТВ.

Премиерот Никола Груевски на промоцијата оцени дека проектот „Македонски искушенија“ е поклонување пред делото на историските личности и настани кои заслужуваат внимание и соодветен третман.

- Книгите што денеска ги промовираме претставуваат научен запис кој ни ја доближува идејата, силата, љубовта, непокорот и духот на времето во кое живееле, твореле и се бореле нашите дејци кои станале дел од македонската историја и колективното паметење на народот, рече Груевски.

Според него, историските ликови и настани заслужуваат целосно осветлување и соодветен третман во Македонија, што недостигал во поранешниот општествен систем кога многу од нив биле маргинализирани, деградирани и заборавени.

- Но, затоа, пак, денес, во современа независна и демократска Република Македонија историчарите можат во целост и без никакви предрасуди, врз база на научно верифицирани аргументи и толкувања, поткрепени со бројни документи, фотографии, да ни го доловат она што претставува значајно и трајно дело во македонската историја и борба. Во тој дух беше започнат и овој проект, чии книги говорат за бројните подвизи на поединци, но и на цели генерации граѓани кои го изоделе трнливиот пат за извојување на својата слобода и за зачувување на своето достоинство и национален идентитет. Денес, на некој начин, преку овој проект се поклонуваме на нивното дело, рече Груевски.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска оцени дека овој проект ќе има трајно влијание во македонскиот културен, историски и образовен контекст и ќе ја збогати македонската историска наука со нови, значајни дела.

- Првите осум книги од едицијата „Македонски искушенија“ ќе ни понудат нова интелектуална и духовна перспектива, мозаик од знаења, идеи и стремежи, ќе ни понудат научно верифицирани факти, аргументи и толкувања, кои говорат за долгата историја на македонската борба за државност и самостојност, рече Канческа-Милевска.

Овие вредни изданија, додаде, се авторски труд на многу еминентни македонски професори, историчари и проучувачи на македонската историја, експерти кои својот професионален ангажман и работен век го вложија во истражувањето на минатото на нашиот народ.

Таа потенцира дека на овој начин се збогатува македонскиот книжевен и историски корпус, се афирмираат македонски значајни личности и настани кои оставиле неизбришлива трага во повеќеслојната македонска историја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот.

Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи.

Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања.

Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски?

СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте.

Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП.

Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. 

Автобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)

Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата.

Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари.

Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата.

„Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.

Утрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

-3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер