КултураПромовиран „Македонски дијалектен атлас“ – издание кое годинава ја доби државната наградаПромовиран „Македонски дијалектен атлас“ – издание кое годинава ја доби државната награда за наука. „Македонски дијалектен атлас (од ризницата на картотеката лексички материјали)“ - заедничко издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ (Одделение за дијалектологија) и Македонската академија на науките и уметностите (Истражувачки центар за ареална лингвистика „Божидар Видоески“ – ИЦАЛ), кое овој месец ја доби државната награда за наука за 2025 година - „Гоце Делчев", денеска беше претставено во МАНУ. Наградата на 4 мај ја добија Веселинка Лаброска, Марјан Марковиќ, Коста Пеев, Васил Дрвошанов, Еленка Стоевска-Денчова, Светлана Давкова-Горгиева, Гоце Цветановски, Македонка Додевска, Дарко Томовски, Давор Јанкуловски, Ангелина Панчевска, Соња Миленковска, Ѓорѓе Геновиќ, и постхумно: Аритон Поповски, Маријана Киш и Убавка Гајдова. Проф. д-р Веселинка Лаброска, дописен член на МАНУ и една од главните уредници на изданието, истакна дека се работи за капитално дело зашто е опис на дијалектите на целата македонска дијалектна територија. -Тоа значи не само во границите на нашата држава, туку и во Егејска и во Пиринска Македонија и во границите на Албанија каде што се зборува македонскиот јазик. Имаме обработено 351 пункт, што значи има материјал од толку села, за 35 глави, вкупно милион и петстотини илјади прашања или ливчиња што ги имаме во картотеката на Институтот за македонски јазик. Еден дел од нив се обработени и прикажани во овој атлас, значи 50 карти се обработени и прикажани со, барем, 200 видови на различни збороформи и обработени со етимологија. Тоа е заслуга не само на сегашните туку и на претходните соработници, некои од нив и починати, кои работеле на такви карти. Ние ги преработивме, но во чест на нивното ангажирање решивме да ги вклучиме како автори на атласот... Резултатите се видливи, покажавме нешто што се работело со децении, а ние имавме среќа тоа да го објавиме пред јавноста, изјави Лаброска. Академик Марковиќ, исто така главен уредник на изданието, истакна дека најважно во проектот е што првпат група од 16 научни работници од двете научни установи (Институтот и МАНУ) соработувале неколку години за, од нивните заеднички сили, како што рече, „да излезе ова капитално дело според реакциите на научната јавност“. -Тоа ќе овозможи соработката да се развива и во иднина. Нашата експертиза во ИЦАЛ повеќе се заснова на меѓународните лингвистички атласи, што им овозможи, особено на младите колеги, да се вложат и да го пренесат тоа знаење, посебно во техничката обработка, и врз работата на проектот „Македонски дијалектен атлас“ на Институтот за македонски јазик, рече Марковиќ. Претседателот на МАНУ Живко Попов истакна дека се промовира значајно издание кое е плод на заложбите на основачот на современата македонска дијалектологија Божидар Видоески кој и го почнал и раководел проектот за атласот и по кого денес е именуван Истражувачкиот центар за ареална лингвистика во МАНУ. -Во најголем дел од авторите на овој том на атласот, токму академик Видоески им беше ментор, прв и главен двигател во нивниот научен развој. Затоа, овој том на Македонскиот дијалектен атлас всушност претставува омаж кон акад, Божидар Видоески и кон сите македонски дијалектолози кои во својата научна кариера оставиле голем придонес во македонската дијалектологија, истакна Попов. Според директорката на Институтот за македонски јазик, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска, научниот свет добива „прегледен атлас на македонските говори, инициран уште во 1959 од акад. Божидар Видоески ... „грандиозно дело и траен етнографски документ за колективната меморија на Македонците и сведочи за традицијата, народните обичаи, сфаќањата, верувањата и вербата“. - Како што од далечната 1959 година па наваму беа академиците Божидар Видоески и Зузана Тополињска, авторите со децении одеа и собираа материјал на терен, пополнуваа прашалници, го внесуваа материјалот во картотеките, го уазбучуваа, го анализираа и го обработуваа. Овој атлас е потврда дека македонските дијалекти се живи и имаат и ќе имаат свој влог во македонистиката, а особено во македонската лексикологија и лексикографија преку лексичкото богатство, преку живиот процес на збогатување на Толковниот речник на македонскиот јазик со влогот на дел од широко распространетата и прифатена дијалектна лексика, рече Јованова-Грујовска. Објавувањето на ова дело во 2025 го финансирало Министерството за култура и туризам преку Институтот за македонски јазик, како носител на проектот, а Министерството за образование и наука, рече таа, од 1961 година до денес го финансира Одделението за дијалектологија и „Македонскиот дијалектен атлас“ како проект од национално значење. Изданието што беше денеска претставено е објавено и во дигитална форма на веб-порталот Дијалектни ресурси на македонскиот јазик и, покрај други публикации од дијалектологијата, е бесплатно за користење. Тагови: МАНУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветФБИ заплениле криптовалути, вредни 1,2 милијарди долари- биле украдени од платформата Бајненс Федералното истражно биро на САД (ФБИ) соопшти дека запленило повеќе од 1,2 милијарди долари во криптовалути, кои се пријавени како украдени минатиот месец од Binance, најголемата светска берза за криптовалути.Кражбата од околу 6,3 милијарди долари од Бајненс се смета за најголема кражба во историјата на криптовалутите, а ФБИ претходно ја обвини севернокорејската хакерска група позната како TraderTraitor за тоа. Владата на САД и приватниот сектор досега колективно замрзнаа повеќе од 2,7 милијарди долари украдени средства, а Министерството за правда на САД во четврток соопшти дека сега добило судско одобрение да заплени или блокира повеќе од 1,2 милијарди долари од таа сума. Во такви случаи, владата на САД обично поднесува барање до судија за запленување на средствата, по што судијата утврдува кој има легитимно право да ги поврати повратените средства. ФБИ, исто така, ја обвини Северна Кореја за посебна измама со шверц на луѓе, за која официјалните лица велат дека довела до кражба на 400 милиони долари во криптовалути во текот на изминатите 18 месеци. Измамата, позната како FaceStealer, вклучува сложена низа активности што вклучуваат преземање контрола врз популарните апликации за пораки и снимање deepfake видеа. Американските претставници постојано ја обвинуваат Северна Кореја дека користи сајбер измами за собирање средства за режимот, вклучително и за нејзината програма за нелегално оружје.Тагови: ФБИ Бајненс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМерцедес ги стопира вложувањата во Германија- можно е затворање на фабрики Mercedes-Benz ги суспендира сите понатамошни инвестиции во своите германски фабрики и ја разгледува можноста за затворање на фабрики.Одлуката е донесена по неколкумесечни преговори меѓу менаџментот и претставниците на работниците за намалување на трошоците, во кои досега нема напредок, пишува Handelsblatt. Тоа е нов знак за проблемите што ја оптоваруваат германската автомобилска индустрија. Високите трошоци за труд и производство им отежнуваат на производителите да се натпреваруваат со поевтините електрични и хибридни автомобили од Кина. Притисокот се чувствува и во Volkswagen, кој исто така спроведува големи намалувања на трошоците. Менаџментот го зголемува притисокот врз работниците Одлуката на Meрцедес беше објавена во интервју на интерниот портал на компанијата, до кој Handelsblatt имаше пристап. „Колективно одлучивме во менаџментот да ги запреме сите понатамошни инвестиции во германските фабрики“, рече членот на менаџментот задолжен за производство Михаел Шибе. Членот на одборот задолжен за човечки ресурси, Брита Зегер, рече дека, и покрај интензивните дискусии, решение сè уште не е на повидок. „Затоа, сега сме принудени конкретно и детално да разгледаме кои локации во Германија сè уште можеме да си ги дозволиме“, изјави таа. Тие бараат подолга работа за иста плата Во срцето на спорот се трошоците за работна сила. Менаџментот бара зголемување на продуктивноста, односно вработените да работат подолго за иста плата. Со запирање на инвестициите и отворање на можноста за затворање на фабриките, менаџментот врши дополнителен притисок врз работничкиот совет и синдикатот IG Metall да се согласат на промените. Според информациите од Handelsblatt, Mercedes сака да заштеди околу 800 милиони евра годишно во Германија. Менаџментот бара најмалку 38 работни часа неделно наместо сегашните 35, а исто така размислува за намалување или откажување на одредени дополнителни плаќања на вработените. Синдикатот се спротивставува на наметнувањето на 35-часовната работна недела. Затворањето на објектот во моментов е можност Конечната одлука за затворање на одредени фабрики сè уште не е донесена. Зегер рече дека компанијата сака да избегне таков исход, но дека сега мора подетално да ја разгледа оваа можност. Додека не се најде решение, понатамошните инвестиции во германски локации остануваат во мирување.Тагови: мерцедес фабрики Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
БалканПоплави во Словенија: Реки се излеаја од коритата, водата продре во куќите (ФОТО)Обилните дождови предизвикаа излевање на некои реки од своите корита во различни делови на Словенија, а се очекува поплавните води да почнат да се повлекуваат ноќеска.Според словенечката новинска агенција СТА, ситуацијата е најтешка во долината Випава, на југозападот од земјата, каде што се поплавени бројни локални патишта. Обилните дождови во долниот дел од долината Випава ги поплавија патиштата помеѓу Випава и Нова Горица. Поплавени куќи и згради Поплавени се и неколку згради во областа Ајдовшчина, вклучувајќи делови од пречистителна станица за отпадни води и три куќи. Некои патишта во областа се целосно затворени за сообраќај, додека други се многу тешко проодни. Реката Випава се излеа од целиот свој тек, првенствено во области кои претходно беа изложени на чести поплави. На други места во Словенија, реката Колпа се излеа од своите корита на некои места на југоистокот од земјата. Се очекува повлекување на водите Според Словенечката агенција за животна средина (ARSO), поплавните води по реките Випава и Колпа треба да почнат да се повлекуваат преку ноќ, додека се очекува врнежите од дожд да престанат вечерва. Нивото на реките продолжува да расте, особено на југот од земјата и на повеќето водотеци во централна Словенија, пред да се прогнозира дека ќе почнат да се повлекуваат во недела. Обилните дождови го зголемија и ризикот од лизгање на земјиштето, особено во западните и југоисточните делови на Словенија.Тагови: поплави словенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter