Промовирана книгата „Изгубено детство" од Шела Алтарац – штипјанка која го преживеала Холокауст - Канал 5

Промовирана книгата „Изгубено детство" од Шела Алтарац – штипјанка која го преживеала Холокауст

Шела Алтарац е родена во Штип, од каде заедно со сите штипски, битолски и скопски Евреи била депортирани во „Моноплот" во Скопје.

Промовирана книгата „Изгубено детство" од Шела Алтарац – штипјанка која го преживеала Холокауст

По повод Меѓународниот ден за сеќавање на Холокаустот – 27 јануари, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците (ИДКНА), во соработка со невладината организација „Акта нон верба", денеска ги промовираше мемоарите на Шела Алтарац, насловени „Изгубено детство".

Шела Алтарац е родена во Штип, од каде заедно со сите штипски, битолски и скопски Евреи била депортирани во „Моноплот" во Скопје, но не завршила во нацистичкиот логор Треблинка заедно со останатите, туку успеала да побегне и да го преживее Холокаустот. Книгата „Изгубено детство" е објавена на четири јазици – македонски, албански, англиски и иврит (хебрејски).

„Изгубено детство" е збирка на искуства, напишани во форма на евокации. Во оваа книга со мемоари детално се опишани страдањата на Шела и нејзините искуства со локалните жители на Косово, кои ја засолниле. Во центарот на приказната на оваа книга се наоѓа Шела, родена како Рашела Сион, во1934 година во Штип, од татко Дејвид и макја Дудун. Таа топло го опишува животот од детството во традиционално и богато семејство. Шела, која била најмладата жена во куќата, била третирана како принцеза, добивајќи бескрајна љубов и топлина од сите членови на семејството.

– Но, оваа семејна топлина се распадна утрото на 11 март 1943 година, кога германски и бугарски војници ги посетија домовите на сите Евреи во градот Штип. Шела се сеќава на тешките стапки на чизмите на војниците, страшното тропање на нивната врата и стравот што ги зафатил сите за момент. Војниците викаа гласно, наредувајќи им да се облечат брзо, да земат што помалку работи, особено скапоцености и што побрзо да излезат на улица и да застанат во ред, сите штипски Евреи, кои се обележани со жолта ѕвезда. Сето ова беше спроведено како дел од операцијата која беше многу внимателно осмислена и испланирана, од причина што сите Евреи беа натоварени во вагоните со возови, во големата фабрика наречена „Монопол" во Скопје, која сега ќе служи како концентрационен логор за нив. Но, тука се случува и разделбата на семејството на Шела, бидејќи таа и нејзината сестра Бела успеваат да ги преминат жиците на логорот и да се сокријат некаде во близина, од каде што виделе како Евреите од логорот, вклучително и членовите на нивното семејство беа натоварени на товарни вагони, за потоа да бидат испратени во озлогласениот логор Треблинка, истакна директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Скендер Асани на денешната промоција.

Маката на двете сестри започнува од моментот кога тие ќе решат да го напуштат Скопје и да заминат во Приштина, каде што сестрата на Шела, Бела била во брак со жител на овој град, кој имал италијанско државјанство.

Во јануари 1944 година, сестрата на Шела, Бела, реши да го заврши својот живот пиејќи отров, со што ќе се стави крај на сите нејзини страдања. Шела, која ја видела смртта на нејзината сестра, останала и со дополнителна рана во срцето. Во 2006 година, Шела се вратила во Приштина, за да го бара и да го посети гробот на нејзината сестра. Оваа книга со спомени доловува долга низа драматични настани, почнувајќи од Штип и завршувајќи во Ерусалим, каде Шела и нејзиниот сопруг Брацо основале семејство од три деца и 10 внуци.

Асани рече дека приказната на Шела како напуштено дете, што доаѓа во оваа книга, која ги изгубила сите членови на своето семејство и останала сама за време на периодот од Втората светска војна, до нејзината емиграција во Израел, е жив тестамент на човечката меморија што нè прави свесни за последиците од трагичните настани во животот на луѓето.

Првиот вицепремиер Артан Груби на промоцијата потенцира дека ние кои доаѓаме од поранешна Југославија подобро знаеме што значи да се доживее таков период. Тој рече дека нивна задача како политичари е да градат вистинска демократија.

– Граѓанинот треба да биде над сите поделби и припадности. Секој поединец е свет и тој треба да ги има сите слободи и права. Настаните како што е овој денеска уште еднаш не потсетуваат дека хуманизмот е главното наследство што мора да и го оставиме на идните генерации. посакувам спокој во душата на секого и нека холокаустот не потсети на градењето на подобар свет, рече Груби.

Генералното собранието на Обединетите нации во 2005 година со резолуцијата 60/7 го прогласи 27 јануари за Меѓународен ден на сеќавање на жртвите од Холокаустот. За време на Холокаустот беа убиени над шест милиони Евреи, од кои 7144 од Македонија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на 18-тиот состанок на Управниот одбор на Регионалното училиште за јавна администрација (ReSPA) на министерско ниво, кој се одржа денеска во Белград, Република Србија.

 Минчев на министерски состанок на RESPA: Регионалното партнерство во функција на европските стандарди и подобри јавни услуги

На состанокот беше усвоен Буџетот на ReSPA за 2027–2028 година, како и годишниот финансиски план за 2027 година, со што се обезбедува континуитет на нејзината работа, програмите и активностите насочени кон унапредување на јавната администрација во земјите од Западен Балкан.

За Министерството за јавна администрација, ReSPA претставува значаен стратешки партнер во процесот на европска интеграција и спроведувањето на реформите во јавната администрација. Нејзината улога е особено важна преку реализацијата на специјализирани обуки, јакнењето на професионалните и раководните капацитети, експертската поддршка, регионалните проекти и размената на искуства и добри практики со земјите од регионот и Европската Унија.

Преку овие активности, ReSPA овозможува европските принципи и стандарди за добро управување да се преточат во конкретни знаења, вештини и подобрени институционални практики, што е особено значајно за унапредување на професионалноста и ефикасноста на администрацијата, модернизација на јавните услуги и градење институции кои се поодговорни, потранспарентни и поотворени кон граѓаните.

Регионалната димензија на ReSPA има дополнителна вредност бидејќи овозможува земјите од Западен Балкан заеднички да ги адресираат предизвиците во реформата на јавната администрација, да разменуваат искуства и да ги користат знаењата и експертизата на европските партнери. На тој начин, регионалната соработка станува важен механизам за побрзо приближување кон европските административни стандарди и зајакнување на подготвеноста на институциите за членство во Европската Унија.

На состанокот беа презентирани и главните постигнувања и активности на ReSPA во изминатиот период, вклучително и спроведувањето на нејзината програмска работа и соработката со партнерските организации.

Учеството на министерот Минчев ја потврдува заложбата на Министерството за јавна администрација за активно учество во регионалните иницијативи, продлабочување на соработката со ReSPA и целосно искористување на можностите што ги нуди ова партнерство за унапредување на националните реформски приоритети.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гвардиола одмора во Дубаи и гледа кошарка

Еден од најтрофејните тренери во светскиот фудбал, екс предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по напорните сезони на клупата на граѓаните е на заслужен одмор. 

Гвардиола одмора во Дубаи и гледа кошарка

Пеп во моментов одмора во Дубаи каде ја следи и кошаркарската Евролига.

Шест месеци по заминувањето од Манчестер Сити – со кој освои 20 трофеи – тој денеска беше забележан во Дубаи, на натпреварот од Евролигата меѓу домашниот клуб Дубаи и Анадолу Ефес.

Пред почетокот на натпреварот во „Кока-Кола Арена“, генералниот менаџер на клубот од Дубаи, Дејан Камењашевиќ, му врачи на Гвардиола клупски дрес на самиот терен со неоговото презиме и бројот четири – истиот број што прославениот тренер го носеше како фудбалер на Барселона во текот на 1990-тите години.

На овој меч Пеп се сретна и со свoјот пријател и сонародник од Каталонија, стратегот на домаќините Чави Пасквал, тренерот кој со Барселона ја освои Евролигата во 2010 година – токму во периодот кога фудбалскиот тим на Гвардиола доминираше во Европа.

Страста на Гвардиола кон врвната кошарка не е ништо ново. Ова е веќе негов втор натпревар во Евролигата во последниот месец, откако кон средината на октомври во Барселона го следеше дуелот Барселона и Олимпијакос, кој отиде во продолжение.

Тој, исто така, беше на трибините во „Палау Блауграна“ во 2022 година на натпреварот против АСВЕЛ, а во 2015 година, како тренер на Баерн, го гледаше натпреварот меѓу минхенскиот клуб и Химки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мексиканската претседателка му порача на Си дека сака поголема соработка со Кина

Мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум, во разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави дека Мексико сака да ја зајакне соработката со Кина. 

Мексиканската претседателка му порача на Си дека сака поголема соработка со Кина

Како области од посебен интерес таа ги издвои технологијата, земјоделството, управувањето со водните ресурси, здравството и туризмот, пренесува Ројтерс.

Средбата се одржа во Шенжен – центар за технологија и производство во јужна Кина – во пресрет на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).

Кинески предлози за соработка

Кинеските државни медиуми објавија дека Си Џинпинг повикал на искрени односи и продлабочување на меѓусебната политичка доверба. Тој нагласи дека двете земји треба да промовираат пријателска соработка и да го зајакнат стратешкото усогласување.

Си додаде дека соработката треба да се продлабочи и во областите на инфраструктурата, технологијата, чистата енергија, културата и туризмот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер