Промовирана книгата „Собрани дела на Св.Климент Охридски“ - Канал 5

Промовирана книгата „Собрани дела на Св.Климент Охридски“

Книгата „Собрани дела: слова, поуки и житија од Свети Климент Охридски“ е едно од најкапиталните дела во нашата севкупна македонска историја и не претставува просто само еден книжевен изблик на нејзиниот автор, туку таа е и култура, и историја, и јазик, и проповед, и теологија итн.

Промовирана книгата „Собрани дела на Св.Климент Охридски“
Ова вечерва го истакна поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан, еден од промоторите на делото, во рамки на Третата светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог „Слободата и достоинството - основни вредности во меѓучовечките, меѓурелигиските и меѓукултурните односи“, што се одржува во Скопје. Книгата е во издание на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.

Ова есенцијално дело, посочи г.г.Стефан, јасно го покажува континуитетот на нашето постоење и како засебен народ и како засебна култура, зашто, еве, токму сега, во навечерието на чествувањето на патронот на нашата света македонска Црква, ние можеме да кажеме дека успешно создаваме и живееме и историја и сегашност, одбележуваме дел од нашето македонско битисување.

- Тоа што беше средство за разбирање и комуникација, тоа што беше одлика и знак за посебност пред 11 века - старословенскиот јазик, еве, сега е претставено пред нас на современ македонски јазик. Нашиот јазик од минатото денес воскреснува во своето современо чедо. Од денес уште еднаш, во својата современа форма, силно прозвучуваат говорите од околината на Солун и ние, еве, преку заложбата на Македонската православна црква, имаме можност да го слушаме и читаме јазикот на нашите предци, рече поглаварот на МПЦ.

Посочи дека Свети Климент е најсилниот темел и нему му припаѓа најголемата заслуга за нашата егзистенција како народ и култура.

- Вистина е, тој ниту ни даде држава, ниту царство, ниту богатство, ниту моќ и првенство. Но, тој ни даде нешто многу повеќе - ни го предаде животворното евангелско Слово, нè научи на јазикот на спасението, ја заслужи за нас и ни ја даде духовната слобода, што значи најмногу. Како еден од најталентираните и најпреданите ученици на светите браќа Кирил и Методиј, по нивната смрт, тој го продолжи сесловенското дело на овие земји, во областа Кутмичевица, со центар во Охрид. Таму пастирствуваше како вистински епископ Христов - ја оформи позната Охридска книжевна школа, во која обучуваше свештенички кадар, односно идни пастири и учители на народот, служеше и проповедаше неуморно, упатувајќи го народот во Вистината, а воедно му помагаше и при овоземните потреби, истакна г.г.Стефан.

Неговите дела, главно омилии, похвали и поуки, што ги искажувал од амвоните на охридските цркви, собрани во книгата што денес ја промовираме, нагласи поглаварот на МПЦ, се исполнети само со зборовите што значат живот, што значат Царство небесно.

- Свети Климент е и проповедник и теолог пар екселанс. Неговиот збор е лесен, неговиот јазик е близок до публиката на која говори, а неговиот стил е и одмерен и динамичен - тој умее да навлезе силно во темата на денот, потоа да го смири текот на словото, но и да му даде повторно динамично финале - најчесто со акатистни форми. Но, неговата умешност да го задржи вниманието постојано будно, е ретка способност и е една од неговите најавтентични одлики. Овие негови дела се исполнети со духот на светите отци на Црквата, рече г.г. Стефан.

Појасни дека книгата содржи три дела - во првите два дела словата и поуките се распределени според автентичноста, и тоа: во првата група - потпишани и неоспорни слова и поуки, за кој нема сомнеж дека излегле од перото на свети Климент, и втората група - во која се поместени тие што со голема веројатност се негови, што е утврдено преку стилот или методот на споредба со веќе потврдените. Во третиот дел од книгата се вклучени животописите на свети Кирил и Методиј што Свети Климент ги составил по нивната смрт.

- Препорачувајќи ви ја оваа книга, ви оставам аманет таа да биде присутна во секој дом, да стане своевидна домашна македонска Библија. Нека ни е честит празникот на нашиот голем учител и молитвеник пред Божјиот престол-Свети Климент Охридски. Му благодарам и на протопрезвитерот ставрофор, д-р Јован Таковски, еден од најдобрите познавачи на старословенскиот и црковнословенскиот јазик на овие простори, за неуморливоста во помакедончувањето не само на оваа книга, туку и за сите преводи на богослужбени и црковни книги што досега ги направи и ќе ги прави на современ македонски јазик, додаде г.г. Стефан.

Проф.д-р Јован Таковски, промотор на книгата, рече дека станува збор за дело кое ги опфаќа досега откриените слова, проповеди, поуки на Свети Климент Охридски собрани по разни книжници и библиотеки најмногу во Русија и по целиот свет.

- Проповедите, словата на Свети Климент и житијата на Свети Кирил и Методиј кои исто така се дело на Свети Климент и се поместени во оваа едиција, се клучни за разбирањето за неговата личност. Преку поуките што ни ги дава ќе имаме голема полза не само ние свештениците туку и народот. За сите тоа може да биде еден вид патоказ и вероучение, додаде проф.д-р Таковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кој ќе биде следниот Џејмс Бонд- конкуренцијата е силна, се тркаат познати актери

Додека гласините за актер кој ќе биде избран за новиот Џејмс Бонд се загреваат, уште неколку ѕвезди од А-листата се вклучија во борбата: Роберт Патинсон и Николас Холт се меѓу оние кои се тестираа за улогата на новиот таен агент 007. 

Кој ќе биде следниот Џејмс Бонд- конкуренцијата е силна, се тркаат познати актери

И двајцата британски актери сигурно имаат актерско педигре за да го играат учтивиот шпион и да ја преземат улогата по 15-годишниот престој на Даниел Крег, објави Варајети.

Тие се исто така добро свесни што е потребно за да се работи во голема франшиза: Патинсон го игра Бетмен за DC Studios и веќе беше дел од франшизите „Самрак“ и „Хари Потер“; Холт, во меѓувреме, го игра Лекс Лутор во филмовите за Супермен на DC и глумеше во трилогијата за приквелот на X-Men од 2010 година. Тој потоа глуми во филмот „Како да ограбиш банка“ на „Амазон МГМ Студиос“, кој ќе се појави во кината на 13 ноември. Патинсон го има и режисерот Денис Вилнев на своја страна, бидејќи глуми во неговиот претстоен епски филм „Дина: Дел 3“.

Минатата година, „Амазон МГМ“ го потпиша Вилнев како следен режисер на франшизата, додека креаторот на „Пики Блајндерс“, Стивен Најт, беше ангажиран да го напише сценариото. Започнувањето на „Бонд 26“ е врвен приоритет за новите шефови на франшизата, продуцентите Ејми Паскал и Дејвид Хејман.

Оттогаш, британскиот и американскиот печат зујат за името на речиси секој британски актер во триесеттите години, а се шпекулира дека Калум Тарнер, Џош О'Конор и Џек Лоуден се меѓу фаворитите. „Варајати“ дознава дека Хари Стајлс е исто така во преговори за да ја игра улогата, а Тео Џејмс, 41, сè уште не е исклучен од трката.

Пирс Броснан, кој го играше Бонд во 1990-тите, неодамна јавно го поддржа Тарнер, додека Гари Олдман го поддржа Лоуден, неговиот колега од „Бавни коњи“. (Олдман исто така рече дека следниот Џејмс Бонд веќе е избран, но официјалното соопштение за изборот сè уште не е објавено.)

Амазон одби да коментира за гласините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Масакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост

По вчерашниот масакр во центарот на Краков, Полска, во кој беа убиени шест лица, а уште тројца беа пронајдени мртви во домот на напаѓачот, доаѓаат нови информации за повредените. 

Масакр во Краков: Деветмина загинати, три тела се пронајдени во куќата на напаѓачот, Полска прогласи дводневна жалост

Меѓу жртвите се и возачите на кочии кои секојдневно превезуваат туристи на главниот градски плоштад. Двајца од нив се борат за живот, а неколку други се тешко повредени, објави нивното здружение, објавува „Полски Онет“.

Во пукотницата се повредени 15 лица, меѓу кои и двајца полицајци. Регионалниот гувернер Кшиштоф Јан Клечар изјави дека 12 лица се тешко повредени. Меѓу жртвите има и странски државјани.

Осомничениот бил совладан и префрлен во болница во Краков, каде што бил опериран поради повреди опасни по живот.

Според полициските информации, тој користел полуавтоматска пушка слична на АР-15. Со себе имал и пиштол, а во автомобилот е пронајдено дополнително оружје и муниција.

Полското Министерство за одбрана ги отфрли шпекулациите дека напаѓачот бил активен или поранешен член на армијата.

Потврдени се тројца пронајдени мртви во домот на напаѓачот

Полиш Факт објави дека обвинителот Томаш Вашчук, портпарол на Канцеларијата на окружниот обвинител во Краков, потврдил дека тројцата пронајдени мртви во домот на напаѓачот се неговите родители и сестра.

Нивните тела се пронајдени во Островјец Свјетокржиски, каде што живеел 24-годишниот напаѓач, Михал О.

Поради стравувања дека можеби биле поставени експлозивни направи во зградата, полицијата прво употребила дрон за да ја провери зградата. Тие ги откриле телата на две жени и еден маж.

Околностите на нивната смрт сè уште се истражуваат.

Се истражува можен екстремистички мотив

Мотивот за масакрот сè уште е непознат. Министерот Киервински рече дека првичните наоди укажуваат дека напаѓачот имал „многу радикални ставови“. Исто така, постојат индикации дека бил фасциниран од крајно десничарските идеологии, но истражителите сè уште не утврдиле дали тие се поврзани со нападот.

Полицијата во моментов верува дека дејствувал сам и ги отфрли извештаите за можен соучесник.

Да ве потсетиме дека напаѓачот вчера влегол со автомобил на главниот плоштад во Краков малку по 15 часот и почнал да пука кон минувачите. Убиени се четири жени и двајца мажи. Меѓу загинатите е и еден британски државјанин.

Полскиот претседател Карол Навроцки прогласи дводневна национална жалост, која ќе трае денес и утре, додека жалоста во Краков ќе трае до среда.

Полициската истрага и собирањето докази продолжуваат, а истражителите ги повикуваат сведоците да се јават и да помогнат во расветлувањето на околностите на нападот.

Туск ги објави имињата на ранетите полицајци: „Тие се вистински херои“

Полскиот премиер Доналд Туск ги објави имињата на двајцата полицајци кои го запреа напаѓачот во Краков, каде што во пукањето беа убиени шест лица.

„Искусните полицајци Јакуб Кулик и Артур Морањски се вистински херои. Веројатно спасија животи на многу луѓе, без оглед на опасноста да ги изгубат своите. Нивната состојба е сериозна, но имаат многу добра медицинска нега. Цела Полска навива за вас“, рече Туск.

Еден од полицајците добил три прострелни рани и се бори за живот, додека другиот е исто така ранет.

Министерот за правда Валдемар Журек изјави дека полицајците го запреле напаѓачот со своите тела и спречиле уште поголема трагедија.

Полска официјално прогласи дводневна национална жалост

Полскиот претседател Карол Навроцки потпиша указ со кој прогласува национална жалост за масакрот во Краков.

Според соопштението за медиумите на портпаролот на претседателот Рафал Лешкевич, жалоста ќе трае на 8 и 9 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители

Во нашата редакција се обрати Скендер Мехмет од Кисела вода, кој во име на станарите тврди дека во два влеза од нивната зграда нема парно греење. 

Нема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители

Писмото ви го пренесуваме во целост:

„Ви се обраќаме како очајни, револтирани и крајно разочарани граѓани, кои повеќе од 24 часа се оставени без парно греење, без конкретно објаснување и без никаква информација кога проблемот ќе биде решен.

Од вчера, 07.11.2026 година, пред 09:00 часот, становите со броеви 17, 18, 19, 20 и 21 во влез 1 и истите станови во влез 2, на ул. Локов бр. 5 во Скопје, Кисела Вода, немаат парно греење.

Во зградата живеат мали деца, повозрасни и болни лица, семејства кои се принудени да престојуваат во студени станови. Дел од нас веќе се разболени, а ситуацијата станува сè понеподнослива.

ДАЛИ ВО 2026 ГОДИНА Е НОРМАЛНО СЕМЕЈСТВА ДА БИДАТ ОСТАВЕНИ БЕЗ ГРЕЕЊЕ СРЕДЕ ГРЕЈНА СЕЗОНА?!

Од вчера досега, станарите имаат направено повеќе од 20 телефонски пријави. На секоја пријава го добиваме истиот одговор:

„Ќе биде постапено во најбрз можен рок.“

Поминаа повеќе од 24 часа, а тој „најбрз можен рок“ очигледно нема крај!

Никој не ни кажува што е проблемот, дали воопшто некој работи на негово решавање и уште колку време треба да поминеме во студени домови.

Се чувствуваме целосно игнорирани и оставени сами на себе!

Токму затоа, во овој мејл ги вклучуваме и медиумите.

ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ВЕ МОЛИМЕ ЗА ПОМОШ!

Ве замолуваме да ја објавите нашата ситуација, да побарате одговори од надлежните и да ни помогнете нашиот глас конечно да биде слушнат.

Не бараме ништо повеќе од основни услови за нормален живот. Не бараме привилегии. Бараме греење во сопствените домови, услуга за која редовно плаќаме!

Жално е што сме доведени во ситуација да молиме медиуми за помош за нешто што треба да биде најнормална обврска на надлежните служби.

До надлежните: Колку пријави се потребни за конечно да реагирате? Колку часа треба да поминат? Дали треба нечија здравствена состојба сериозно да се влоши за да ја сфатите ситуацијата сериозно?

Бараме ИТНО воспоставување на греењето, јавно објаснување за прекинот и конкретен одговор кога проблемот ќе биде решен.

Апелираме до медиумите да не го игнорираат овој повик. Очајни сме, изморени од празни ветувања и немаме намера повеќе да молчиме!“

Загрижени станари од ул. Локов бр. 5, Скопје

Влез 1 и влез 2

Скендер Мехмет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер