Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
2Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
3Германската влада потрошила 5,8 милиони евра за мебел и декорирање- на граѓаните им препорачуваат да штедат
Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
2Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
3Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)
КултураПромовирани 3 лингвистички изданија во рамки на 80 год. од кодификацијата на македонскиот јазик-На пример, имаме педагогинка наместо педагог, или гинекологинка. Така што, ние денеска сме промоторки на речници и книги, што значи еден цивилизиран чин и напредок воопшто, кој се одликува и во вакви изданија.Три лингвистички изданија промовираше денеска издавачката куќа „Бата прес“ во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во рамки на одбележувањето 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик: прв том од Правописно-нормативен речник на македонскиот стандарден јазик од група автори, „Јазично огледало“ (книга прва) на проф. д-р Васил Дрвошанов и „Лексиката на македонските автори“ од проф. д-р Елена Јованова-Грујовска и проф. д-р Весна Костовска. Првиот том од Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик го претстави рецензентката Весна Костовска од Институтот „Крсте Мисирков“, истакнувајќи дека изданието е, всушност, прирачник наменет за широк круг корисници кои сакаат да проверат некој збор. Соопшти дека наскоро се очекува и електронска верзија што ќе овозможи брз и лесен пристап. Нагласи дека во изданието првпат се бележат и феминативите т.е. произведување именка од женски род од именка од машки род заради родова еднаквост, особено кога се работи за професии кои досега имале облици во машки род. -На пример, имаме педагогинка наместо педагог, или гинекологинка. Така што, ние денеска сме промоторки на речници и книги, што значи еден цивилизиран чин и напредок воопшто, кој се одликува и во вакви изданија. Релативно е како сега тоа ќе звучи. Ќе треба да слегне и некои работи ќе бидат примени, некои не. Некогаш не успева нешто што е веќе стандардизирано, а има некои што не се во стандардот, а се употребуваат. Затоа, се дава новиот збор и ќе се обидуваме да ги чувствуваме како вообичаени. Како што има кажано Благоја Корубин – пуштете го зборот, па ако се нафати, тоа е во ред. А за да се нафати, важно е и ние да сигнализираме, често но без наметнување и кавги, туку на коректен начин да се промовираат новите работи, рече Костовска. Предмет на анализа во изданието „Јазично огледало“ е јазикот во практиката. Содржи 101 напис за јазикот во медиумите, главно печатените, при што, вели авторот проф. Дрвошанов, забележливо е отстапување од стандардниот јазик. -Се разгледуваа 101 прашање во мас-медиумите и за сите нив е дадена разврска. На прво место е употребата на туѓи зборови, главно од англискиот, или, пак, од српскиот. Наидуваме и на примери кои се многу апсурдни, како „див волк“ или „нови насади грозје“, а знаеме дека ниту има питом, ниту див волк, туку само волк, а грозјето е плод и наместо насади – треба садници. Или, да речеме, има конструкции туѓи за македонскиот стандарден јазик, од типот Скопје џез фестивал. Тоа не се трпи во македонскиот јазик и најдобро решение би било Скопски фестивал на џезот, како што се Струшки вечери на поезијата. Такви прашања има премногу и јас укажувам како треба да бидат решени, изјави Дрвошанов. Проф. д-р Елизабета Бандиловска ја промовираше книгата „Лексиката на македонските автори“ од проф. д-р Елена Јованова-Грујовска и проф. д-р Весна Костовска. Како што посочи, опфаќа опсежна анализа на лексиката во делата на повеќе македонски автори, почнувајќи од Марко Цепенков, Крсте П. Мисирков и неговата „За македонцките работи“, Кочо Рацин, потоа Блаже Конески, Тихо Најдовски, Петре М. Андреевски, Јован Павловски, Горан Стефановски. -Целта на овој научен труд е да се направи споредбена анализа на лексиката што ја користеле автори во различни временски периоди во нивното творештво, но и да се предочи дека секогаш можеме да се потпреме на македонското лексичко богатство кога ќе се најдеме во дилема под напливот на туѓи зборови. Дури може и да побараме лексеми меѓу старите македонски архаични и дијалектни зорови и да ги издигнеме на ниво на стандардна лексика. Оттука е важно значењето на оваа книга за младите генерации – што повеќе да го сакаме македонскиот јазик и да користиме македонски зборови, истакна Бандиловска. Проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, една од авторките на книгата, додаде дека се работи за стилистичко разгледување на лексиката во дела на македонски автори – покрај стандардни зборови, употребени се и историзми, архаизми, жаргонска лексика... -Потребни се многу вакви проучувања затоа што македонските автори секогаш се разгледуваат, пред сѐ, од книжевен аспект, но и лингвистичкиот е исклучително битен затоа што еден речник се пополнува најмногу од лексиката во македонското книжевно творештво, изјави Јованова-Грујовска. Ненад Батковски, основач и главен уредник на издавачката куќа од „Бата прес“, соопшти дека во изминатите 20 години имаат објавено 30-ина лингвистички и лексикографски изданија кои, рече, се значајни за македонскиот јазик. Планираат да објават и нови вакви трудови и најави наскоро излегување на Речник на синоними од Толе Белчев и Снежана Веновска-Антевска. Нивните лингвистичките изданија најмногу ги купува стручната јавност, но има, рече, и заинтересирани купувачи, и во земјава и во странство. – Ние ги претставуваме на меѓународни саеми на книга како капитални изданија на македонски јазик, додаде Батковски. Тагови: македонскиот јазик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаРодители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долготБрачен пар од Рот ам Зе (округ Швебис Хол) во Германија е осуден на долги затворски казни од Регионалниот суд во Елванген за сериозно сексуално злоставување и силување на сопствената ќерка.Судскиот совет го осуди 45-годишниот татко на 11 години и шест месеци затвор, додека неговата 41-годишна сопруга доби казна од девет години и шест месеци, пишува Nezavisne.com. Во овој случај учествувал и нивниот семеен пријател, 54-годишен маж со двојно државјанство на Босна и Херцеговина и Хрватска, кој моментално е во бегство. По него е издадена меѓународна потерница. Според обвинението, германскиот пар му ја дал својата ќерка на овој маж, третирајќи ја како предмет на сексуална експлоатација. Девојчето ѝ се доверило на својата наставничка Според обвинението, родителите постојано ја принудувале нивната тогаш 11-годишна ќерка на сексуални односи во период од повеќе од една година. Подоцна, се сомнева дека нивниот семеен пријател, по потекло од Босна и Херцеговина, кој има и хрватско државјанство, исто така се придружил на злоставувањето. Во обвинението се наведува и дека родителите му се заканувале на девојчето со електрошокови за да ја принудат да молчи. Истражителите се сомневаат дека таткото имал значителни долгови кон 54-годишниот познаник. Случајот стана јавен откако девојчето ѝ кажала на својата наставничка за сè, која веднаш ја известила надлежната служба за заштита на деца и млади, која од февруари се грижи за девојчето, кое сега има 13 години. За време на судската постапка, родителите го искористиле своето право да не презентираат одбрана. Контроверзната судска одлука предизвика вџашеност За време на постапката, одлуката на судечкиот совет да ги ослободи обвинетите од притвор во јули привлече особено внимание. Во тоа време, судот процени дека нема доволно основа за итно сомневање дека сториле кривични дела, што е еден од условите за наредба за притвор. Портпаролот на судот објасни дека во тој момент постоела можност обвинетите да бидат осудени, но дека нивната вина сè уште не била сигурна. Девојчето сè уште не било сослушано, а бидејќи родителите одбиле да се изјаснат за обвиненијата, судот се нашол во ситуација каде што имало две спротивставени верзии за настаните. Сепак, Вишиот регионален суд во Штутгарт не се согласил со оваа проценка. Во август, повторно ја активираше потерницата за таткото и семејниот пријател. Сепак, дотогаш веќе беше предоцна да се спречи бегството на 54-годишникот, кој го искористил периодот на слобода за да ја напушти земјата. Според властите, бегалецот најверојатно е некаде во Источна Европа. Портпаролот на судот потврди дека мажот, покрај хрватското, има и државјанство на Босна и Херцеговина, што би можело да го комплицира процесот на екстрадиција. Таткото веќе бил осудуван Судскиот совет ги отфрли тврдењата дека имало сериозна грешка во правдата за време на постапката. Судот рече дека одлуките се донесени врз основа на доказите и информациите што им биле достапни во тоа време. Таткото веќе отслужувал затворска казна во Северна Рајна-Вестфалија за обид за измама. Претходно бил осуден и за дистрибуција на порнографски материјал. За разлика од него, мајката била уапсена дури минатата недела. Една од клучните причини за проценката дека постои ризик од нејзино бегство беше психолошката експертска проценка на сведочењето на девојчето, која судот ја оцени како особено значајна. Во случаите на сексуална злоупотреба, експертската анализа на сведочењето на жртвата игра важна улога во утврдувањето на фактите и донесувањето судска одлука. За време на сослушувањето, 13-годишното девојче го даде своето сведочење за насилството што го претрпела преку видео-снимка. Снимката, како и наодите и мислењето на вештакот, беа дискутирани на затворена седница, без присуство на јавноста. Сомнителни финансиски трансакции на двојката Дополнително, против мајката се води посебна постапка поради сомнение за злоупотреба на хуманитарни донации. Според истрагата, таа собрала пари преку платформата GoFundMe, презентирајќи им лажни информации на донаторите. Надлежните органи истражуваат и сомнителни финансиски трансакции на банкарските сметки на двојката. Банките пријавиле сомневања за можно перење пари до надлежните институции. Според досегашните сознанија на истражителите, 54-годишен маж кој е во бегство бил исто така вмешан во спорните финансиски трансакции.Тагови: ќерка родители Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
БизарноПијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни.Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни да собере повеќе од 290.000 долари, објави Засолништето за животни во округот Хановер, објави АП. Ракунот стана глобална медиумска сензација откако менаџерот на продавницата го пронашол во несвест покрај тоалетот неколку часа по провалата. Засолништето купува камери Животното се опоравило и било пуштено во дивината, на околу една милја од продавницата во Ашланд. Неговата авантура инспирирала скеч во емисијата „Saturday Night Live“, а Засолништето за животни во округот Хановер ја искористило неговата популарност за да собере пари со продажба на маици, дуксери со качулки, капи, шолји и налепници со зашеметениот ракун. Производите го носат слоганот „Wacky Panda“, додека се создадени тематски колекции за лето и Ноќта на вештерките. Директорот за заштита на животните во округот Хановер, Џефри Паркер, рече дека собраниот износ е многу пати поголем од вообичаените годишни донации на засолништето, кои обично не надминуваат 20.000 долари. Дел од парите ќе бидат искористени за купување камери за тело што ги носат осум службеници за заштита на животните. Камерите ќе им овозможат да собираат докази во случаи на злоупотреба на животни, како и да ги документираат постапките на службениците за време на интервенциите. Проба алкохол од повеќе шишиња Локалната самоуправа едногласно го одобри купувањето на камерите на 28 октомври, а се очекува службениците да почнат да ги користат околу јануари. Паркер рече дека сака дел од преостанатите пари да се издвојат за фонд за финансирање на третманот на повредени животни пронајдени за време на интервенциите. „Не знам кога некогаш сме му должеле на животно толку голема благодарност како што му должиме на овој ракун“, рече членката на локалната самоуправа Феј Причард. Ракунот се скрши и веројатно вкусил алкохол од неколку шишиња во продавницата, вклучувајќи рум, виски, вотка и други жестоки пијалоци. Откако беше пуштен во дивината минатиот ноември, контролата на животните не добила ниту еден извештај за друга провала на ракун, рече Паркер, изразувајќи надеж дека животното сега живее мирен живот. Продажбата на сувенири сè уште е во тек, а за да се одбележи годишнината од необичната провала, во продажба се појавија нови маички со слоганот: „Една лоша ноќ. Многу добри дела“.Тагови: ракун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветИран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне Иран нема да дозволи ниту една честичка збогатен нуклеарен материјал да ја напушти земјата, а во случај на нови напади на САД врз Исламската Република, ќе има последици, изјави шефот на иранската безбедност Мохсен Резаи во телевизиско обраќање.Резаи зборуваше за либанската телевизиска станица Ал Мајадин, која е блиску до Иран, откако американските претставници ја намалија потребата од дополнителни воени дејствија против Иран. Аналитичарите посочија на помирувачкиот тон на американскиот претседател Доналд Трамп по поразот на републиканците на изборите за Конгресот во САД одржани на 3 ноември. Резаи рече дека во моментов нема преговори меѓу Техеран и Вашингтон. „Ќе одговориме на секој нов напад на САД со таргетирање на американските бази далеку од нас“, рече тој. Врховниот лидер на Иран издаде директива со која наредува иранскиот ураниум збогатен на нивоа блиски до оние потребни за производство на нуклеарно оружје да не може да се испраќа во странство, изјавија двајца високи ирански претставници во мај. „Ни треба збогатен материјал за дизајнирање бродови и подморници на нуклеарен погон“, рече Резаи, додавајќи дека Техеран ја информирал Москва дека неговиот збогатен нуклеарен материјал ќе остане во земјата и „ќе го користиме ние самите“. Iran will not allow enriched nuclear material to leave the country, security chief says https://t.co/d1tf2XHDry — Reuters (@Reuters) November 11, 2026 Русија претходно понуди да зема збогатен ураниум од Иран како дел од потенцијален договор за ублажување на загриженоста на САД, но рече дека Техеран е тој што треба да одлучи дали да го отстрани од земјата. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) проценува дека Иран имал 440,9 килограми ураниум збогатен до 60 проценти - ниво далеку над она што било потребно за цивилна употреба кога Израел и САД ги нападнаа иранските нуклеарни објекти во јуни 2025 година. Не е познато колку од тој материјал ги преживеал нападите. Израел, САД и другите западни земји долго време го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје. Иран ги негира обвинувањата. Вашингтон изјави дека нуклеарните прашања мора да бидат дел од сите почетни разговори со Иран насочени кон прекин на војната меѓу двете земји. Иран достави нуклеарен предлог до САД, преку Катар, кој ќе се дискутира дури откако Вашингтон ќе исполни седум барања што ги постави Техеран, изјави висок ирански функционер за Ројтерс минатата недела.Тагови: збогатен ураниум Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook